1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Online купување на облека од Македонија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од mKdevojce, 9 април 2014.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    14.003
    Гледам дека на Facebook има доста групи каде што се продава облека.
    Дали некогаш сте порачале некое парче облека на тој начин?
    Според вас колку може да им се верува на таквите продавачи?

    Од оваа ситуација се наметнува друго прашање:
    Дали мислите дека на нашиот пазар му недостасува online продажба на облека,
    но не преку Facebook туку преку добро "стокмени" web страни?

    Јас мислев дека кај нас луѓето уште немаат доверба во online купувањето, но се изненадив кога видов дека луѓето купуваат облека од обична Facebook страна.
    Јас лично би сакала да има повеќе такви страни од коишто би можела да си изберам некои парче облека наместо да лутам по продавници.
    Што мислите вие?
     
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Јас имам порачано преку страна на фејсбук штикли ама за жал не стасаа, среќа човекот беше фер па ми врати поголем дел од парите, штиклите чинеа 1500 со се поштарина а тој ми врати 1300.
    За повторно да порачам преку фејсбук страна искрено и не би...
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.069
    Пол:
    Женски
    Јас не би купила никогаш од фб страна, прво незнам дали би ги вратиле парите а и зашто да купувам кога на ибеј и алиекспрес ги има истите работи за многу пониски цени
     
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    14.003
    Не ми беше поентата дали би купувале од Facebook, туку дали доколку би постоеле добри web страни (македонски) би купувале од нив. Како оваа страна на пример http://www.swimwearforme.com, специјализирани за продажба на облека . Тоа со Facebook беше само како воведен пример.
     
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Имa некoј штo е пoрaчaл пaтики,сaкo или пoстелнини oд фб стрaнa мк ?
     
  6. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не, ама повеќе од мои пријателки имаат нарачано адидас и конверс патики и немаат кажано дека имаат проблем. Патиките се слични од сликата сега на пример ти плаќаш 1000 ден. на нет за адидас а во птодавница се 3000+ неможат да бидат исти патиките од нет и од продавница. А за постелнина стигнува исто како и сликата што е на нет ама зависи од која страна нарачуваш.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Имa шaнси дa ми прaтиш чинк дa не се зезнaм?
    Фaлa зa инфo.
     
  8. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Другар на мој братучед кажуваше дека си порачал патики од некој страна на нет, и му ги пратиле по карго, и овај заминал во каргото платил све и кога ги отворил после тоа внатре стари искинати патики.

    Внимавајте од каде порачувате!
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ivanchos

    ivanchos Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    17.554
    Пол:
    Женски
    јас 2 години веќе се си порачувам од фб страни од бутици..облека,обувки,ташни..немам ни излезено во град да шетам по бутици..до сега не сум имала никаков проблем..се што сум порачала било како на сликата и на време стигнато..:)
     
    На Ugly Duckling и marchi-cool им се допаѓа ова.
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Мм супер, мoжеш линкoви дa ми прaтиш?
    Фaлa
     
    На ivanchos му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    i jas sum kupuvala od fb.sum prodavala isto taka...
     
    На ivanchos му/ѝ се допаѓа ова.
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Дали некоја од вас има нарачувано облека од ebay ?
     
  13. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.715
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Искрено немам доверба во квалитетот од страните на фејсбук и не би нарачала. Особено бидејќи има доста кинески парчиња облека и козметика, па не би ризикувала. Единствено доколку го знам бутикот и сум била задоволна, па да за не лутам би нарчала.
     
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    од страната совршена сеа гледам има два пара пижами за990 ден
    има некој земено ?квалитетот како?
     
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.948
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден од една страна на фб порачав за прв пат чизми и ги погодив и со бројка и со се.
    За 2-3 ми стигнаа.
     
  16. peperutce777

    peperutce777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    139
    Ја отворив темата за сите оние кои нарачуваме гардероба и други производи преку социјалните мрежи, да споделиме искуство како на пример дали производоте се како на сликата, дали се квалитетни и за какви продавачи се работи. Лично јас многу ретко го правам тоа но последно нарачав производ од страна на фв Markiz.mk. Производот не ми беше точен, исто се работеше за материјал на кој кожата ми е осетлива и ги замолив за замена која ми рекоа дека ќе ја направат без проблем. Па се договориме да ми пратат друг производ. Тоа беше пред 5 дена (а кога им пишав за нарачка првиот пат стигна веднаш другиот ден). Сега ќе почекам уште некој ден можеби има проблем со каргото,но искрено се сомневам. Дали некоја од вас има искуство со овој онлајн бутик????
     
  17. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Не сум купувала онлајн облека или чевли, без да пробам и да се уверам дека навистина материјалот е квалитетен, не се осмелувам да купам ништо. Единствено би купила ташна, накит или некој детал, но и за тоа сум малку скептична. Нетрпелива сум, сакам веднаш да платам и да си земам :lol:
     
  18. peperutce777

    peperutce777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    139
    Јас и тие два - три пати што сум порачала ете сум разочарана.
    Сега тешко дека би порачала пак после моето искуство со Markiz. Mk кои сеуште ги чекам да ми ја заменат дуксерката
     
  19. Klaroline

    Klaroline Нов член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ќе можеш да ми кажеш каде си продавала облека на кои страни?
     
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Јас сум нарачувала многу облека преку фб и инстагам од некој сум задоволна од некој не, мислам дека повеќето се измамници особено оние коие немаат да оставиш коментар на страната. Имаше една страна за тренерки ми пратија тренерки со дефект и кога им пишав само ја отворија пораката и ништо не ми вратија. Имам нарачано исто тренерки од друга страна тие па воопшто не изгледаа како на сликата(немам среќа со тренерките), а пак од мода мк наршав исто два пара долни тренерки и помина недела не стигна, кога прашав што бидна со нарачата безобразно ми вратија да чекам дека ќе стигнат и уште ја чекам. Имам нарачувано од сарита, направив неколку нарачки и последната нарачка ми пратија во боја што не ја нарачав со изговор дека згрешиле и се расправав за да ми ги заменат и при замената пак да си платам достава за нивна грешка(катастрофа). Патики имам нарачувано и чизми од некој страни супер се. Од персин имам нарачувано патики супер се. Од italiana имам нарачувано задоволна сум и вршат замена. Од luxe fashion нарачав фустанче многу лош квалитет и катастрофа шиено па го направив да го носам како блуза. Оние бутици што продаваат и на фб се супер, другото е се катастрофа, се кријат, никој не ги знае кој се што се и каква роба продаваат и обично од таквите не ми се погодило ништо а што сум нарачувала од тие што имаат и бутици супер се и сум задоволна.