Прво велиш дека не давам пет пари, после дека сум била погодена од зборови на форумски анонимец. Договори се и не ме терај да го трошам времето. Престани да лажеш дека не ги делиш луѓето. Рече дека си надвор од „стадото“, а некои биле во него. Првата реплика кон мене ти беше заснована врз поделба „тие како мене“ и „тие како тебе“. Веќе во следната продолжи со девојки „вакви“ и девојки „онакви“. Разговараш само со „исти“ и „слични“. Добредојдени биле подготвените да те тешат, но критички настроените не смее да се искажат, оти според догмата во твојата глава, се наоѓаш на еволутивно повисоко рамниште од оние со поинакво мислење од твоето Оф мори мајко. Па ти манифестираш извесна форма на расизам овде. Инаку, благодарам на признанието, но не се ни трудам. Забележав дека ти се обидуваш да манипулираш, ама слабо ти оди. Да си толку добар колку што сакаш да се претставиш пред феминките, нема да осудуваш, туку на фин начин ќе им посочуваш на луѓето каде сметаш дека грешат. Колку што има автори кои го пишуваат тоа што тебе ти одговара, има и автори кои го мислат спротивното. И јас да живеев пред 200 години и да земев да пишувам книга, немаше да промовирам... среброљубие. Не оти сега го поттикнувам, ама во ред, повторно не сфаќаш за што зборувам. Небаре Бог, па ќе одредува линија кој е добар и вреди, а кој не. Многу леташ, се занесуваш, се преценуваш... Препотентност нетипична за срамежлив дечко кој 25 години не може да дојде до тоа што го сака. Сфаќам дека ако не си трол, си ранлив и слаб и не треба со тебе да се разговара остро и искрено, ама кога се вклучуваш на форум барајќи туѓо мислење, треба да очекуваш коментари кои не ти се допаѓаат и да ги игнорираш ако не умееш да одговориш без лични напади. А не да вмешуваш вредносни системи, морал, родители. Ова дека сакаш да бидеш многу човечен. Го напишав следново:
Продолжуваш со манипулирањата,а тоа што велиш дека не се ни трудиш а ми заблагодаруваш на признанието дека сум ти рекол дека си вешт манипулатор покажува колку арогантна,препотентна си,чувствувам дека дури и внатрешно растеш како диго квасец од гордост и се гледа дека не ти се сите кози на број зошто од спокоен тон на комуницирање во првите пораки почна да блуеш отров од наредните,не знаеш кај да фатиш.Ниедна моја постапка во животов или разговор со луѓе од разни социјални слоеви не покажала дека сум расист туку дека ги третирам сите подеднакво,им помагам парично колку што ми дозволува платата и немаш човек што ќе го потврди тоа дека сум расист.И кога обвинуваш со тешки зборови за нешто како расизам не обвинувај од името на сите жени или цела една група за да манипулираш и да шириш негативна енергија.На сајтов пишуваше во правилата да не се трудиме да доминираме во преписките и агресивно да го застапуваме своето тврдење така што не сакам да станам жртва на твоето насилно вреѓање и доволно беше на оваа тема.За крај има една мисла која вели:не спорете со идиоти зошто ќе ве однесат на нивна територија и таму ќе ве победат со своето искуство.Ти посакувам пријатна вечер.
И да си изгорел, ништо не менува тоа, нејќам ја крупни. Си ги препрочитувам мислењата и смешно ми е што воопшто ти реплицирав, ама ајде, досада убија. Доста ми одговараш. Срамота е на 38 години да земаш при срце се што ќе прочиташ.
Па ако ти значи тоа твојот збор да е последен,радувај се,мило ми е што моите мисли ти биле несериозни, те забавувале,реков доволно е на оваа тема,а не е срамота ако чувствуваш дека си онеправдан.А тоа што реков дека изгорев по тебе беше саркастично како што и ти изиронизира дека ништо не менува тоа,не сакаш крупни.А си земам при срце зошто не сум се соочувал со вакво нешто во животот,сум бил заштитен од сите надворешни влијанија...Затоа и реков дека познавам само неколку кафиќи што ти го протолкува дека сум немал пари,а работата е дека јас сум немал социјален живот...You get the picture? Ќе ме обвиниш за цмиздрење,дека се жалам...подобро да престанам...се надевам нема да се сретнеме пак во просторов со вкрстени копја...Да ги закопаме воените секири
Олабај. Ти! Преземи троа акција. Премногу ја идеализираш љубовта. Премногу се плашиш... од се'. Се' во животот е ризик. И да не успееш од прва, и од втора, петта, десетта, еднаш ќе бидне. Па дури и 'несупесите' се успеси, односно лекции. Зошто би одбивал девојки кои ти нуделе некаква врска? Зошто мора да биди 'љубов'? И како знаеш дали нешто ќе е 'љубов'? Љубовта се раѓа од најразлични форми на релации. Ризикувај! Мораш!
А што е битно што мислат другите? Зар за нив живееме? Ако беше за така јас ќе останев немажена, без дете.... Заради тоа што ми го зборуваа за сопругот.
Премногу сум осамена, долго време сум сингл, а во последно време нема ни некој за кој сум заинтересирана или па некој да е заинтересиран за мене Ретко излегувам, немам ни со кого, имам 2-3 другарки кои се сингл, но и тие не излегуваат често..времето ми поминува без врска, немам волја за ништо, а имам потреба од љубов, внимание, промена во животот.....
Поработи на себе .. не ти треба никој , луѓето сами ќе си дојдат во твојот живот кога ќе си го искреираш како што ти сакаш и мислиш дека треба. На секој чекор можеш да најдеш прекрасни луѓе со кои би формирала конекции, животот е тотално непредвидлив и не е створен за да бидеме осамени, тажни, депресивни и сјебани, туку да го живееме, да бидеме среќни и да се изразуваме. Кога мислам да поработиш на себе мислам на тоа да читаш книги, да јадеш повеќе здрава храна, да шеташ во природа, да студираш или работиш .. гледај позитивни едукативни видеа и почни да си применуваш позитивни афирмации. После сите тие процеси, ќе имаш успех и ќе бидеш посреќна и нема да се чуствуваш осамено туку ќе имаш изобиле од круг на луѓе со кој ќе ти биде убаво и ќе ја добиеш Љубовта што ти е потребна , со тоа што ти ќе ја даваш неизмерно на сите околу тебе...
И јас се соочувам со овој проблем. Со девојче од Скопје не се гледаме и не се дружиме толку често, и да има 100 луѓе околу мене, пак така се чувствувам. Како да го надминам тоа чувство?
Здраво девојки. Имам за некого мал, но за мене многу голем проблем.Како прво имам 28 година и досега сум немала некоја подолга врска, уствари до сега имам излезено со 5-6 дечки, но ниту еден од нив не ме гледаше како нешто потрајно. Се се завршуваше по 2-3 излегувања и по некое време гледам дека тие се во врска со друга. Физички не сум атрактивна, се трудам секогаш да сум дотерана ама џабе никој ми нема пријдено со години. Пред неколку месеци преку другарка пуштив глас да опипа ситуација со еден дечко, но тој рекол не сум била негов тип. Да е уште полошо, домашните ми прават притисоци зошто сум уште сама, а мајка ми два-три пати кога се планира како ќе се дели имот вика за сестра ти куќата, она со фамилија ќе си биде, тебе станче некое ќе ти земеме (башка работа што смета дека не сум способна сама да створам нешто). Стварно веќе не можам да поднесам никој. Насабајле не ми се станува за на работа, околината веќе ми префрла дека сум многу негативна, кога излегувам увек сум со парови како трето прасе, а никој не ни пробува да ми помогне, да ме запознае со некој. Како да се справам со сето ова? Годините одат, сите се земаат или се во стабилни врски, а јас никако не можам да пронајдам некој.
Не си ти негативна, рефлексивна си! Околу тебе имаш негативни и ти се адаптираш на нив. Зборувам за твоите родители. Да ти кажам нешто за 'атрактивна' и 'убава'... ни сум-ни ќе бидам. Харизмата е битна... опуштеноста. Не ги кревај на пиедестал другите луѓе, не им се плаши и не се запирај да се впушташ во разговори.. Лично! Не преку другарка. Трета работа и најбитна всушност: Што ако немаш врска? Нека не те убедува светот дека врска и брак треба да те дефинира! Ти си ти, сама на себе доволна, моќна и способна. Уживај во животот, заради тебе! Сакај се себе, надградувај се, занимавај се, забавувај се. Кога сама од себе ќе бидеш задоволна, се' станува полесно
Девоче сочувствувам со тебе. Те разбирам во целост. По осамена никад у живот не сум била, се осеќам како да "стојам на страна" или "надвор од кругот" не знам како да опишам. Имам 30 год. сама сум , мислам дека секој шо ќе го сретнам на улица ме напиња да се мажам, и од дома почна у последно време да ми зборат, дури и татко ми шо никад не сум очекувала да ми рече. Шо чекаш? Автобус ебате. Не ни шетам мн мн сите се испоомажија немам со кого, животов ми е куча посо....страшно..