Јас заспав и се разбудив точно за главните награди. Е бидејќи не ми се гледани филмовите ќе ги пуштам оскаровскиот и оној за женска што зеде. Добро и оној со Гери Олдман. Ама прво да се наспијам оти спиев на рати.
Мене филмот воопшто не ми се допадна онака веќе на 50минути до крајот ми стана досаден, и гаден и се остало Барав мислења на интернет и повеќето се негативни, се зачудив како зеде оскар за најдобар филм, значи како?!?!?
Значи очекувано заспав де И онака оваа година воопштоо не ми беше интересно,филмовите не ми се гледани и не знаев за што станува збор а и повеќето актери ми беа непознати со исклучок на некој. Сакам само да го изгледам Shape of Water и толку. А,да и анимираниот. Имаше и лошо и добро облечени,солидни беа. КИдман ми се допадна како изгледаше.
Никол Кидман според мене беше утка. Одвај се движеше во фустанот, изгледаше како подвижна статуета. Фустанот прелош со ужасната машна, никаква елеганција. Плус толку светла коса не и прилега, делува бледо, уморно, старо. Преубава е, ама ова беше дефинитивно утка. Исто не ми се допаднаа Виола Дејвис и Ширса Ронан. Имаше уште неколку, ама овие 3 беа врвот. Ете и Селма Хајек. Како трбушна плесачица со "герландите" од кристали. Ми се допадна Џенифер Лоренс (иако не ја сакам воопшто како актерка, ама беше скоцкана бонбона), Гал Гадо, Елизабет Мос, Марго Роби, Мерил Стрип - синоним ми е за Оскарите, Лора Дерн. Ретко некоја апла утка, ама немаше нешто спектакуларно како низ годините.
И мене вooпштo не ми се дoпaднa Никoл Кидмaн. Бaш кo стaтуеткa е, сaмo дa јa фaтиш и дa јa дoделиш некoму. Гoдинaвa никoј не ми се дoпaднa oнaкa бaш целoснo. Пoвеќетo беa сo декoлте дo пупaк штo нaвистинa е еднa гoлемa уткa. Мaргo е прекрaснa, aмa тoa нa фустaнoт кo укрaс зa елкa е. Ми се дoпaѓa штo Емa се двoи вo пaнтaлoни и сaкo, меѓутoa бoите, мaтеријaлите, сaмaтa кoмбинaцијa е лoшa. Селмa Хaјек е дефинитивнo нaјлoшo oблеченa. Кaкo нaјдoбри би ги издвoил Џенифер Гaрнер, Џејн Фoндa и Алисoн Џени.
Јас не типував за овој филм, но не се ни бунам. https://off.net.mk/bookbox/gledanka/oblikot-na-vodata-shape-of-water-2017 Криво ми е што CMBYN не доби оскар за visions of gideon или mistery of love. Песните ме потсеќаат многу на Bon Iver. Како минува времето, скоро и да немам фаворити..
Од фустаните не видов многу, пошто сум заспала, али можам да кажам дека досега никој не ми изгледал поубаво од Мила Јовович во 2012. Едноставно, а преубаво.
Гал Гадо беше секс-бомба, Кечо. Мораш да признаеш. Никакво невкусно деколте, жената беше едноставно прекрасна. Мене поужасна ми беше онаа спикерката во зелениот фустан на тепихот, со градите на мегдан натопорени до врат. Длабоко деколте е секси само кај девојки како Гадо. Ема Стоун исто не ми се допадна. "Сатенскиот" костум вриштеше. Добра замисла, лоша реализација. И покрај лошата комбинација, изгледаше прекрасно.
За филм воопшто очекувано, фаворит беше. До пред 3-4 години, фустаните беа каде каде пософистицирани и погламурозни и на еден повисок левел на елеганција. Оваа година ми се чини секој втор беше утнат. Би ги издвоила: Моли Симс, Џејн Фонда, Бети Габриел, Грета Гервин, Софија Карсон. И преубавиот бел фустан на Марго Моли, едноставна елеганција, патем оној момент со лентите што и висат ми се вишок и ме потсетуваат на китенки за новогодишна елка. Без нив верувам подобро би било.
Shape of water...ништо посебно. Мислам дека не заслужи оскар за најдобар филм. Другите победници сосема заслужено. Инаку фустаните катастрофа. На една рака можам да ги набројам убаво облечените. При толку пари, на дофат врвни дизајнери и вакви лоши фустани...Црвениот тепих не ми се допадна воопшто.
Ке заборавев да спомнам дека Џенифер ми остави лош впечаток,кога беше како пијана будала со тоа чашата вино.Инаку не ми се допадна како изгледаше. Ема е сипматична девојка ама комбинација јок. Вергара ми беше добра.
Говорите им беа вештачки затоа што ги ограничуваа со време. Нај момент татко ми ме вадеше од школо да одиме на кино. И кога го кратеа победникот за едитор и им вели јас тоа работам да го одолговлекувам а не да кратам не ме кратете да кажам уште нешто. Убаво облечени Џесика Бил,Џејн Фонда-ми е поим за Оскри2018,еј лекции на малдите може да им држи,Ашли Џад,Ема,Зендаја, Џулијана Рансик нема утка никогаш а прилично несимпатичен лик ми е,ама има жената стил фантазија, Сали Хокинс. Најголема утка Виола и Салма.
Годинава немам гледано ниеден филм бидејќи искрено ниеден не ме привлече. Гледав до пола онака најмногу за модата, но ништо посебно...Најголем впечаток ми остави Тaraji P Henson, најубаво изгледаше а како што се сеќавам и минатата година имаше предобар фустан. Тука можам да ги вбројам Jennifer Garner, Jane Fonda, Gina Rodriguez. другите ептен слабо.. Вајола ретко кога прави утка, но оваа вечер бојата и беше промашена. И најпозитивно изненадување - Eddie Vedder, ептен емотивна изведба
Се слoжувaм зa Гaл, и oнa ми беше еднa oд пoдoбрите. Штo би рекле aмерикaнците - on point. Инaче, aкo не земеше The Shape of Water, се плaшaм декa Best Picture ќе земеше Get Out, или Dunkirk... Нaвивaв зa Call Me by Your Name, aмa некaкo знaев oти немa дa земе пoрaди тoa штo лaни Moonlight земa, иaкo Call Me by Your Name е мнoгу пoдoбaр. Плус, стaвен рaмo дo рaмo сo Dunkirk, aкo пoбедеше Call Me by Your Name, ќе беше зoштo гејoви, a не вoјници. Акo беше Dunkirk, ќе беше зoштo вoјници, a не гејoви. Мoже и Three Billboards Outside Ebbing, Missouri зaслужувaше Best Picture, не знaм, ќе гo пoгледнaм пoсле. Пaтем, не знaм зoштo еден мрднaт дел вo мене мислеше декa Best Picture ќе oтидеше кaј LadyBird, и oнaкa мнoгу мaлку имaше зa филмoт низ целoтo шoу, oчекувaв нa крaј дa нè изненaдaт сo нештo вaквo.
Мои фаворити годинава беа Three Bilboards, The Shape of Water и Darkest Hour. Другите филмови беа сите веќе видени некаде друг пат. Call me by your name ништо толку посебно, им стана пракса да вметнуваат по еден ваков филм. Проѕирно станува веќе. Вистинско освежување беше Three Bilboards, Shape of Water си е класична бајка за возрасни. Не ми е јасно како Get Out успеа да искотира толку високо. Не беше лош филм, ама не е нешто толку за восхит.
Серша Ронан, не Ширса или како ја осакативте погоре. Гадот е со Т исто, Гал не е французинка. Shape ми беше најлош од сите што ги изгледав номинирани годинава. Билбордите иако не беа нешто посебно, беа многу подобар филм од оскаровецот. Во номинирани требаше и Франко да го има, за жал, после тие скандалите, го снема, дали една номинација имаше The disaster artist. Нејќе Холивуд бед прес. Мило ми е за Роквел и за Алисон. Иако Френсис не беше лоша во улогата, годинава позаслужена беше Марго. Имаше прејак перформанс во I, Tonya. Мерил и Дензел заедно си ги седнуваат имам приметено, веројатно зошто и онака секоја година без врска си ги номинираат, па ајде, нека си поседат и заедно. Џими лани беше подобар. Изгледа престанаа шегите за Трамп. Нека си бараат посмешен водител за догодина. За изглед, најубави - Џенифер Гарнер, Гал Гадот, Алисон Џени. И Марго беше супер.
Миланка ја читаше Сирша, кај неа да се жалите. Мене Аутокорект ме заебал, арно не испаднала Шенка на крај. Темата е прекежуал за да напнуваме околу транскрипција до толку.
The Shape of Water испадна со најмногу статуетки? Многу ми е мило, скроз заслужено И за женска улога ми беше фаворит Сели, ама океј, сепак и Френсис е сосема океј и ја заслужува наградата (иако за филмот во целина имав малце mixed feelings ). Сега баш ѝ го погледнав говорот... духовито, феминистички и прејако - she totally stole the show, браво! Ах, и треба ли да нагласам колку за Call Me by Your Name очекував повеќе? Барем и за песна да земеше, Mystery of Love ми е толку прекрасна... Да не зборувам за Тимоти колку драго ќе ми беше... стварно е најсрцка, откритие ми е од Оскариве. Сигурно му престои блескава кариера Врв бил и на ред карпет, а Арми пак колку е само classy Морам посебен appreciation за нив двајца Од креациите веќе сте ја спомнале Џејн Фонда - најелегантна и прикладна за возраста, Алисон Џени исто ми остави впечаток... потоа Џенифер Гарнер, Сели Хокинс, Марго Роби, Елизабет Мос, и Софија Карсон ептен ми е по мој вкус (на мојот матурски фустан малце ме потсети ). Никол Кидман ми е тууууу мач, Ема Стоун ќе била топ без машничено Виола Дејвис и Вупи Голдберг најголеми утки Also, улогата на meme годинава иде кај Џенифер Гарнер, не знам дали ги видовте зезанциите околу нејзината чудна шокирана реакција