Oсвежувачи Користам Air wick освежувач,го местам на 36 минути и тој сам си прска.Најубаво ми мириса од лаванда со некое масло во него( незнам какво масло беше) го обожавам тој мирис.
Ayy,ништо од тие освежувачи не можам да поднесам, одма главата ќе ја заковам за кревет. Подобро нека мириса на свежо, чисто и проветрено отколку на тропски ружи
Препорачајте ми некој освежувач за простории, соби ? Дека зимава се греевме на дрва, нели некогаш ќе чади и лошо мириса од чадот. Често проветрувам ама си мириса кога ќе е затворено. Користите ли нешто домашно со алкохол и есенцијално масло или само купени освежувачи ?
Вакво имам дома и задоволна сум. Ги користел ли некој миризливите свеќи од истат фирма, колку сте задоволни?
И јас го имам ова добро е,ама позадоволна сум од тие на струја,си го имам со години и менувам мириси,моментално уште дека од зимата имам ми е со мирис на ванила,а сега за летово ќе земам нешто посвежо
Јас денеска си купив керамички сад со свеќичка и етерично масло од лаванда, ми ја освежи цела куќа и прекрасно мириса, друга атмосфера ми се створи во домов мислам Мразам такви вештачки распрснувачи, чиста хемикалија! own: ме боли глава од таквите мириси.
^^ Мене лавандата неубаво ми мириса Убави ми се од Аир вик течниот што се става во штек со мирис на бели цвеќиња, и тој што прска од каранфил мислам дека беше А прееска отворив едно сапунче- сунѓер од Рефан кое го добив на подарок цела недела ми стоеше неотворено и сакав да го мириснам, и сега цела соба ми мириса преубаво од него ( зелено е) Колку убаво се чувствувам, ме смирува и ме потсеќа на личноста која ми го подари
Да се надополнам (само што ќе го пишев ова што ќе го пишам, и гледам Сеси веќе спомнала ). Во Occitane имаат вреќички полнети со вербена (не знам дали вака се вика на македонски, на француски е verveine, verbena на англиски) и преубаво мирисаат, барем јас го обожавам мирисот. Поскапи се но вредат. Ги ставам обично кај пешкирите или постелнината, евентуално во гардеробата меѓу алиштата и толку се јаки што цел стан замирисува. Истото е со нивните сапуни, впрочем имаат цела колекција на производи со вербена. Проверете, нема да зажалите за парите
Во моја соба најчесто го користам овој распрскувач. Или па за во штекер со мирис на ванила.Овој е малку појак.Кога го уклучувам мајка ми не ми влага во соба,глава ја здоболувало Ама ја обожавам мирис на ванила,и прекрасен ми е. Исто знам често и да си запалам некој миризлива свеќа.Нив разни ги имам А за во плакарот си закачувам едно ко во кесичка масло,незнам како би го опишала. Од Felce Azzurra e. Еве вакво е,ова е паковката,внатре има по две,а како изгледа тоа што се закачува,неможам да најдам слика. Јас го користам тиркизното,и неможавам да ви опишам колку п-р-е-к-р-а-с-н-о мириса,и како го впиваат алиштата мирисот,секогаш мирисаат ко тек извадени од машина
Кaј го зема овој освежувачот за алишта?? Mи изгледа многу интересно, баш вакво нешто ми треба за во плакар.
Едно глејд мислам се викаше што се става во штек. Мене ми пречат речиси сите особено оние што прскаат на одредено време што се мести 15,20 минути.
Аир вик или вотевер да се вика со мириси имитација на диор аддикт и д и г лајт блу аххх оддома не излегвав ама сеа неам веке
Ние користиме Air Wick со години, особено ми се допаѓа мирисот на ванила и лаванда. Имам купувано освежувачи во форма на спреј, ама сепак оние што се вклучуваат во штекер некако ми се најдобри, најдолготраен им е мирисот
Многу се убави овие ароматични свеќи на Аir Wick, траат многу, т.е. се трошат бавно, а мирисот е неверојатен, посебно таа од ванила.
погоре некоја феминка спомнува дека става етерно масло! ми се допага таа идеа , нареден пат кога ке идам у jabo ке видам некое такво садце за етерно масло со свекичка баш сакам да пробам нешто природно а не вештачки мириси, ама ми е страв нели етерните масла се многу јаки
Овој го користев постојано-анти тобако, но одамна го нема, па сега испробувам многу но ниеден не е како него