@Nigredo Odor Каков став имам јас? Ставот дека и да филозофираш вака е апсурдно или пак твоето лично искуство да го проектираш за сите, пак е апсурдно, тогаш да, таков став имам.
Не те прашав за став. А филозофијата е наука. Не е егзактна, но не е ниту зборување на памет. Размислувај со своја глава следен пат, не ги читај другите членови за да реплицираш со туѓи фори, размислувај со своја глава, најдобронамерно.
@Nigredo Odor Вау, кој одговор, ма mind blowing. Чии туѓи фори? Упати ме кој ми е ментор, да знам. Т.е не знам дека било фора ако се согласувам со нечие мислење, ама сепак ти благодарам што ме просФетли. @John Snow Таков е муабетот Џони, читај и сметај уште колку време останува, оти после доцни 20...апокалипсааа
Океј, нема да те цитирам, многу ми олесна што не си се налутила п.с Нормално кога не можеш да одговориш на она што последно го напишав, сврте дека го копирам мислењето на Старк. Не, туку се согласувам и го потврдувам п.п.с Да, апсурдно е твоите причини да ги проектираш врз сечиј туѓ избор. Без разлика дали е сингл или не-сингл состојба, од нашите сопствени направени избори и последици не можеме и немаме право да генерализираме дека сите иста судбина ги очекува
Не пишав никаде дека останувањето во доцни дваесетти значи судбоносно ,,не" за сериозна врска/брак во иднина. Пишав да бидат спремни за такво нешто (дека не е крај на светот, дури и да биде така). Љубовното партнерство не е сѐ во животот, и има други полиња на кои може да се чувствуваат реализирани. Бивањето ,,сам" на љубовен план за повеќето млади од практични причини не е проблем, гледано од аспект на динамика и технолошка прогресивност.
@Nigredo Odor Човек што по своја волја е сам значи дека така му одговара, без разлика дали е рани дваесетти, доцни пеесетти или средни 100 Нема ни потреба од таков психолошки аспект, ете да не го наречам себе наметнат притисок врз психата како изразот "бидете спремни". Верувам кој е сам и ужива воопшто не ни размислува, не ни го гледа тоа како issue, туку едноставно ужива, како што уживаме сите во сопствените избори Сите што правиме избори, какви и да се, а сме сигурни во нив, знаеме дека ништо не е апокалиптично и крај на светот, особено ако уживаме Па и ако на пола пат се предомислиш дека не ти одговара изборот како порано, секогаш се има можност за промени, фала богу, не е тоа потпишување договор доживотно, па да нема простор за промени, за било каков направен избор. Животот е река што тече, не е вода во тенџере да стагнира
Девојче исто и мене ми се дешава ☹ еве 26год имам а до сеа самон една девоја сум имал...на накои моменти сум топ не се замарам за ништо некои моменти ме ваќаат да полудам од што нема некој до мене што сум сингл
Колку повеќе си очаен толку полошо си правиш, и минимални се шансите некоја "услуга" да ти направи и да те излечи. Најпрвин излечи се сам и девојката сама ќе си дојди. Верувал или не, пошто сум каков што сум, откако раскинав особено претпоследната врска и последната врска, се чувствував како да сум сам на целиот свет и никогаш нема да пронајдам друга личност за врска, ама сум грешел.
Осамени се оние личности што не знаат да си го организираат животот тоа е факт,ако чекате некој друг треба да направи за вас се лажете,колку и да ви звучи сурово тоа е така,има милион работи кои можеш да си најдеш друштво,идење по теретани,учење странски јазици,обуки разни семинари и други спортски активности како пливање,зумба итн.
Еве и мое мислење во врска со осаменоста бар од моја гледна точка. Можете да имате големо друштво, совршено семејство, дечко/девојка буквално сее но да бидете осамени. Имам периоди кога сум осамена а имам се околу мене, имам периоди кога од дома не ми се излегува и тоа во последно време е мн често. Немам дечко и во љубовта немам среќа ама ич ајде со тоа некако се помирив ама после се почна пополека да се распаѓа друство, факултетот.... Се надевам дека нема во депресија да паднем како што пошла работава . Совет?