Oстровот Шатер (Shutter Island) [2010]

Дискусија во 'Филмови' започната од black-angel, 23 октомври 2011.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    4.517
    Пол:
    Женски
    Драма , мистерија, трилер,филм во режија на Martin Scorsese.
    Предобра приказна до кај може да отиде човековата психа
    Анализа на двојната личност

    Што мислите вие за филмот?
    Како ви се допадна?

    [​IMG]
     
    На elimkd и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  2. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Феноменална глума.
    Феноменална приказна.

    Можам дека кажам дека Леонардо со последниве неколку филмови, растур прави. :)
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Филмот ме остави без зборови. Обожавам вакви филмови. Прекрасна глума, драма, мистерија, психолошко патување низ времето. Мартин Скорсезе и Леонардо= добитна комбинација.
    Одличен филм 10/10. И сеуште не знам зошто Леонардо нема добиено Оскар никогаш во животот.
     

    Прикачени фајлови:

    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Го гледав некаде пред една година и ретко да се види вака добар психолошки трилер.Леонардо како и секогаш одличен а и вакви улоги му лежат најмногу ми се чини.Се на се филмот е доста интересен,напнат и заплеткан.Иако доста долго трае,мене набрзина ми помина времето.
    Поради тоа што е психолошки филмот па секој го толкува на свој начин.
    Само некои работи не ми беа баш јасни.
    Дали ликот на Дикаприо е стварно ментално болен ? И дали онаа сцената кога неговата жена ги удавила децата нависттна се случила или тоа само си го замислува тој?
     
  5. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Го гледав филмот мислам пред една година и тоа во кино.Филмов ма моменти ми беше creepy,на моменти многу интересен,на моменти нејасен.
    Всушност,многу работи ми беа нејасни,вклучувајки го и крајот.
    Дали сето ова беше уствари вистина или Лео е ментално болен,па си замислува?
     
  6. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.046
    Крајот е намерно таков, со цел да остави простор за различни мислења и сопствена интерпретација. Да има уште долго по него дискусии на тема Дали беше ментално болен или не?. Лично, од првпат ми легна најголемиот дел од филмот, со одредени дупки, ама веќе од следното гледање бев сигурна дека не е до него, т.е. дека Лео си е сосема океј и не е болен. Не знам, пак би го гледала и мислам истиот став дека ќе го имам.
    Не е само околу жената и децата, откако ја најде таа во пештерата, па и при крајот лекарот кога го убедуваше во кулата дека не е никаков инспектор туку си замислува се`, тука особено си зацртав дека го онадат во здрав мозок гадовите. :D
     
  7. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    И јас пред некој ден се мислев да отворам тема за овој филм, ме инетересираат мислења од другите како го сфатиле филмот.
    Јас веќе кажав на една друга тема, според мене (колку што се сеќавам на филмот) се' тоа беше договорена глума на Леонардо и неговиот партнер за да го затворат таму и да му направат лоботомија бидејќи не може повеќе да живее со фактот и сеќавањето дека неговата жена ги уби децата :^)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Вас устварни главното ви е најнејасно. :D
    Не се сеќавам точно,оддамна го гледав,ама на крајот,сфати дека е луд и затоа одглуми за да го лоботомизираат.Подобро да живееш како добар човек кој не знае за себе,отколку како монструм,не за џабе го кажа тоа ко хинт за конечен заклучок.Беше луд и растроен од настантаните,халуцинираше,беше суицидален,но и опасен,всушност нели и тој беше личноста која цело време ја бараше за извршено злосторство.Некои бранат став дека всушност,тој ги има убиено жената и децата,но не верувам.Сепак,не го местеа,туку беше навистина луд.
    Кога ќе се размислам треба пак да го погледнам.Добар филм.
     
    На Anonymous996, sesilija, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    еј колку пати сум дискутирала за крајот на филмов кој како го има сватено и за секој е различно.

    Според мене, Лео стварно ги имаше убиено и таа меморија ја имаше потиснато. Е после кога се сети на крајот на филмот, намерно се направи луд само колку да му го исперат мозокот зашто не можеше да живее со тој факт.

    ова мое скромно мозоче така го свати :rofl:
    како и да е, филмов е стварно маsterpiece и секој би требало да го изгледа. тоа и намерно е оставено така место за да се дебатира што уствари режисерот сакал да каже. :)
    дефинитивно еден од моите омилени филмови.
     
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Абе, според мене, јас како го сфатив филмот, Лео нема убиено никој. Сепак мислам дека ова му беше наместено и на крај кога виде дека нема чаре, затоа и го праша неговито 'партнер' дали е подобро да живееш како монструм или да умреш како човек.
    Е сега, до сега со секој шо сум зборела, сите различни мислења имаме, и очигледно режисерот го сакал ова двоумење меѓу нас за филмот, всушност кој и каков е Лео.

    Мене ми се допадна филмот, посебно зашо е од мојата гранка на омилен жанр, но сепак крајот ми е матен малку, ама уште еднаш, не мислам дека е луд и дека убил.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664

    Се согласувам. И јас мислам дека тој ја нема убиено жена му. Нели тој докторот му даваше нешто за да халуционира и да си измислува, а после да го убедат во тоа дека е луд и дека тој ја уби жена му. Тоа они предвреме го испланирале со таа од пештерата, го онадуват у здрав мозок. Всушност јас мислам дека Лео беше единствен нормален на островот.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.046
    Јас, како што го сфатив, целиов филм... :o
    Човекот си имаше бубачки во главата од старт, жена му умрела во пожар во зградата кај што живееле, па оди во војна со цел да потисне болката, чувството на вина итн. Не му успева, таму постојано збори за тој што го подметнал пожарот. Се изнаубива луѓе во логорите, и пак не осеќа како да е тоа надоместок и не ја одмаздил жена му, и уште толку се дооштетува од војната.
    Островот е тајна локација на владата кај што праќаат луѓе што им пречат како и општествени отпадоци и си вршат експерименти, додека не се мрднат стварно/поверуваат дека се демек луди и на крај сите на лоботомија вака или онака.

    Лео "намерно" го одбира случајот, зашто до него стигнува информацијата дека пироманот е пациент таму и всушност оди по него (кој воопшто и не се појавува, што значи е мамка за да тргне на островот). Партнерот што го назначуваат да оди со него го гледа првпат во животот и на крајот излегува дека работи за нив. Тој им е одличен примерок+со мотив, за да го однесат таму и да да си играат играчки, мене се ми изгледа наместено. и на крајот му ја свртија приказната како што им одговара.
    не знам за децата и жената само... и да е таа опција, ако не можеше да живее со чувство на вина дека ја убил жена му сто пати ќе се фрлеше од карпа, не ќе чекаше да му копаат по мозок. јак филм, нема што. пак ќе си го гледам, уште некоја варијанта сигурно ќе излезе. :wasntme:
     
  13. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    4.517
    Пол:
    Женски
    И јас цело време мислам дека го наместија дека не ни беше луд,ама таа во пештерата што беше убаво му кажа ако околината процени дека си луд ќе те убедува и на крај самиот ќе си мислиш дека стварно ти фали некоја жицка иако си сасвим нормален
     
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Да знаев дека филмов е толку добар одамна ќе го гледав, мислев дека е некој тежок хорор и го одбегнував.
    Само што го гледав и мое мислење е дека Леонардо (Теди, Ендрју) е навистина луд. Поверував во приказната на д-рите дека намерно му ја исценирале неговата фантазија за да самиот се соочи со реалноста и потиснатото да излезе на површна.
    Верувам дека жена му ги убила децата, а потоа и тој неа, и како чувство на вина бега во свој имагинарен свет. Последната реченица самата упатува на тоа дека сепак е свесен за стореното и подобро би прифатил лоботомија отколку да продолжи да живее со помислата дека е чудовиште.
    Одлична глума, музика го дополнува ефектот на лудило....напнтаност, неизвесност...од мене чиста 10.
     
  15. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Еден од најдобрите филмови кои ги имам гледано. Леонардо одлично си ја има одиграно својата улога, целото сценарио е сосема добро осмислено. Збунувачки, но сепак доволно интересен да го задржи вниманието на оние кои го гледаат. Едноставно прекрасен филм кој вреди да се погледне.
     
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Oпасен е.
    После филмот бев малку така...како потресена.
    Неизвесен до самиот крај, толку пресврти, толку испревртено се..
    http://www.youtube.com/watch?v=RdumGs1qoXM
    0:39
    -.- ме замрзна
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Someone is missing and it's your job to find him!

    :x :x
    Аурата која ја опкружува приказната, актерите, се' во целост, доловува посебен ефект како ќе ја доживееме приказната. Одличен е!
     
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Сепак мислам дека тој не е луд. Таму беше со цел да го најде убиецот на жена му. Сфати дека е во замка а истовремено не можеше да го најде местото кај што ги лоботомизираат пациентите. Единствен начин некогаш да избега од тој остров и да им докаже на луѓето што се случува на таму е да признае дека е луд . Добива на време да го најде убиецот и местото за лоботомизација.
    На крај велат
    T: Кој е следен потег?
    Ч: Кажи ми ти.
    Т: Морам да си одам од овој остров Чак, што и да се случува овде, гадно е. Не се грижи, нема да не фатат.
    Ч: Така е премногу сме паметни за нив.
    Т: Да зарем не сме :D .
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Одличен филм, многу напнат трилер.
    Ми требаше нешто вакво да изгледам, го затупев мозокот со она американскине лимонатки |(
    Додека го гледав цело време размислував опции за тоа како ќе заврши и која е вистинската варијанта на приказнава.
    Сепак, мислам дека Теди од целиот тој емотивен стрес што го доживеал, си скроил нереална личност во главата. Гледам дека повеќето мислите дека го наместиле и не е луд, ама јас го разбрав како што го разбрале Лолита и Лилит. Но, мислам дека во последната сцена беше свесен за неговата ситуација и намерно одглуми дека се вратил во својот свет, затоа што се помирил со тоа дека станува опасен за околината и дека единствена опција му е лоботомијата.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Дали сум единствената која мисли дека филмов не е воопшто двосмислен? :D

    Јасно и очигледно е дека
    Лео навистина ја убил жена му бидејќи таа имала пореметување на мозокот и ги убила нивните 3 деца. Откако ќе го разбудат тој ја прифаќа реалноста, но со прашањето: Дали е подобро да живееш како чудовиште или да умреш како добар човек? ни дава до знаење дека попрво би умрел отколку да живее како човек во ментална болница кој си ја убил жена му која премногу ја сакал.