Сакам да ве прашам дали во домот користите етерични масла,спрејови т.е освежувачи, свеќи колку ви траат? Јас во дневната каде што седиме имав масло ама воопшто не ми мирисаше, свеќи зависи кои, а и во тоалетот колку и да користам средства пак некако не ми мириса јако какви се вашите искуства? Дали вреди да се трошат толку пари за миризба? Јас нонстоп купувам и дома само ме караат
ние дома користиме од оние што се местат на 9, 18 и 36 минути сами да прснат (не ми текнува на името точно) се продаваат во поголемите маркети заедно а потоа само боцичка ќе си смениш, многу убаво мириса и многу трае. исто имам користено и од оние што се за во струја ама некако многу ми се јаки, па затоа и не го уклучувам многу често
Air wick мислам се викаат,имавме пред неколку месеци.и нели на некои има како копчиња да притиснеш за да ти прсне.ама ние го имавме на ниско ставено и секој кој помини притисни и за недела одеше фала лина што кажа некои освежувачи,ке го ставам нареден пат на високо
И јас имам од тие со прскање, и многу ми е ок, само од мирисите кои ги има ми се допаѓа само еден, а баш тој многу слабо го наоѓам. Инаку, трае/ Ставен ни е на место каде што и не поминуваме нон стоп, па прска од време на време. Исто така имам навлажнувач, јонизатор, како ли се вика, и во него ставам етерични масла, и убаво мириса, само тој во зима го користам. Многу сакам разни мириси, па само ги менувам маслата.
Јас имав air wick fresh matic до пред некој ден.Многу убаво мирисаше ама ми се истроши и треба да си купам нова боцичка Сега моментално користам глејд освежувач што мириса мнооогу убаво,а и трае исто така.На ауст и глејд освежувачите се најубави.
Имавме еден од тие освежувачите на струја што работат, ама имаше некоја јака тешка арома блјак воопшто не освежуваше и ене го сега во канта
Во дневната и во ходник имаме од тие за во штекер, баш дека ни се пространи и двете простории ми сед опаѓаат како траат. Ама па еднаш татко ми купил со мирис на чоколадо, копаше на слаткасто и ич не беше освежувач, напротив тешко делуваше . Сега користиме лаванда и баш ми е убаво. Во спална кај мене не користам, од причина што ме гушат додека спијам, повеќе сакам да ми мириса омекнувачот на алиштата и ќебињата. Јас ги препорачувам овие, за голема просторија се супер, ама секако треба да им го погодиш мирисот, да ти биде по вкус, и плус ненападен.
Oсвежувачи Мене ми се допаѓаат и миризливите стапчиња, несакам да ми мириса на некоја вештачка хемикалија како тие во штекер и овие што прскаат, сакам да пробам со етерични масла, како се користат тие?
Oсвежувачи Хм, па имам дома и мислам дека и за тоа се, како садчиња украсни во кои во долниот дел се става малецка свеќа а горе има да се сипе етерично масло, па со самата топлина од свеќата ќе се топи и маслото и со испарувањето ќе мириса просторот.
Oсвежувачи Абе имаме еден спреј (ме мрзи сеа да одам да видам како се вика), ама откако ќе прснеш, по 5 минути веќе ништо не се осеќа.
Oсвежувачи Air wick ,и оној што се става во штек и оној што се подешава на колку минути сакаш самиот да прсне автоматски
Oсвежувачи Air wick го наместувам да прска на 36 мин а кога немам ќе си ставам омекшувач во шише што прска и ќе си напрскам насекаде и две дена убаво ми мириса.
Oсвежувачи Сакам да купам air wick но не знам за која боја да се одлучам Сакам да ми препорачате, да биде освежителен, да мириса свежо и убаво
Oсвежувачи Морам да ги пофалам освежувачите од Oriflame. Си ги зедовме со цимерката зелениот и кафеавиот и преубај се. Зелениот посебно. Свежи се и долго траат. Иначе предходно и ние користевме Air Wick, ама дефинитивно подобри се од него.
Oсвежувачи Користев еден освежувач што се уклучува на струја ама се потроши и сега имам освежувач на прскање