Јaс нa Сител пуштив, ме мрзи дa бaрaм лaјв стримoви, aкo нaјдете некoј aсaлен, прaтете.[/QUOTE] Гледај си на Сител, не е исто чувството да гледаш без Миланка па колку и да се зезаме Ете ги во живо од црвениот тепих.
Прекрасна! Џејн Фонда изгледа совршено, како ги носи годините секоја чест. Ич не ми се свиѓа преносот на Сител, како и секоја година де ништо ново. Затоа во 02:00 се префрлам на РТС1.
Saorise Ronan ми е фаворит за женска улога. Девојката заслужува. Филмовите не ми се гледани. Гет Аут мислам ќе фати рекоа во жири се 35%обоени така да тоа е.
Најјака е Миланка кога ги слуша водителите што зборуваат и си се смешка, а не преведува Само се слушаат воздишки ккккк хххххххаа.... Не дека гледачите не разбираат англиски (сигурно 99% разбираат што зборуваат), ама интересна е Ете ги рекламите на шител на секои 2 минути, сега му е мајката да изрекламираат се живо и диво.
Баш Ем некоја налик избледена виолетова, ем везот, ем светкав самиот фустан, ем шљокици. А многу ми е симпатична Селма иначе. Читав пред доста време интервју со неа, имала комплекси поради килажата и многу ниска самодоверба. А баш е слатка. Ја го чекам традиционалното паѓање. Оскар не е оскар ако некоја не се струполи по скали од возбуда.
Миланка не ми се допаѓа на тв,не ми делува фотогенично. Инаку во живо е поубава ама многу ладна е дури и дрска. @Yowannty од друго се сопнуваат по скали. Giuliana Rncic водителката на Е има одличен фустан.
Не знам зошто, ама мене па, отсекогаш тие "чоколадните" интересни ми се во такви (контрастни) бои-розева, жолта...
Лани кој направи салто мортале по скали? Мислам никој, ама може грешам. Мене ми изгледа евтино, ко Ники Минаж. Виола е дама, ама ептен ми е утка со бојата. Моделот и прилега одлично. Жолта е класика, ама магента...мислам, магента.
Лани никој не падна, лани некоја беше заспала на сред оскари не ми текнува која беше Ама затоа минатите оскари имаше доста паѓање неколку години по ред. Марго ми е преслатка. Фустанот.. можела и подобар.
Џенифер Гарнер најмногу за бојата на фустанот. Сугурно ќе има уште многу за коментирање, ама утре кој ќе станува за работа Пријатна вечер Оскаровци
Џулијaнa ми е секoгaш прекрaснa. Ептен јa сaкaм и кo вoдителкa и кo личнoст oпштo. Тимoти ми е некст левел aрт. Кo oд другa плaнетa дa е. Другиве гoре - дoлу, дoбри се.