филмов мора значи мора да го гледаш и на крај ќе се запрашаш зошто си испуштила вакво ремек дело, ова е еден од најдоброте филмови на Мартин С. Самиот филм е мистерија, гледај го со особена внимателност за да на крај сама резимираш и донесеш заклучок што точно се случило и која е вистината, тоа е и всушност поентата на филмот, гледачот да одлучи во што ќе верува. (офтопик, ми даде одлична препорака за филмот Боби ама малце морам да одморам од Кенеди)
Со коментариве направивте пак да посакам да го гледам филмов. Не сакам да употребувам клише фрази, ама навистина сè поретко се прават вакви филмови, штета. И штета што овој филм си остана доста потценет во однос на Оскарите, ниту една номинација не доби, а баш мислам дека заслужуваше. Среќа публиката знае да препознае што е добро, па наградите од овој тип можеби и навистина не му требаат, не би смениле ама баш ништо.
Исто мислам, дека ептен беше потценет и дека денес ретко се прават добри психолошки трилери, а и научна фантастика... Ми се смачи од супер херои на Марвел и таквите.
Го гледав и многу е интересен, па го оценив со 10-ка, најмногу ми се допадна атмосферата на островот. Вајлд е во право, само ќе додадам дека беше предвидено на главниот лик да му извршат лоботомија, а докторот не се согласуваше, тој застапуваше третман со лекови и затоа цело време се вртеле во круг, но на крај не успеа да го излечи. Филмот е елегија за луѓето со ментални проблеми.
+ заборавив да напишам дека во него немаше ни волја да биде излечен и да ја напушти клиниката, за да не се соочува со тоа што го направил. Мислам дека и тоа е една од поентите и дека точно го сфатив филмов, бев уморна додека го гледав, премногу филмови почнав да гледам и немам баш време да се фокусирам во анализата , а овој си бара повеќе внимание.