1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Oсаменост!

Дискусија во 'Сингл' започната од CVETENCE, 12 мај 2010.

  1. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Па постојат и други начини на самозадоволување без да мораш да пенетрираш во женскиот репродуктивен орган или орално задоволување,а ако некому му значиш и вистински те сака и битно му е тоа што и тебе ти е битно би можел да жртвува 5-6 месеци до првиот полов контакт.Со тоа останува можноста да го зголемиш бројот на сексуални односи ако чувствуваш душевна поврзаност со партнерот,не мора да значи дека на секои 5-6 месеци до крајот на животот ќе имаш само еден полов однос...Ќе видиш каква хемија има меѓу вас и дали те почитува заради она што си,а не заради авион изгледот...А што се однесува до мене,јас не можам да го направам првиот чекор,се плашам од неуспех,од одбивање,од реакцијата нејзина,да не погрешам нешто,дали ќе ја задоволам итн.Со ова не сакам да кажам дека јас се сметам некој центар на вселената па ќе ме погоди тоа ако некој ме одбие туку се плашам од непријатното чувство што би ме обзело ако бидам одбиен и тоа го сфаќам премногу трагично,имам многу бујна фантазија...А тоа е всушност деструктивна фантазија,кога си ги разградуваш настаните до најситни подробности и кога мислиш дека се ќе се одвива по песимистичкото сценарио кое ти си го замислил,а всушност тоа воопшто не мора да биде така..И знаејќи го ова како пречка,пак немам самодоверба прв да пријдам.Како да сум направил нешто многу страшно во претходниот живот и сега плаќам за гревовите со ова веќе 38 годишно измачување.Не сум суеверен,само коментирам колку за разнообразие на мисли.
     
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    18.491
    Пол:
    Машки
    ај ај, ти не би се навредила, не посебно од некој член на форум.
     
  3. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.832
    @Pacifist , тогаш ти препорачувам да почнеш да се дружиш со @WildMk

    Жената е бааги паметна , има муабет во неа, слободно можеш за било која тема да разговараш, плус блиску сте таму во Мк, можи ќе се пружи прилика да те запознае со некоја нејзина познаничка.


    Па тоа и ти викам дека е проблемот кога јас сакам да бидам пријателка со машко.

    За да не испадне дека не знам какви мажи сакам, еве ќе ти кажам : паметни, мора да има ум во него, да не треба по 100 пати да му повторувам и објаснувам , да има осет барем малку, пример се возиме во кола со отворен прозор, па да му текне сам да праша дали ми е студено да затвори прозор, такви некои детали.

    Комплицирана сум, но она што ми е привлечно е само неговиот УМ, па колку сака нека биде личен, скоцкан и лепотан.....изглед не пали кај мене. - таков беше и бившиот мој , но за жал ми го превзема една женска која ми се правеше пријателка и секако јас вака далеко не можев да го контролирам и се откажав.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    На темава луд јебе збуњеног :D

    Едни со други си се лажат. И така :)
     
    На baba Rada, honey.11, RESANKA и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.832

    Ц ц ц ц , ајде малку озбилност мали ;) Нели гледаш дека има осамени на форумов ? Ако ти дошло до заебанции оди во делот за вицотека
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    Ne ja davam Wild:) neka bara druga
     
    На WildMk, zhap4e и Herrera им се допаѓа ова.
  7. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Понекогаш и твоето фалење треба да има граница и реална основа.
     
  8. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    А и ти многу се**ш по темите и им скокаш на некои членови по ганглии па никому ништо. Ако лаже девојката сама се лаже. Тебе што те боли црното под ноктите за неа?
     
    На WildMk и Herrera им се допаѓа ова.
  9. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.832
    Што ти боди во очи моето фалење ?

    Зошто му даваш важност на моето мислење? Зар толку те погоди ? Зар ти е битно што ќе напишам јас на форумот па одма реагираш ?

    Дај кулирај малку , со човекот си правиме смирен муабет, а ти сакаш да ја нарушиш хармонијата.

    Оставете ја барем оваа тема да диши малку без правење паметњаковци и исмејување .
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.832

    Леле душа мила :$

    Не ме брани друже,не сакам по грешка тебе да те банираат.
     
    На WildMk и RAF Camora им се допаѓа ова.
  11. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Херрера,не сакам да и се наметнувам на Wild повеќе.Еднаш реков дека би ми било мило да се дружиме и да разговараме на различни теми поради нејзиниот дијапазон на познавања и информираност кој на неколку теми го приметив и мислам дека е доволно.А во врска со можноста да ме запознае со некоја нејзина познаничка само ќе речам народски чул те Господ.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Тоа и сакам да ме банираат. Јас ги молев да ме банираат не сакаа. Изгледа повеќе треба да се трудам за да ми лупнат бан. Инаку дечково подолго време ми иде на к***ц. Барем да расчистам со него пред да кркам бан.

    Он топик. Секој различно се справува со осаменоста. На пример дечково се напнува многу и само реплицира на се и сешто.
     
    На WildMk и Herrera им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не му ја мисли ти за моите вредности и не се споредувај со мене. :D Овде не е важно на која бранова должина сум јас. Ниту барам совети на форумот, ниту имам повод да се жалам од нешто, мене ми е таман.
    Постојат полно ликови на твоја возраст кои се сингл одшто така им е убаво и така избрале. Ама твоето не е избор, туку ти сакаш да почувствуваш „нешто женско покрај себе“, а желбата никогаш не ти се остварила. Да, луѓето и без слава/пари/моќ имаат љубов, но како што гледаш, ти не си меѓу нив. Што значи дека твојот светоглед не кореспондира со ничија реалност и треба да си го преиспитуваш.
     
    На Scooby Doo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Да се споредувам со тебе немам намера зошто човек не треба да се споредува со друг колку е подобар во нешто од него туку да се надмине самиот себеси.Јас не се жалам туку си го отворив срцето зошто на форумов видов прекрасни девојки кои можеби виделе нешто од моите црти и особини што е одамна реткост и заборавено,а е толку неопходно за да цутиме,да го залеваме животот со љубовни изливи на обострана согласност нормално.Така што ти направи нешто по тоа прашање.Никогаш нема ни да побараш совет нити ќе се жалиш зошто си се претворила во робот без чувства и преценетост,а тоа е резултат на твоите извитоперени мерила за вредност штом ми спомнуваш дека со пари ќе сум добиел љубов.Можеби си била премногу повредувана во животот па затоа пет пари не даваш за ништо,а среброљубието ти е репер за се што вреди во животот,не сакам да навлегувам во тоа.Не е важно на која бранова должина си ти туку е важно девојките кои негуваат исти погледи како тебе да не ми солат памет зошто сме на различно еволутивно рамниште.За мене пара не е средство да добијам се што ќе посакам во животот иако имам пари,а за тебе жалосно тоа е токму тоа.Јас сакам да спијам мирно преку ноќ без грижа на совест дали сум купил човечки чувства со помош на парите и не сум трговец со чувства.Мене не ме интересира какви правила на игра диктира општеството за да се вклопам во стадото и слепо да го следам,мене ме интересира што е тоа што ќе ми овозможи да се чувствувам исполнето без да си го погазам она што ми го налага срцето.Не знам што сакаше да кажеш со истакнувањето во наводници на мојата реченица нешто женско покрај мене,немам намера да читам меѓу редови за да докажувам интелектуална досетливост пошто немам што да докажувам.И размисли подобро кој треба да си го преиспита светогледот ако се што правиш во животот е демонстрација на увежбани актерски способности за да се вклопиш во колективното сивило,а сигурно како помала си размислувала поинаку.Нешто ти оставило лузни на душата и си загубила верба во нормалните човечки вредности.А ако си таква воспитана независно дали од родители или од улицата сепак тоа е твој избор и сама треба да се носиш со него и последиците од таквиот избор.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки

    Другар мора да знаеш дека на овој форум ако бидеш искрен и раскажеш за себе и за своите тешки моменти ќе ти речат дека глумиш жртва и ќе те напаѓаат. Секогаш ќе има некој кој ќе те напаѓа и ќе ти реплицира често и без некоја посебна причина. Ако ти олеснува на тебе слободно да си пишуваш за се што те мачи и те уништува одвнатре. Ретко кој го почитува и цени тоа кога некој ќе биде искрен и отворен. Ова ти го кажувам добронамерно и од срце.
     
    На eliesaab, WildMk, RESANKA и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.832
    Секоја чест на искреноста :clap: . Баш фер од твоја страна што му реплицираше без да му се потсмеваш (y)

    @Pacifist, пријателе , сам си знаеш што бараш, на тебе останува да започниш разговори со тие девојки кои ти се допаднале на некој начин , па макар се да биде тоа на пријателска база со надеж да премине во нешто повеќе.
     
    На WildMk, RESANKA и RAF Camora им се допаѓа ова.
  17. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Мислам дека никој не треба да му се потсмева. Затоа што доволно е тоа што е искрен и што решил да го сподели тоа со другите, иако може бил свесен дека некои ќе се обидат да го повредат уште повеќе и покрај тоа што гледаат дека е ранлив .
     
    На WildMk, RESANKA и Herrera им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Со какви последици би се соочила јас во иднина... хмм, на пример - осаменост, тема по која ти се огласи и си ја откри маката (по не знам кој пат на форумот)? :) Види вака, полн си со предрасуди, осудуваш и не разбираш што ти се кажува, и мнозинството или да се изразам со твои зборови, „стадото“ има потешкотија да го преџвака фактот. Љубовта не се купува со пари, но парите особено во денешно време (кое и се состои во трка по пари впрочем), во туѓите очи (честопати и женските) се мерило колку е човек способен и вреден, ти се допаѓало тоа тебе или не. Понекогаш критериумот не е валиден, но постои. И што очекуваш да претпостави некој кога откриваш дека живееш во Скопје, а познати ти се локациите на само два кафичи во град? Сигурно не дека си добро ситуиран. Ако парите не ти играат улога тебе за разлика од среброљубците, тогаш зошто се навреди и мораше да реагираш на нивното спомнување? Зошто почна да се правдаш дека имаш пари? Никој не те омаловажи за да навалиш со лични напади и останати небулози, јас сакав (малку и на шала) да придонесам да проникнеш во коренот на твојот проблем, а ти види како неблагодарно се однесуваш. Затоа што си од оние претерано осетливи на кои утеха во животот им останува колку се тие добри луѓе по своја сопствена проценка, и како останатите немале чувства (презастапен сој сте на форумот, можеби сте стапиле и во контакт досега) :) мислам... нема потреба да се чувствувате привилегирано, постои ли човек без чувства?
    Терајте по старо ако сте убедени дека така треба, успехот нека не ви биде важен, килажата нека не ви биде важна... на вас останува да видите самите до каде ќе стигнете со животите.
     
  19. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Ништо суштинско не гледам во твоиве зборови за да се почувствувам погоден па да ти одговорами затоа од мене ќе го прочиташ уште ова.Немам проблем со егото за разлика од тебе,ако изгледа нешто дека ме погодило од твоја гледна точка тоа е нормално да реагирам на неправедни коментари во моја адреса иако одамна знам што е манипулација и како еден човек манипулира друг за да оствари пирова вербална победа за да се себепотврди.Во овој случај твоите зборови дека пишувам небулози и дека напаѓам,дека треба тебе да ти бидам благодарен како наводно си ми го доловила коренот на мојот проблем се изјави кои имаат за цел да ме шокираат и да ме испровоцираат па да се повлечам или да ме збуниш.Тоа е една од основните карактеристики на манипулирањето која гледам вешто си ја совладала ама ја користиш врз погрешен човек,искрен и човечен.Не ме засмевај те молам.И престани со такви поделби на мои и твои.Јас не ги делам луѓето на никаков начин.Доволно е целово општесто затруено со поделби по секаква основа.Ова е место каде треба да дојде до израз женскиот ум и да вдахне креативност во форумскиов простор кој е главна карактеристика на жените,скромно следен од гостите мажи со својата главна карактеристика,разумот.А заедно прават една хармонична целина без која не се може.Тука луѓето треба да учат едни од други и да се взаемосоветуваат и дружат,а не да гледаат како да оцрнат некого само зошто се пронашле во тие размислувања кои не им се допаѓаат.Па стисни заби,па дај аргументи зошто ја поддржуваш твојата гледна точка ама притоа не мораш со суетност и негодување да ја искажуваш вистинитоста на твоите тврдења.А јас за нешто што го сметам за порок и што многу светски писатели го окарактеризирале како таков,среброљубието имам полно право да го критикувам.Некому ќе му се допадне,некому нема.Затоа и луѓето си бараат соговорници исти или слични на себе.Повеќе нема да ти одговорам на ништо ако се решиш повторно да напишеш и ако те погоди нешто зошто не гледам смисла во ништо што пишуваш.Равенката е следнава: човечност наспротив среброљубие и со тоа се е кажано.
     
    На lanaqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Парите се решение за многу проблеми, ама не се за сѐ. Ако било само до парите, немало 38 години да биде сингл. И самиот си пиша дека има други проблеми.
    Луѓе во врска има во сите социјални категории, ако причината за осаменост беше недостатокот на пари, само богаташите ќе беа во врска.
     
    На DAngel, WildMk, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.