1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Oсаменост!

Дискусија во 'Сингл' започната од CVETENCE, 12 мај 2010.

  1. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    ти и си нормално девојче нека таквите луѓе кои те одбиваат недопрат до тебе да плачеш и да се нервираш...ти вредиш повеќе од сите нив...кој те одбива сигурна сум дека губи јако добра пријателка....моето се одвиваше повеќе од една година па фала богу преживеав и тоа е како едно грдо сеќавање...така и тебе ке ти биди....младо си...имаш време за се.....чак ке имаш и повеќе другарки него било кого...верувај во себе и недозволувај да ти е лошо заради било кого....смеј се секогаш и радувај се ...како велат некој можи да се заљуби во твојата насмевка :)
     
  2. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Ти благодарам за советите :* ... незнам како ќе заврши ова само се надевам дека ќе заврши веќе еднаш затоа што навистина не можам веќе вака да продолжам.
     
  3. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    секогаш тука за совет...и верувај дека се ќе биде подобро само немој никогаш да очајуваш :)
     
  4. strawberry009

    strawberry009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Ах бе девојче сфаќам како се чувствуваш! И јас сум исто......се преселив во друг град, отидов на постипломски, сега имам другарки, ама немам најверни другарки!
    Мене па од таа страна ми е ок, тоа што ме мачи е што немам дечко.......леле 24/7 за тоа мислам.....како ќе останам сама и така! Стварно ми е потребна љубов се чувствувам премногу осамена ептен.....тоа чувство ме убива, депресира! Самата си правам хеј денеска ќе си се облечам секси, и така све средена тип топ, не дека сум некоја лепотица, обична сум, слатка може да се каже, ама пак нема никое машко да ми пријде да се запознае или слично! А не сакам да бидам со кој и да е (ова не значи дека сум пребирлива, само не одам со првиот што ке го најдам, не сум очајна)! Сакам некој што ќе ја види убавината на мојата душа....а не некој за една вечер.......Стварно сум осамена .......морав некаде да се испразнам :P
     
  5. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Исто е и кај мене, иако за дечко и не се нервирам многу затоа што знам дека тоа е нешто што само од себе си доаѓа. За дечко немој многу да се грижиш дечкото ќе дојде. Колку повеќе бараш толку повеќе ќе се нервираш. Излегувај и поминувај си убаво така ќе си запознаеш некој сигурна сум. Јас ни другарки немам за да излезам ... почнав и сама да си се смеам на сопствената несреќа. Сакав да ти кажам дечкото ќе дојде порано или подоцна немој да се грижиш и уживај во младоста :)
     
  6. strawberry009

    strawberry009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Фала срц на утехата! Се надевам и кај тебе ќе биде се во ред! Само сакав да ти кажам дека не си сама, има уште милиони како нас двете......
     
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе Rock Girl ме врати години и години наназад ...
    Мислам низ истото и јас поминав, баш тука негде на твои години. И исто ко тебе сфаќав толку крајно сериозно што а тие год у депресии паѓав.

    На прво место ке те советувам, да проработиш на тоа да ги тргаш пополека ваквите мисли. Пробај од ден на ден се повеќе и почесто да си повтараш самата себеси колку ти вредиш И дека не си сама. НЕ СИ :!: .

    Друго пошто велиш дека си комуникативна и слично, гледај како за почеток доближи им се на луѓето со муабети, биди позитивна и забавна . Биди своја (ама без овие мисли, зашо не си ти тоа туку овој период. ) Не започнувај одма муабет како да излезеш со нив, биди искулирана само без гајле. Од друга страна кога од училиште ке идат некои твои соученици на кафе појди и ти со нив ;)

    Плус тоа сигурно имаш братучетки, излези и со нив на кафенце или викни ги кај тебе ;) .

    Значи најбитното од се ... Сево ова негативно што си го собираш гледај пополека одфрлај го. И секој нов ден рачунај го у права смисла ко нов ден , зашто нуди нова можност ;)
     
  8. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Офф пробав верувај ми да мислам позитивно, да се убедувам дека се ќе се смени дека не сум сама имам со кого да излезам ама на крај не ми остана ништо друго освен да прифатам дека моментално немам никој. Комшии на моја возраст само една и таа си има свое друштво, се каниме на родендени и си живееме убаво и се ама таа и нејзиното друштво се заедно со години и тие се такви никој не прифаќаат девојчето ќе ме викнеше со неа ама си ги знае и јас ја знам ситуацијата и не и се лутам. Роднини во мојот град ама баш ни една. Си размислував колку ќе биде убаво да си имам некоја братучетка на моја возраст се ќе беше полесно ама за жал немам никој во мојот град. Луѓето се страшни навистина страшни. На мене никогаш не ми преставувало проблем ако некој друг ми се придружи на излегување сосема спротивно сум ги прифаќала сите без проблем а сега јас ако излезам со други ме гледаат под око како да сум некој терорист таму. И како да не патиш и да немаш лоши мисли. Во школо имам 4 другарки со кои сме нон стоп заедно ама тие си имаат свои друштва и ниедно не сака да ме прифати и тоа не поради тоа што им имам направено нешто, туку изговорот им е што ние сите ли ќе ги прибираме, веќе сме доста во друштвото не ни требаат уште или не ја познаваме не може да излезе со нас. Почнувам да мислам дека ова никогаш нема да помине. Така ми изгледа како што тргнало никогаш нема да помине. Ти благодарам што се помачи да ми помогнеш.... се надевам дека еден ден ќе можам да ви пишам да имам добри другарки и конечно не сум сама ама којзнае ... :*
     
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Од искуство ке ти кажам дека проблемот е длабоко во тебе ... Значи не прекинувај едноставно ... Бриши тоа негативно од тебе одма ....
    Плус тоа за намќорските погледи и ја така си умислував кога после тој период ке излезев со некоја другарка ... Ама се тоа се наши создадени мисли баш поради тој факт ...

    Еве викаш имаш комшивка , викни ја бе некој ден на кафе кај тебе ... Не и збори за излегување викни ја онака на кафе муабет, за трачарење низ маалото и слично. Поминете едно попладне убаво. После таа ке те викне и ке видиш какоработите ке почнат да одат пополека.

    Плус тоа доколку имаш можност и време запиши си некој курс онака лабав, или почни да идеш на слободни активности што ви се во училиштето , глеај од др класови запознај по некое девојче ... Демек ејјј абе шо имаше на тестот дај кажи те молаааам .... Почни муабет, така се почнува веруј ми.

    Пополека се движи но сигурно.

    И пак ке ти кажам и повторувај си го тоа самата себе си ама и веруј у тоа дека НЕ СИ САМА !

    Плус еве низ фцб запознавај девојчиња од твој град ... здружи се, преку линкови постирај на некое девојче ...

    Имаш начини, барем сега е полесно ;)

    ДА знаеш тука сум за муабет ако ти треба ;)
     
  10. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Ти благодарам многу, навистина ми се потребни луѓе што ме разбираат, навистина ми е потребен муабет со такви луѓе. Секако дека ќе ти пишам кога ќе ми падне тешко, нема да успеам да го надминам ова сама и без поддршка. Многу ти благодарам :*
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vesna23

    vesna23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    81
    Толку сум осамена што секоја ноќ кога си легнувам само тоа ми се врти во глава и заспивам со зборот САМА ама не е тоа дека не се дружам со никој излегувам се смеам ко да не ми е ништо но нема кој да ме гушне, нема кој да ми каже дека ке помине, срцето толку ми е празно и скршено што едноставно немам воља за живот. Околу мене сите се среќни и радосни си имаат љубов покрај нив а јас само се смешкам ко да ми е се Ок :puke: и глумам лудило. Еднпставмо немам воља за понатаму ......
     
    На strawberry009 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    пОЧНИ да менуваш по нешто ... Почни од малку. И ргни тие мисли дека си сама ! Подобро ке ти биде ;)
     
  13. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Не е пријатно да си single знаејќи дека долгогодишните пријателки или пак пријателките на долгогодишните другарки се скоро сите во долгогодишни врски или пак, во врски кои водат кон една таква но, јас после 5 години single се помирив со ситуацијата на ненаоѓање тип со кој би била во сериозна врска.
    Тоа е малку безвезе од причина што тие ни се годините и ако сега некој не ти обрнува неприкосновено внимание... тогаш кога? На 50 години (хахахахахаха) Ужас!!!
    Секако под 5 години single мислам на немање сериозна врска а, секако дека за шврљање, шваљерација и one-max 10 night stands станав expert.
    Менувај си ја секојдневната рутина и не се опседнувај со црни мисли пред спиење него беље СПИЈ :angel:
    Вежбај, изразувај се креативно, учи, работи ... уживај, патувај, денгуби.... :)
    Ваљда нема да бидеш САМА уште доооолго.
    Да речеме јас сум сама ради мојата ебана (pardon my french) пребирливост... така да сега и немам што да пребирам а, немам ниту меѓу кого да пребирам!?
    Такашто заклучокот ми е дека работава е: шарала сама си го барала!
    My karmic bitch is teaching me to satisfy myself with LESS when it's MORE ;)
     
    На vesna23 и zhap4e им се допаѓа ова.
  14. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
  15. strawberry009

    strawberry009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Леле колку само се пронаоѓам во твојот пост........а рачунај па и не сме мали еве јас 24.....според твојот ник 23!.....Сега ако никој не ни приоѓа кога?....
    Еве ситуација од денес имав, бев на предавање и бев седната на средина и во мојот ред имаше уште 5 слободни места, значи до мене никој не седеше, и проф ги замоли колегите да седнат во средината за да има подобар преглед на сите нас...и кај се деси, колегите само замавнаа со рацете, во смисла како да не тука ли ќе седиме, и се испопикаа таму кај што немаше место, наместо да седнат во мојот ред кај што беше празно!
    Веќе се чувствувам ко лепороза да ширам.....до толку одбивна личност да сум, не ми е верно...
    Ова што го наведов е еден пример кај ми се дешава секој ден! А пробувам да сум секогаш фина насмеана, ете другарките сите сакаат да се дружат со мене! Но кога станува збор за машко........едноставно никој не ми приоѓа! Осаменоста почнува да ме плаши........
     
    На vesna23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Строубери, немој да мислиш така- знаеме какви се летаргични колегите, сакале, народски кажано, да се скријат од погледот на професорот, а не дека не сакале да седат до тебе, верувај.

    Ама ете, ти во тоа твое меланхолично расположение така си помислила. Овој период есен кон зима е таков, буди некои глупи расположенија, но не треба да потклекнуваме и да се самосожалуваме.
    Излези, прошетај се и ќе видиш дека ќе ти биде подобро, а кога легнувате да спиете, и ти и другите девојки кои пишавте на темата, немојте да имате вакви црни мисли и да мислите дека на оние кои имаат подолги врски им е се` погодено.
    Па и тие многу често си легнуваат сами, и нив нема кој да ги гушне, таков е животот, па многу луѓе и кога се со некого и кога имаат луѓе околу нив кои несебично им ја даваат нивната љубов, пак се незадоволни и нешто им фали, не за џабе рекле дека се` е до психата.
    Мислете позитивно, гледајте така на работите, наоѓајте причина за смеа, така ќе привлекувате повеќе луѓе околу вас, па кој знае- можеби некоја од тие личности ќе биде вистинската за вас ;)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. aprokovic

    aprokovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    45
    Весна 23 не си сама не имаш нас, еве барем си сподели што те мачи, мислиш тоа е небитно.. Еве ние те гушкаме најсилно на цел свет.
     
    На Justinna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Весна 23 и Строубери,немојте да се чувствувате толку осамено.На мене лично ми се допаѓа понекогаш да бидам сама,си уживам во тоа :) .Секој си има проблеми ,и тие што имаат сериозни врски имаат уште поголеми проблеми.Секако дека нема да останете сами цел живот,таман работа.Поработете на својата самодовербба,вие први пријдете на некој,ослободете се од стравот и од црните мисли,и ќе ја погледнете ситуацијата од поведрата страна.Како што вели една поговорка-се тече,се се менува.Ви испраќам прегратки и :* :* на двете и само позитивно ,се ќе си дојде на свое место ;)
     
  19. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Весна тебе веќе проблемот ти е во главата според мене, излегуваш се дружиш се смееш и пак се осеќаш осамена. Важно е работите да почнеш да ги гледаш од друг агол. Кога си сама навечер, наместо да мислиш во тоа колку си сама и осамена почни да уживаш во слободната вечер. Направи си пуканки, па некој добар филм, утре најди се со некоја другарка на кафе .. ќе видиш дека супер ќе се осеќаш. Направи некоја промена, смени ја фризурата или стилот на облекување. Верувај не си толку сама колку што мислиш. Љубовта ќе дојде кога најмалку ќе се надеваш, а колку повеќе ја гониш толку побрзо бега. Така да само смени ги мислите и ќе видиш дека се ќе оди на подобро. Имаш другарки, друштво излегувај и уживај не е толку страшно што немаш партнер. Се си има своја позитивна и негативна страна. Само напред и имај на ум дека не си сама :*
     
    На vesna23 и WildCherry им се допаѓа ова.
  20. vesna23

    vesna23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    81
    Фала ви на сите на вашите совети и добро е да дознаеш дека барем некој може да те разбере како се чувствуваш или пак има исти чувства како мене. Мислам дека заедно сме ПОСИЛНИ и се ќе помине . И за џабе Владо Јанески не пееше секое лошо за добро е , што и да е ќе помине.
    Сепак таму некаде постои капаче за секое тенџере или пак некој се родил џезве ;) :lol: