Премногу се осеќам осамена.. Сите другарки ми се омажија, јас останав сама немам со кого ниту кафе да се напијам, да излезам. Психата ме убива
Мојата ситуација во последните 11 месеци, Првите 2 / 3 месеца ми беа пеколни но потоа полека почнав да се навикнувам и сега не ми пречи толку, се фокусирав на мојата работа а целото слободно време си го посветувам на себе, понекогаш се осекам осамен и тажен ( особено околу празници ) но тоа е нема што да се прави идемо даље
Кај мене осаменоста доаѓа и си оди и пробувам да ја гледам како моментална емотивна состојба, а не како пресуда Јас се осеќам осамено кога немам со кој да ги правам хобијата и интересите. Пример изминатиов месец одев сам на концерти, по што друштвово не одат на концерти, а може и уопште не ни слушаат музика .. и се осеќав сам иако убаво си поминував. Ме мучи тој дел од мене што се осеќа осамено и сега ме тера цело време да запознавам нови луѓе Па ако има некој заинтересиран за дружење, концерт, медитација, фотографија, чај, психологија, уметност, планинарење, пишете.. Или може да направиме една собиранка
Собиранка тука тешко, одма ќе речат дека имаш скриени намери. А сето друго што го опиша не си единствен особено во новово време каде што сите се затворија зад своите мобилни и социјални мрежи и гледаат на сите со сомнителност.
За жал така е. Колку добро со интернетов, толку е лошо што се затворивме во своите светови. Сите се држиме до некоја комфортна зона и интереси и не сме отворени да примиме нови луѓе и знаења во животот. Ајде може администраторите на форумов да организираат некоја собиранка
Мало сутра Тука се доаѓа за кукање, мислиш некој сака да се дружи? Јас мислам форумот може да биде огромен социјален бенефит особено за младиве, ама да не беа манијачкиве суштества и изгорениве жени.
Не би да ве смарам со лајф коуч ствари, ама осаменоста е состојба на умот... И ништо повеќе од тоа. Мора да научиме да уживаме во сопствено друштво, пошто ние не сме сами, се имаме себе кое може да прави се што ќе посака! Ако ви фалат физички дружења, излезете на кеј, тргнете тоа слушалките и ќе запознаете некој. Значи не е тешко но треба малку работа. Ние сами си се отуѓуваме и затвараме во свој свет. Одам по улица - луѓе со слушалки, трчам по кеј - луѓе со слушалки, се возам во автобус - погодивте, луѓе со слушалки, очигледно неќете никој да ви пријде и после одите на форум и пишувате како сте осамени. Отворете се малку повеќе кон општеството и можеби ќе се чувствувате подобро.
А можеби тие што пишуваат тука се тие како тебе кои ги имаат тргнато слушалките или никогаш не ги ставиле и гледаат како сите други се залепени за телефонот или/и со слушалките во уши.
Никој нејќеме да сме сами. Но колку повеќе се учиш да бидеш сам толку подобро... Многу е лошо леташ леташ леташ и буум паѓаш на земја кога ти е најтешко и гледаш пак како остануваш сам. Мора да се учиме луге тоа е...