1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Oсаменост!

Дискусија во 'Сингл' започната од CVETENCE, 12 мај 2010.

  1. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Не се откажувај, постојат добри девојки , но не очекувај совршенство. Мудро бирај, не се впуштај на брзина во врска. Не оди на места каде одат несериозни луѓе и друштва, барај нови познаници на прави места. Задржи се на пријателство колку што можеш подолго за подобро да ја запознаеш личноста, па потоа одлучи дали е за нешто повеќе.
     
    На H.VAGA, carangigia и Herrera им се допаѓа ова.
  2. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Гледам тука девојки млади кукаат на 19 на 22 години немале дечковци и како тоа било срамота...А јас што да кажам што имам 38 години,а уште не сум ни имал прва љубов? ни симпатија,ни платонска,не сум држел девојка ни за рака,а камоли да бацам некоја...Замислете како е да носиш во себе толку години товар почнувајќи од пубертет кога почнуваш да мислиш на женски,да го потиснуваш во себе,да се измачуваш само зошто си срамежлив и немаш самодоверба,имаш комплекс на нижа вредност...Во себе имам толку наталожена неискористена енергија што мислам цел свет би го прекопал,вријам како вулкан од емоции и желба за блискост со девојка,а немам со кого да го споделам тоа чувство,да си имам девојка...само сакам да почувствувам како е да се држиш за рака со девојка,да ја импресионирам вербално,да и давам комплименти,да и пишувам поезија,едноставно сакам да и легнам онака безгрижно на рамо и да си ги допреме обравчињата и да замижам од задоволство..мене многу поважно ми е бакнувањето отколку да имам секс иако и тој е многу важен за една врска ама моментално сакам нежност која се добива од бакнежи,од прегратки,го немам тоа почувствувано...не сакам да се женам иако имам 38 години зошто ништо во животот немам искусено и не знам што ќе ми донесе животот...немам пријатели и цел живот живеам во затвор кој самиот сум си го изградил...немам ни некој кој би можел да ме запознае со некого макар за друштво,за излегување,да си правиме муабет,и тоа ми фали...да чујам и други размислувања па и тие да ми го обликуваат животот,а не само оние на родителите...живеам во скопје а скоро ништо не знам каде се наоѓа во скопје,како да сум турист,сум бил само во две дискотеки досега во животов и тоа пред едно десетина години и два три кафиќа и тоа последниве години..допрва треба да ги откривам работите...мразот го кршам со брзина на желка...а ми треба само љубов од девојка да ме охрабри,само тоа ми треба да бидам среќен...за ништо друго не ми е гајле нити се грижам да гледам што се случува по туѓите дворови...Нити ми треба моќ ни слава ни пари...Само да почувствувам нешто женско и да си излегуваме заедно,да се сакаме...
     
    На mira.mira и WildMk им се допаѓа ова.
  3. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.832
    Па ти си на вистинското место. Има само мал проблем, не знаат баш да се дружат овие тука на форумот, инаку имаш шанси да запознаеш некоја.

    Ако те одбиваат тука, дојди кај мене на гости да поседиш, мора да најдеме нешто во Берлинов - не се секирај, не ти се пуштам , не верувам јас во љубов, ама тебе штом ти треба , мора малку поттик од страна :)
     
    На marlonbrando69, RESANKA, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Ако живееш во Берлин не можам таму да доаѓам...Евентуално ти ако доаѓаш во Скопје па да ме запознаеш со некоја твоја познаничка...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Сајтови за запознавање?
    На работа со колеги/колешки се дружиш?
    Преку фб ако имаш и така поголем дел за тоа го користат.

    Има и тука слободни девојки, ама такви момци како тебе не заслужуваат. Вакви момци како тебе ги гледаат како пријател и со жал. Малце поцврст карактер и глеј да најдеш некоја за разонода. Љубовта сама по себе ќе дојде.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Ама како да ти кажам,пошто никогаш не сум имал девојка јас сакал не сакал ќе ја сакам,такво ми е чувството,не сум го искусил досега,така што разонода или не јас не можам а да не ја засакам...А сум се регистрирал по еден куп сајтови за запознавање од регионов наш и кај нас и ама една нема одговорено.Не знам што не е во ред со мене...Не сум грд..Симпатичен сум,малце повеќе со килажа ама крупен сум и висок...
     
    На Mr. Right и WildMk им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Ја би да те дружам, ама ми е страв да не ми се заљубиш...

    @Mr. Right ? @Herrera ? Што мислите? :)
     
    На mira.mira и Herrera им се допаѓа ова.
  8. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Тогаш само да се дружиме,да правиме муабет на различни теми...Видов дека си разнострана со размислувањата и паметно зборуваш на многу теми од тие твои коментари што сум ти ги прочитал...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Во искушние сум... :)
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Нема потреба за никакво искушение зошто јас никогаш не би расипал некому брак,едноставно не би направил некому нешто што и мене не сакам да ми го направат...Само дружба...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    може ли да ми дефинираш како изгледаат лесните девојки и кои се всушност тие таквите ? На мама и тато...од провинција....кои се ?
     
    На Herrera и WildMk им се допаѓа ова.
  12. RESANKA

    RESANKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2018
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Toj se izmoril od baranje a ti go prasuvas koi se tie ''lesnite'':)
    Tie se kiseloto grozje od prikaznata-basna Lisicata i grozjeto,. Lisicata koga ne mozela da go dofati grozjeto se utesila kiselo e i se otkazala...
     
    На Joi, honey.11 и Herrera им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Се лажеш, токму тоа ти треба за да дојдеш до целта. Пари барем.
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    18.508
    Пол:
    Машки

    Единствено избрзав со втората врска. Но, последнава врска најпрвин бевме пријатели, едно 4 години и се супер беше комунициравме, за да после прва го повлече чекорот и да каже дека сака нешто повеќе.

    Се супер бев среќен, затоа што многу повеќе сакам најпрвин да ми се допадне карактерно да си одговараме и договараме на некој начин за да биди убаво и за неа и за мене. Најважно ми е тоа.
     
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    18.508
    Пол:
    Машки

    Ќе отворам ептен длабока тема, а немам ни намера да се натегам на форум ниту да навредам некого. Јас сум за сериозна врска која е засновам на емоции односно почит, разбирање и комуникација, потоа љубов односно нежност, милување и секс.

    Само секс (избрзан) не ме интересира.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Сјдго,јас не купувам ни дружба ни љубов со пари.Ако тоа се твои вредности не сме на иста бранова должина.
     
    На RESANKA, Joi, Leat и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Веќе навреди.
     
    На RoseRain, Stark и honey.11 им се допаѓа ова.
  18. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.832

    Пробај, дружете се, ама 95 % сум сигурна дека ќе се заљуби во тебе човекот.

    Јас да бев маж, 100 % ќе те посакував иако знам дека не си моја. Ептен си опуштена, не се срамиш да пишуваш на табу теми, знаеш што сакаш, си кажуваш уште на почеток, ма супер карактер имаш.

    Може, во најмала рака да го охрабриш, па сам да се потруди да освои некоја.


    Сега за сега не доаѓам во Мк, немам слободни денови, мора да се работи. После нова година Јануари 2019 може да дојдам на недела дена за Божиќ.

    Ако сакаш може на Скајп да се дружиме, но мислам дека тебе ти треба дружење во живо, ова виртуелното нема баш ефект.
     
    На WildMk и Mr. Right им се допаѓа ова.
  19. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Да,во право си Херрера,неколку години како пишувам на различни профили на жени по социјалниве мрежи кај нас и во земјиве од бивша Југославија и ниедна не се согласила да има средба во живо или да одговори.Што се однесува до чатувањето на еден сајт кајшто одат сите од бивша Југославија,многу корисници има и не е социјална мрежа,нема податоци за корисниците,немапојаснувања што бараат,огласи,такви работи.Таму после комуникација со девојки,ми имаат испраќано еден куп понуди за секс од секакви возрасти,а ниедна за врска да си имаме,ме викале во Србија,во Хрватска,ми оставале броеви,ми праќале провокативни слики ама сите сум ги одбил.Нормално дека тоа ми ласка и би требало да ми ја зголеми самодовербата да сум похрабар,показател ми е дека им се допаѓа на жените тоа што го зборувам ама не,тоа само во виртуелниов свет.Мене чувството ми е такво да посакува да се гледам со девојка,да минуваме време заедно,а не само да се иссексам за една ноќ.Од една страна тоа ми е искушение,а од друга си викам зар сакам искрените чувства и првата љубов да ја фрлам во рацете на некој кој ме гледа само како сексуален предмет.И не знам што да правам,а веќе е неподносливо да сум сам и навистина не знам што да правам,ми доаѓа да прифатам било што и да се впуштам по течението..И да,ми треба дружење во живо,убаво викаш ти пошто ова виртуелното досега немаше никаков ефект.
     
    На Herrera и WildMk им се допаѓа ова.
  20. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.832

    Пријателе, арен си ти.

    Кај мене проблемот е што поради работава , се палат мажи и слободни момци, точно е дека сум авион згодна , па во униформа изгледам ептен професионално, смисла за хумор и сакам да се зезам на моја сметка тоа да, али страшно мразам лигави и арогантни суштества.

    Јас и да сакам да се дружам со машкиот пол , одма се заљубуваат , кога ги прашав на што паѓаат ми имаат одговорено, искреноста, насмевката и задникот ги пали кај мене.

    Проблемот е што јас не верувам во љубов , а ако влезам во врска ради реда не можам да му глумам на никој ништо , плус ако ме читаш, секс ми се присакува на секои 5-6 месеци, значи ич не сум по сексот, а вие мажите имате потреба од тоа.

    Затоа, за да сум мирна глава , си ја гледам работата само и онака денско кафе со колешка од работа и комуникација со блиските другарки.

    Мораш ти сам да се одлучиш и да и дадеш шанса на некоја што ти влегла во око, пробај некако, па ќе видиш дали вреди или не.
     
    На mira.mira, WildMk и honey.11 им се допаѓа ова.