1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Oсаменост!

Дискусија во 'Сингл' започната од CVETENCE, 12 мај 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Ок.. ајде едно по едно..
    Имаш другарки, ама не ти е со нив убаво-гужвата не е друштво. Можеби другарките ти се 'досадни' на некој начин.
    Имаш дечко, ама не можеш да се исповедаш кај него, да си кажеш што те мачи. Тогаш, дечкото не ти е погоден... Извини вака.

    И последно, што најмногу ме замисли е: Зошто се срамиш од тоа што си имала претходни врски?
     
    На Someonespecial и Alishan30 им се допаѓа ова.
  2. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    118.735
    Пол:
    Женски
    Повели ќе ти помогнам.
    Ако несакаш овде пиши ми лична порака.најдобронамерно ова.
    Да не читаат другите.
    Нафрлани зборови се неможеме конкретно да го знаеме проблемот.
    Штом си пишала значи бараш совет.
    Пиши ми-ќе средиме

    Лајкови не ни знам ниту ме интересираат колку имам,јас ти и било кој овде
     
  3. AliciaSilver

    AliciaSilver Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    Познавам девојка која на 25 прв пат излезе со дечко..да тоа е претерано но ти си 19
     
    На A N A, Alishan30 и WildMk им се допаѓа ова.
  4. Evaa_19

    Evaa_19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2018
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    77
    Za 21 vek e sramota na 19 da nemas so nikoj izlezeno .....
     
  5. AliciaSilver

    AliciaSilver Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    И јас се чуствувам исто како тебе очајно 22 немам дечко и не знам што да правам
     
  6. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Од кај ги вадите бројките не ми е јасно само. Ај кажи која е границата за машки да одам да си ја ставам ортомата на врат. Добро бе дали сте свесни што пишувате? Девојка или дечко ќе имаш кога си спремен или спремна и ќе запознаеш личност со која се што ќе правиш ќе ти биде убаво. Затоа олабавете со статистика малку.
     
    На Macito007, smooch, sparklie и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Evaa_19

    Evaa_19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2018
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    77
    Kamo da mislat site kako tebe ama retki sa
     
    На AliciaSilver му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AliciaSilver

    AliciaSilver Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    И јас бев оптимист да ,мислев има време за се ќе дојде моментот кога ќе бидеш во врска и ете 22 год сеуште не сум имала врска ,а сакам.Едноставно неможам да привлечам некој и самата се чуствувам непривлечна ,непосебна,обична,досаден изглед. Сакам дечко да осетам љубов и јас сум човек сакам милувања, бакнежи,слатки проблеми,карања,љубоморни сцени зошто јас не можам да го имам тоа.Некои работи што вас ви се досадни јас ги барам да ги осетам
     
    На Me_Beatrix му/ѝ се допаѓа ова.
  9. $ophia

    $ophia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Мој совет е да започнеш од себе. Како што рече се чувствуваш непривлечна- работи на себе, најди спорт, хоби, промени го својот изглед, пробај да ја исфарбаш во друга боја косата, доколку си била брунета, пример, прави работи што те исполнуваат. Поминувај време со личности кои ги сакаш, почни да слушаш друг жанр на музика, смени го она што го гледаш во огледало доколку не ти се допаѓа, викаш дека си непосебна ама забораваш дека секој може да е свој, и всушност самиот уникат е уникат... Промени го она што ти мислиш дека не е во ред кај тебе. Јас знам дека можеш. Докажи сама на себе.:hug:
     
    На Someonespecial, A N A, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. bunny19

    bunny19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    171
    @Evaa_19 Те разбирам и еден период се чуствував исто како тебе, бев депресивна и цело време под стрес.Имав 21 година без дечко , невина ...додека моите другарки имаа дечковци уште на 15 16 години.. не знам едноставно се чуствував како нешто да не е во ред со мене.Додека ми пишуваа за на кафе, за на пијачка некако сите ги одбивав и имав ставено некоја блокада што не дозволував никој да ми се приближи. Не давав шанса на никој, некако не бев сигурна во себе, немав самодоверба.
    Едноставно мора да се опуштиш иди на кафе со некој, на пијачка било што ... Прво мора да се ослободиш, ослободи се од тој ѕид што го имаш ставено пред тебе и се ке си дојде со ред
     
    На Evaa_19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Глупости!!!

    Немојте да си правите вакви притисоци! :hug:

    Секој човек е различен, и воопшто не е 'срамота', да не си 'излегол' со никој.


    Никако! Никако ова да го мислиш за себе!
    Како бе не си привлечна, не си посебна?

    Нема ни еден друг човек на планетава, како тебе. Уникатна си! Размисли. Не тропам глупости, и не се обидувам да те утешам. Познаваш двајца исти луѓе? Не! Епа не си ни ти 'непосебна', 'досадна' со 'досаден изглед'.

    Многу ги преценувате другите. Немојте... не се подобри од вас... само се поинакви.

    Привлечноста доаѓа од внатре. И ова е вистина, не е фраза само. Некои луѓе едноставно те привлекуваат, иако навидум не се 'ништо посебно'.

    Е јас да ви кажам, не сум убава по ниту еден современ параметар :) Ама до сега, не сум имала проблем да најдам некој...

    Главата горе, и надвор во поход! Прво забавата! За своја душа! А дечко.. кога ќе треба да се појави тој што треба.... ќе се појави :hug:
     
    На afrodita94, lanaqueen, smooch и 4 други им се допаѓа ова.
  12. A N A

    A N A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    не треба да се брза за дечко тоа што е твое ке си дојде.......најважно е да се дружиш да имаш другарки и другари да запознаваш нови личности да небидиш затворена да стекнуваш нови пријателства затоа што не си мала за да бидеш сама но не си стара за да запознаеш некој и да започнеш врска Најважно од се и пред се е да се сакаш самата таква каква што си затоа што ако се нејкиш сама како сакаш некој друг да те сака ако сама за себе мислиш дека си непривлечна никогаш нема друг да мисли дека си. јас имам другарка која имаше премногу дечковци но на крај остана сама.....но имам и друга другарка која 35 год нема дечко затоа што мисли дека е непривлечна и смета дека машко треба прв да тргни да се запознае со неа и ете од некој такви правила остана сама не значи дека на секој што ке го видиш треба да му се нафрлаш едноставно запознавајсе со лугето имај пријатели можеби пријателството со некоја личност да прерасне во љѕбов но прво цени се сама не преценвање но не понижвање сите сме гости на овој свет поздрав
     
    На Alishan30 и WildMk им се допаѓа ова.
  13. A N A

    A N A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    па почни да бидиш таква а не само да сакаш речиси сама на себе од денес јас вртам нов лист во животот нова страница кренисе не премногу високо за да понижиш некого но не и толку ниско да трчаш по некој биди своја размисли со какви не проблеми се соочуваат лугето здрава си права си и да излегувај живеј си го животот нормално без трчање по некој нека трчаат тие по тебе и да ти се допаѓа некој не го покажувај тоа помисли на тоа колку мајки со деца останале сами колку семејства се растуриле секој има поминато во животот низ некоја тага секој од нас има размислувано како ти но животот е краток додека да се свртиш времето си поминало а зошто да ти помини во расеаност никој годините нема да ти ги врати животот е тркало ке дојде време и по тебе ке трчаат и на крај ке најдиш некој вистинскиот само за тебе и ке си речиш ех колку сум била будала во најубавите години сум се замарала за глупости а ако некој те остави значи не бил за тебе биди срекна што на време се оделил од тебе речиси дека заслужуваш многу подобар сигурно и некој друг се изгорел од тебе те бендисвал а ти не си го приметувала неможиш да знајш продолжи напред со позитивност се што е твое само ке си дојди извини ако кажав нешто погрешно тоа беше мој совет поздрав
     
    На Kacikakacika му/ѝ се допаѓа ова.
  14. A N A

    A N A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    19 години најубави години кога можиш да шеташ да се дружиш да шириш нови познанства наместо да имаш дечко проблеми да се мажиш и до 70 год и повеке да бидиш со обврски имаш време за дечко живеј шетај уживај назад годините не се вракаат а на твоите другарки раскажувај им како ти се допаѓа некој но сакаш уште некоја година две да поживееш рает кај беше шо беше ме лажиш таму сум ваму сум љубоморни сцени плачење следење смеење ма биди си рает ете си имаш другарки прошетај го светот забавувај се биди срекна не е се во тоа да имаш дечко ке дојди и тоа ке имаш дечко животот е пред тебе .......јас кога бев малечка мн сакав да пораснам да носам штикли да се шминкам да излегвам и ете тоа бидна сега сакам да се вратам во детството да бидам пак дете ама тоа неможи се надевам ме рабра што сакам да ти кажам :) поздрав
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.532
    Пол:
    Женски
    За сите што пишаа тука општо...
    Чувствата на празнина и монотонија ви се сосема валидни и разбирливи, посебно ако ги имате луѓето до себе (дечко/друштво), а сепак се чувствувате осамено.
    Меѓутоа, околу ова со годините мора да расчистите со непотребниот срам и предрасуди кон самите себеси. 21 век не значи дека е кул, прифатливо и правило за сите да имаш т.н. мувања, врски, па и секс уште од 15-16. 21 век значи дека подеднакво не е срамота ни да си имала повеќе партнери до 20, ниту да си немала сериозна врска и да си невина до околу 25. Тоа не ве дефинира и не ве прави помалку вредни, убави, интересни...
    Немате од што да се срамите, ниту пак да брзате. Работете на себеси првенствено и на својата самодоверба. Подобро да сте сами отколку со било каков партнер ради реда :hug:
     
    На Joi, smooch, honey.11 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Многу сум тажна. Предолго сум сама и имам потреба со некого да го споделам теретот од секојдневието.
    Не барам тој некој да ми решава проблеми и да ми биде спасител. Тоа го можам и сама, сама учам, сама ги регулирам односите со фамилија и другарки и во тоа сум многу добра ама во љубовта...
    Бев повредена и разочарана но помина долго време и јас оздравев и заборавив но сега веќе немам никакви чувства и желби и визии. Порано кога ќе раскинев со дечко, си плачев и си се надевав дека ќе најдам среќа со друг но сега веќе немам таква надеж. Ми се чини дека веќе никогаш нема да имам љубов а сум во фаза кога конечно посакувам здрава и сериозна љубов, "возрасна" љубов. Сега веќе сакам да водам љубов а не да имам секс, сакам да уживам дома со некоја личност а не да се пијанчам по дискотеки, сакам да ме гушка и да си планираме за иднината. Не дека сум печена за мажење, не ме сфаќајте погрешно имам многу амбиции но љубовта е таа што не води низ животот а кај мене тоа фали. Не знам како да си помогнам себе си а немам храброст да проговорам за ова со другарки..
     
    На coki35, Kacikakacika и Darko009 им се допаѓа ова.
  17. Darko009

    Darko009 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    57
    ај оди ЛП
     
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    18.508
    Пол:
    Машки
    Кратко и јасно, се изморив, нема веќе што да барам повеќе..
     
  19. Darko009

    Darko009 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    57
    ne e tolku lesno drugar,glava gore i macise za podobro utre!!
     
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    18.508
    Пол:
    Машки
    Не сум заинтересиран за "лесни" девојки", едноставно сакав сериозна врска и после да оформам семејство и деца. Тоа ми даваше мотив плус...



    Сето тоа скапо го плаќам, втор пат.
     
    Последна измена: 8 септември 2018