значи стварно само4а убија,не викаат за џабе сам си се родил сам ќе умреш..сите надвор излезени се дружат а ја дома пред пц како некоја психопатКа висам по форуми..немам ни друштво ни ништо..нз што да правам,си мислам што сум толку одбивна,легнувам со помисла утре подобро ќе биде ама ништо од тоа..нз више што да кажам.........
Осаменост хммм...мислев само јас ја чувствувам,ама гледам не сум била сама на светов со истиот проблем. Одкога се скарав со дечкото со кој бев во 6 годишна врска, навистина се чувствувам сама, никој нема време и место за мене, веќе 2 месеци е така, чувството кога петок и сабота седам сама дома и немам со кого да излезам е ужасно, сите негде се зафатени, сите веќе си имаат оформено друштва во кои јас не припаѓам затоа што 6 години бев со мојот бивш.... не обвинувам никој само си кажувам што ми тежи, и покрај тоа што не чувствувам љубов, понекогаш помислувам да прифатам да се смирам со него само заради оваа осаменост и немање друштво дури ни за разговор....тешко е навистина! Поздрав до сите феминки со истиот проблем...
Гледајќи околу себе ми се чини е многу распространета...И не е тоа само лик на тажна меланхолична девојка која седи дома постојано со далечинскиот или тастатурата во раце...Многу луѓе со активен распоред, работа, излегувања, настани, опкружени постојано со народ околу себе, баш оние за кои би помислил дека го живеат животот исполнето до даска, се често и едни од најосамените... Кога сега би можела да си дадам совет сама на себе пред многу години тоа би било да не прифаќам и вклучувам се и сешто во мојот живот само за да не сум осамена. Подобро сама отколку во лошо друштво...
Зашто не отворите посебна тема за сите кои сакате да излезете а немате друштво? Освен тоа има толку клубови за разни спортови или танци каде секогаш може да се најдат фини луѓе. Сум имал и јас периоди кога сум морал да менувам средина или место на живеење па сум барал ново друштво ама со активност и малку имагинација секогаш сум успевал, само не треба да се седи пасивно дома и да се жали. И во диско сам да се излезе е пофино него дома да се остане кога ти се излегува па од неколку излегувања секогаш некого ќе запознаеш а истото важи и за трчање на кеј или шетање во парк .
Сите сме нестрпливи, немирни кога е во прашање нашата иднина. И сите сакаме да ја делиме со некого. Многу остануваат во лоши врски само за да не бидат сами. Сите го сакаме она на кое сме навикнале, а навиките тешко се менуваат. Но, самотијата не мора да биде лоша. Се си има свои последици па така и фактот дека сте сингл. На сите некогаш ни е потребен мир и тишина. Да се собереме и размислиме што навистина сакаме. Самотијата ни помага да донесеме одлуки, без туѓо влијание. Заради тие одлуки најчесто сме на вистинскиот пат. Ако за тоа не ни се потребни други зошто стравот да се биде сам постои? Нема причина за страв затоа што ние ионака не сме никогаш сами. Како што Рејнер Мариа Рилке еднаш рекол: “Љубовта се состои во тоа да се штитат двајца, да бидат еден со друг и да се поздравуваат меѓу себе“ Кога ќе се чувствувате осамени следниот пат, правете и друштво на осаменоста, таа ви е најдобар пријател. Осаменоста боли, но не толку колку лажна љубов. Секогаш е до вас и никогаш нема да ве нашпушти. Уживајте додека сте сингл затоа што сигурно нема да останете сами.
Малце фалеше да отворам ваква тема,ама ете имало Не се чуствувам нешто посебно осамена,ама малце сум потиштена зошто одамна не сум имала врска...Се наоѓа по нешто чат-пат,не е дека нема ништо,ама се нешто не ми е по мерак.Ако не на мене тогаш на него и се така во круг. Порано имав многу самодоверба и слободно можам да кажам дека самодовербата е најдоброто нешто,но ја изгубив многу нагло по неколку последователни разочарувања и незнам како да ја вратам... Премногу бирам и многу шанси изгубив и продолжувам тоа да го правам и затоа мислам дека ќе останам сама и тоа многу ме плаши.
Јас разликувам осаменост од самотија. Осаменоста ми е отсуство, а самотијата присуство на себеси. Мое мислење е луѓе кои знаат и да се социјализираат и да ја користат продуктивно својата самотија се позрели емотивно и рационално за врски од луѓе кои се константно само и единствено непродуктивно осамени.
за прв пат се почувствував осамена тоа беше летоска сите бевме на одмор не можев да се видам со другарките дури и кога бев во Охрид се почувствував осамена ми фалеше друштвото не ми фалеше дечко не ми фалеше љубов бидејки љубовта секогаш ја имав ми фалеше дружење но сега од кога тргнав во школо супер ми е опколена сум со другарки (тука е и симпатијата) немам потреба зошто да бидам осамена за еден дечко бидејки со љубовта се си се средува постепено.
Почетокот и крајот на секој живот почнуваат во она што ние го нарекуваме осаменост. Со таа осаменост ние доаѓаме на овој свет и си заминуваме од него. Иако не сме целосно сами, се имаме себе си. Но човекот има постојана потреба да си го докаже своето постоење преку другите и има потреба да си докаже себе си дека е жив така што тоа ќе го прочита во туѓите очи, ќе го слушне од друга уста и ќе го почувствува во нечии туѓи емоции. Но тоа не е нешто што му носи големо олеснување кое го очекувал, туку тоа создава зависност за самопотврдување на личноста и човекот постојано има потреба за уште посилни и посилни доживувања на себе си во другите.Доколку тие емоции не му се задоволени, тој чувствува осаменост.
Почитувани дами јас сум еден многу осамен дечко од Скопје , имам скоро 20 години, прва година на стоматологија сум. Имам еден многу голем проблем , за некого е глупост но за мене е навистина пекол. До сега сум немал девојка т.е. да се изразам подобро до сега сум немал ништо со девојче, сите обиди до сега ми биле со врснички и цело време корпи, а не оти дека не знам муабет да правам , но ете не ми оди , последниве денови требаше да излезам со едно девојче но ми откажа, кажа некој глупав изговор но ајде нема врска....имам другари другарки , излегувам постојано , добро се облекувам... и да не гњавам сега потребна ми е ваша помош дами еве после толку добиени корпи и се обидов на различни начини да се пуштам и пак не бива .....што да правам како да се пуштам што муабет да правам....како да и појдам да ја бацам , заш дефинитивно моево не пали .... поздрав и извинете што ве замарам од се срце фала ви однапред
да ти кажам највеке пали она да и симнуваш звезди од небото буквално тоа ниедно женско не би одолеало на тоа,ке си замишља дека е она една и едниствена колку ја сакаш тоа највише пали ,биди добар коа ке се запознаваш со неа не биди нафуран,биди ок не се срами туку покажи она што сакаш и биди самоуверен
Прво, добредојде Второ, не губи надеж и не очајувај!Најважно е да не се повлекуваш во себе.Продолжи си и понатаму да се дружиш и да излегуваш...И да бидеш упорен како што си бил до сега.Сигурна сум дека ќе си најдеш некоја фина и културна девојка каков што си ти Верувај дека многу девојки и дечковци на твои години го имале истиов проблем како и ти,а денес се смеат кога ке се сетат на тоа време... Трето и најважно...Ќе ти дадам мој пример.Кога бев на твои години, главни фраери беа т.н. лоши момчиња,кои не учеа, се шлаеа по улици и сл,а добрите момци беа бубалици и неинтересни... Кога дојде време да славиме 10 години од матура, знаеш кој беше заклучокот мој и на другарка ми?Т.н. фраери во меѓувреме станале обични лузери,а оние неинтересните станале шармантни и привлечни интелектуалци кои знаат што сакаат од животот!! Ете така.Поздрав и главата горе!
па вака најискрено некад ми треба осаменост така еден цел ден да медитирам да идмарам мозок малку и да се посветам на самата себе да си ги средам мислите
не можам повеќе да издржам , многу ми е тешко , не се откажувам , ама чувствувам дека губам сили веќе....((
Се согласувам со се она што ти го кажа лола,а најбитно е да не се разочаруваш и да се повлекуваш во себе, остани свој не пробувај да глумиш нешто што не си ти и верувај ке се најде девојка која ке успее да го види она што другите досега не го виделе кај тебе, имам брат на твои години и донекаде те разбирам, поздрав и не се секирај
испаѓа дека цело време само се жалам! но не можам , и дома моиве имаш ли девојка па дај кажи како се вика, па зашто немаш девојка ....у друштво кога сме кога се збори за тоа девојки , дечковци - за другарките многу ми е тешко , плус еве нова година , први мај, излагања се сум сам ( сам во смисла без девојка ) , чувствувам огромна потреба, ми треб.... колку е убаво чувството кога ке ти се јави , ќе излезете да се видите..., а јас тоа го немам , знам дека сум уште млад дека ке си дојде се самото по себе, ама зошто кога имам голема потреба не можам да сум среќен.........???? фала на советите.... сум станал како некоја пи*ка , само се жалам :Р поздрав имајте добра ноќ
Дечко од Скопје, добредојде најпрво. Имаш само 20 години и сеуште си млад, животот е пред тебе. Единствено што треба да го направиш е да веруваш во себе и да знаеш дека ти можеш да ја имаш секоја девојка во Скопје, да секоја! Ти кажале на што најмногу паѓаат женските, нема и јас сега да го повторувам истото. Флертувај со повеќе девојки, биди отворен, искрен, романтичен и ќе видиш како еден ден ќе се појави вистинската. И ти ќе почувствуваш какво е кога имаш некоја што е секогаш тука за тебе и ќе те сака безусловно. Спојлер Да беа сите машки како тебе, и да имаа навистина потреба од девојка, светот ќе цветаше. Не се откажувај! Ти можеш и ќе успееш.