И јас со години го користам air wick за во струја од лаванда, прекрасно мириса и сите што влегуваат дома го коментираат тоа. DeMelo сега ме замисли малку, навистина се штетни? Прочита некаде или ти кажале?
Во нашиот маркет ги имаме овие свеќи и навистина убаво мирисаат ама не сум земала дома да пробам, мислам дека има 2 типа од цимет и јаболко и од ванила. Едно време користев освежувач што се става во штекер и имаше бројки од 1-5 , тоа е јачина колку да испушта мирис. Ама многу беше нападно некако и го фрлив. Сега сакам нешто трајно ама и да нее нападно , нешто од ванила , и затоа се мислам дали да земам од свеќиве , ке мириса долго време или ке оди и таа во канта
моментално имам airwick ама до пред еден месец имав глејд од лимон и е неверојатно убав преубав долготраен и има убав мирис а и е поубав од airwick
Малку не е на соодветно место прашањево, ама нема конкретна тема за истото. Ме интересира што миризливо ставате во плакарите со облека за убав и свеж постојан мирис? (зборувам за оние плакари во кои виси облеката на закачалки) Јас имам Рејд против штетници ставено во пакетче, ама сакам и нешто за убав мирис, па ако користите нешто и е за пофалба споделете.
Одсекогаш сме користеле освежувачи за простории,најчесто спрејови на ервик,ама сега земавме еден цвет што мириса и се става за на маса,ама во вода,вода на собна температура од јасмин и уште тој го користиме,не сум за сфеќи,незнам зошто ама не ми се допаѓаат.
Мислам беше некаде околу 70 денари,го земав од Охрид,од некој маркет незнам како се викаше,ама побарај би требало да има и во други поголеми градови.
да точно е дека спрејовите на аир вик се штетни сите не само на air wick туку сите а за тие што се во штеќер незнам не сум прочитала дали се штетни инаку свеќите на air wick што се навистина убаво мирисаат само ја запалив кога имавме именден да ај собери чадта од цигарите и мн убаво мириса мислам дека беше од цимет и протокал. сега несакам да ја запалувам пошто ке ми се истроши а и така малце мириса незапалена
Користиме airwick во струја што се става,нонстоп го менуваме мирисот,единствено не ми се допаѓа ванила прејака ми е.Најмногу до сега ми се допаднало јаболко и цимет,еднаш го купивме од Веро и потоа никаде не можев да го најдам Свеќите од Airwick се закон.Редовно си ги начекувам во СП маркет на попуст.Многу убав и долготраен мирис,воопшто не изчезнува. Никогаш не би земала повеќе Глејд,она на поминување што се активира ме плашеше навечер кога ќе поминев
Кај нас дома се користи истиов што се користи и за алишта: http://www.saponia.hr/__upload__/pictur ... alming.jpg поради подолготрајноста од обичните освежувачи, а патем за што се штетни тие во штекер (на што влијаат?). Инаку порано користев и свеќи, ама пошто знаев да се оставам без ич кислород, мајка ми ми забрани сега прскам еднаш-два пати во денот и таман е. Си насадив и цвеќиња, па можда ќе ми замириса собата и на нив некој ден, ќе видиме
знае некој што користат во продавниците во Спорт М и Адидас? долго време се трудам да пробијам ама никако не ми успева
Испробан и докажан дека освежуват просторија и трае,го имам пробано само овој од орнел доколку ги имате пробано останатите кажете за смена
Девојки некој освежувач за во плакар? Ама да е во кесичка, како закачалче, или евентуално лепенка да можам да го залепам на полица? Тие мис индепендет што ги има спомнато на Felce Azzurra не можам да ги најдам, замена за нив? Инаку од овие бис, никако не го купувајте тој тропикал. Гаден е И овие етеричниве масла како ги користите? Мора во такво садче? Ако да, тогаш каде да го барам?
Имам пробано од air wick за во струја,ама некако слабо ме бендиса,потоа зедов на Glade на батерии и се активира на секои 30мин ако има во собата некој,ако не непрска ни на 30 ама ние нон стоп сме тука и за две недели се троши,а и многу мала е боцата,а скапа си е за на две недели да земам.Сега најдов решение има едни на AIR WICK на батерии се подесуваат на колку сакаш време да прска 15,20,30 минути и имаат голема боца ко дезодорансите е слична,и мириса цела соба кај комшивката имам видено и сега сум во план такво да земам само го чекам да дојде на акција тогаш е околу 260 денари,ама траело скоро месец. А за во тоалетот сега начекав едни како сапунчина се за бигор во казанчето,ставив едно и кога пушташ вода се прават шапушки во шољата и стојат се до следното пуштање,ама не да мирисаат убаво дури и предсобјето залева.
И јас дојдов да ги пофалам овие освежувачи До сега дома користевме Air Wick, ама се префрливме на спрејчево што се покажа како многу практично. Прв пат го мириснав Emotion кај вујко ми, видов што чудо е, па решив и јас да купам за дома. Ама јас се одлучив за Floral, некако Emotion јако ми мириса. Може да се користи и за алишта, па доволно е да напрскате на завесите да речеме и готово. Цел ден ќе ви мириса убаво