@DAngel апсолутно си во право, и јас стекнав таков впечаток од @mentalmk. Ми пиша во ЛП, ме прашуваше првин која сум, што сум, на која возраст сум, не очекувал дека сум на таа возраст, мислел дека сум околу 30 години. Дека бил во брак, иако е во брак, во последните три години, се чувствувал осамнео, монотоно, депресивно, отфрлено, отворено си кажа дека си барал пријателка со која што ќе можел повремено да се дружи, и дека можеби не е убаво што така ми пишува, но сакал да биде отворен од старт, да сум знаела со кого сум пишувала. Јас во ЛП му вратив соодветен одговор. Така што девојки бидете на опрез. Од такви манијакални типци, си останавме немажени. Прво грев прави кон жена му, ја изневерува и се дичи со тоа, а второ, ќе фаќа кривини на страна ќе мафта некоја наивна девојка.
Брее сите светци на форумов, браво.. ќе одам во пеколот покрај вакви прави души .. Ништо чудно што си осамена со ваков детски однос, како беше она издавица краставица
Благодарам на поддршката и на одговорите ) Инаку, работам сама, самостојни женски открив дека се голем ризик за маживе денес очигледно скилс за заведување,, не сум мала, и барем флерт не ми бил проблем никогаш муабетот ми е, не може да најдеш стабилност. . Кога ЗНАЕШ што бараш, како што реков.. Мажите имаат очекувања, а нудат многу малце. Јас знам што можам да понудам на маса од себеси, и знам што барам исто така.. и да, едноставно не ми е дојдено нити забавно повеќе да губам време само и енергија во некои таканаречени, и денес достапопуларни - необврзувачки односи и врски, со зафатени, незафатени, женети, мажени долги, кратки врски и тн. Едноставно ми нема поента. Сум минала и долги врски, и забавување без обврски, и едноставно доволно знам што очекувам од еден квалитетен и исполнет однос со партнер, знам што барам, затоа и реков,. не може ништо да очекуваш од машките денес... Неуспешни состаноци, затоа што повеќето не заат што бараат....или бааат нешто бев обврска пошто едноставно не се спознале себеси доволно за да знаат што бараат, да знаат што очекуваат од другата страна, и тн. Нема поубав ВРВ од тој врв што може да се постигне помеѓу двајца што во исто време трчаат еден кон друг - што се заљубуваат страсно, и истовремено се заинтересирани за посветеност кон тој однос и заедничко уживање! Не постои СЕКС без обврски како што претпочитате да практикувате, што може да ве исполни доволно, како што може секс со такво посветување со партнерка ! Ама кој да им каже , кога се спремни да градат ПРОЕКТ според општествени или локални норми со една партнерка или партнер, затоа што ете така треба, а да го бараат тоа НАЈЈАКОТО на друга страна, и пак да наидуваат само на обично сексуално празнење со рандом личности, притоа газејки морални вредности, и утре да го наречат својот таканаречен проект од БРАК или ВРСКА, успешен. Е па не, не го сакам ова. Мејнстрим ми е, и сметам дека животот и ЉУБОВТА и сексот се многу повеќе од тоа.
Браво за мислењево, мој впечаток е дека секој го сака она што го нема, тие што се сигл сакаат да се во врска/брак а тие што се во врска/брак сакаат нешто ново, да разбијат монотонија и сл.. заклучок, уживајте во животот како ви одговара и не се замарајте кој што ќе рече.. и секако памет во глава некои работи може да се изгубат за секогаш..
^ А ти според мислењево и фактот дека си оженет, не си ја разбрал очигледно поентата на бракот и заедничкиот живот. Се кладам дека си женет млад и како што би рекле народов - си се "зезнал" на млади години пред да искусиш се што нуди младоста па сега живееш во некој втор пубертет и ставаш се во втор план за да исполниш некои неостварени авантури што си немал прилика да ги доживееш пред бракот. Ете ова е една од многуте причини зошто повеќето искрени луѓе кои сеуште знаат наивно да сакаат се сами и несреќни. Што ќе ми е мене симнување ѕвезди и лажење во очи кога утре мојот иден дечко или маж ќе пишува на рандом девојки и ќе се пушта на која стигне само за да (пази) разбие монотонија! Има нешто што се вика грижа на совест и што кај разумни луѓе би требало да проработи секогаш кога дури и ќе помислат на вакво нешто. Па да знам дека ќе останам цел живот немажена со ваков нема да се заебам во животов. А се познаваат ваквите, верувајте. Од едно гледање од еден муабет се ти е јасно како ден.
Ова предпоставувам на мене се однесува.. неможеш да знаеш што и како ми е мене во брак и општо за животот мој.. не сум млад женет, и си имам причина поради која го имам ова однесување.. не ти текнало дека можеби сум разочаран? Не ти текна дека можеби ме варано или лажено на пример? Ова ич не ми се допаѓа.. типичен македонски синдром - машко пишало неколку мислења на женски форум и веднаш тој е женкар, втор пубертет, незнам што. Совет, гледајте си ја својата работа и не судете на други, верувам дека никој не е светец, а за секое зошто во животот има затоа нели..
^ Да да, и затоа реши да бараш девојка за дружење анонимно на форум. Не ти текнало дека може треба да се разведеш на пример ако е толку лоша ситуацијата? Твој живот друже, секако, ако ти е фино така да си се варате и лажете, продолжете си. Јас во моја околина имам премногу "жртвени јагниња" кои прават филмови на девојки дека им е бракот катастрофа за да добијат секс а притоа секако дека не е така и за пред народ се брачен пар за пример каде жената најчесто појма си нема за швалерките и обратно, така да... отрпнав веќе од овие приказни и ич, ама ич не им верувам.
@Cleonika и јас сум во потрага по таков близок партнер, знам дека се мали шансите за овде на форумов да запознаам некој во помлади години18- 20, има ама не се погодуваат баш јас да ги пронајдам друштво или дечко јас во тој поглед сум осамена што е чудна таа работа на овие години што баш тогаш и треба да сум со искрени верни другарки ама ги нема кај мене, ретки се и знаеш дека гледаат сега да те искористат, да ти љубомират, тие се причините кои ми сметаат да ги имам за другарки тие од класот и брачеди немам на моја возраст ниту соседи немам.. Си го гледаат сите своето ама баш и воопшто не им е грижа за тоа дека некој сака да се дружи, дека бара друштво ама ништо од сето тоа. Осамена сум и за дечко, потребен ми е некој толку близок да е со мене ама бев 2 пати повредена и од тоа се откажав ама незнам до што е проблемот што до мене неможи да дојди тој што треба , а дали воопшто постои таков е прашањето. Па и решив да се трудам колку што можам да имам и другарки и дечко ама кај мене е многу тешко. Затоа и јас како тебе барам овде некој што ќе ми е од помош за да ми ја намали осаменоста. И фамилијата е доволно да ја имаш за своја поддршка, за некој што те сака.Ама друго е друштво да се има па макар и некоја година помали или поголеми, за дружење и не ми е толку битна возраста. Пишете во инбокс доколку би сакале да имаме контакт, да си помагаме еден на друг со совети..
Неколку кратки реченици, без непотребно должење, со максимална искреност. Вие што сте во средни/доцни дваесетти години без партнер ради разни причини, бидете подготвени да останете сингл на љубовно поле до крајот на животот. И знајте дека дури и да дојде до такво сценарио не е крај на светот! Мора да бидете подготвени некогаш животот да не ви понуди прилика за повеќе, иако мислите дека ја заслужувате. Eдноставно, мора да прифатите дека сите сме различни и не секој од нас ќе има животна можност да го доживее тој хормонски ,,љубовен" коктел во полна пареа, и тоа е океј. Може да бидете општествено корисни, среќни и остварени на мал милион начини дури и ако немате партнер. Не чувствувајте притисок да го имате само затоа што вашите другари се ,,зафатени", затоа што мора да ја остварите репродукциската системска должност или едноставно дома ви вршат притисок. Во ред е да сте ,,сами"! Во ред е да не сте во никаква врска, никогаш, и сите причини кои не довеле до нејзино остварување да ги искористите како валидни. Enjoy the ride.
Што е лошо и деструктивно? Себеприфаќањето кое го понудив наспроти идеалистичките погледи за совршена романса и борбата со ветерници?
@Nigredo Odor Без непотребно должење, со максимална искреност, ја отупе! Поглупаво нешто немам прочитано. Прво она "бидете подготвени да сте сингл форевр", што си ти? Метео прогнозер за љубов и живот? Второ, цел реферат со солење како е во ред да се биде сам, луѓето да не чувствуваат притисок, а на крај велиш причините заради кои избрале да бидат сами мора да бидат валидни Инаку како, валидни и со твој потпис Секој треба едноставно да си го живее животот исполнет и среќен на свој начин, д енд. Не мора да има причина
Не постои совршена романса. Според мене не можe да си исполнет во животот, ако романтичниот и сексуалниот аспект не ти се исполнети. Тоа е една од најосновните човечки потреби, после гладот, жедта и физиолошките потреби. Дури и тоа би го сврстил под физиолошка потреба лично.
Иритирачки пост и воопшто не содржи никаква вредност. Пост полн како да го речам... песимистички оптимизам, само не знам дали го кажуваш од искуство или филозофирање.
Малку прегрубо го срочи ова @Nigredo Odor ама го разбирам што сака да каже и до некаде се сложувам. Како што старееме не знам дали сте приметиле ама стануваме се повеќе селективни и пребирливи по тоа прашање. Во рани 20-ти можеби и ќе се "излажеш" да се омажиш иако можеби ќе биде тоа со далеку од совршена личност, ама кога веќе навлегуваш во третата и четвртата деценија со целото искуство и неуспешни обиди зад себе, знаеш точно што сакаш - поточно што не сакаш и тогаш почнуваат маките како да се најде идеален партнер. Е тука е грешката од погоре; не треба да се помириме со фактот дека ќе останеме немажени и неженети и да живееме со таа негативна мисла, туку дел од нас да е спремен да се помири со тоа дека нема ништо лошо ако не се влезе во брачните води. Секако тоа не значи дека нема да имате никого покрај себе до крајот на животот. Можеби некој ќе рече животот е краток и премногу размислувате, пробајте па ако не ја бива разведете се... ама не е така едноставно како што изгледа. Не секој гледа исто на таквите вредности. Како и да е, мислам дека сепак треба да останеме позитивни, никогаш не знаеш што носи денот и кога ќе ти се случи она вистинското.
Не ја сфати поентата на постот. "Бидете подготвени да бидете сингл" се однесува на фактот дека можеби во животот поради разен сплет на околности нема да успеат да најдат компатибилен партнер. Дали поради преголеми очекувања, дали поради недефиниран ставови, дали поради погрешна претстава/несоодветност меѓу појавата и барањата, дали поради тоа што самите како индивидуи се предобри наспроти тие илјада потенцијални партнери со кои излегле на состанок. Сите опции се во игра. Валидни мора да бидат за самата личност која е сингл. Да не чувствува беспотребна грижа на совест за ,,самувањето", и да се разбуди еден ден со помисла ,,требаше да се омажам со Станко, иако не одговараше на ниту еден мој критериум", туку да бидат благодарни на тоа што се сами во моментот од причина што можеле да одберат полоша солуција - да заглават во дисфункционален брак/врска на пример. Постот е исполнет индивидуалност. Не мислам дека да се биде сам или во врска е идеално, зошто идеал не постои, и како што претходно се изјаснив, секој од нас е различен. Ако за некого самувањето е предност, за друг е можеби деструкција. За мене лично е предност. Но, не пишав за да пласирам субјективност овде, туку за да се чувствуваат удобно во своја кожа дури и ако работите не излезат така како што планирале по тоа прашање во иднина.
@Nigredo Odor Убаво го разбрав и повторно велам дека погрешна е сосема констатацијата дека некој што е сам мора да има таква причина, како онаа генерализирачката пр. имал превисоки критериуми, не сакал на времето со Станко да биде, не сака деца и сл. Тоа е само прост пример што типично размислуваат луѓето за самите, сингл луѓе. Исто генерализираш како најпрвата реченица, ако си толку и толку, подготви се за апокалипса, а и сам ќе бидеш засекогаш. Сечиј живот зборува за индивидуалност, твојот пост не.
Па не го кажав тоа никаде. Само го наведов како опција во вториот пост. Никаде нема генерализација во мојот пост. Не мислам дека сите поради превисоки критериуми се сингл. Ме цитираш ад хоминем со куп небулози. Цитирај ме каде сум пишала такво нешто, освен како пример што наведов во вториот пост (дека само некои имаат превисоки критериуми), чисто за да појаснам го вметнав како опција. Ќе се самоцитирам за да објаснам. Пишано е за да ја имаат и таа ,,апокалиптична" опција во предвид, наспроти другите, зошто е можна и веројатна. Не констатирав дека со сигурност ќе биде така за секого. И пак ќе кажам, јас на осаменоста не гледам како кон лоша работа, мислам дека тебе те погоди постов зошто ти имаш таков став кон работите.