Јас порачувам од страници кои имаат постоечка фирма. На пример: Ивери,Престиж,Персин... Друго се ми е гола вода.
https://m.facebook.com/profile.php?id=732506643549640&ref=content_filter ама има многу групи каде објавуваат ден за оглас па се има да се најде таму
Јас многу пати имам порачувано од таму и сум задоволна. Свој модел сликаат значи не лажат за тоа како изгледа и брза испорака.
Дали порача? Јас откако пишувавме порачав и овај пат не сум задоволна. Едното е тотално различно, другото ми личи како од Али, третото е океј. Морав да пишам бидејќи таман ги пофалив, поинакво искуство.
Јас секогаш им барам прво слика, имам порачувано кошули и фустан, да исти се. Побарај им нивна слика, секогаш пуштаат.
Негативно искуство со Sarita prodazba.Прв пат нарачав од таму и никогаш повеќе! Ми пратиле друг модел кој што нема врска со тоа што е на сликата само да пратат нешто,сега не враќаат на пораки и не прават замена и ме блокирале кога им кажав дека сакам замена.Мој совет доколку планирате да порачувате од таму прво да ви го сликаат моделот потоа порачувајте.Јас никогаш не би порачала пак искрено квалитет е многу лош не дека очекував нешто којзнае што за тие пари но и за нив не вреди.
Јас не знам па овие на толку поплаки уште како работат. И зошто не се потрудат да се поправат кога има толку жалби. Па јас да сум една жалба да има ќе пробам да се извинам на секој можен начин ако е моја грешката а овие уште па и наудрени се прават.
Добро што ги пребарав пред да нарачам меркав повеќе работи од таму, многу убави модели имаат, но ме загрижи тоа што пишува дека прават замена само на ист производ но друго бројче, а сѐ што гледав е стандард величина . Во секој случај фала девојки ќе си нарачам од друго место
Изгледа само јас имам негативно искуство со Luxe Fashion Macedonia Цел месец ја чекав порачката, на крај кога му напишав што е проблемот зошто не стигна, а пред мене добиваа нарачки мои колешки од истата страната, ме оставија на сеен, и му напишав реферат. Уште еднаш никад од таму, ако имате проблем исконтактирајте ме, ќе се разбериме како луѓе, а не на сеен ме остават
Не ги препорачувам, нарачав два блузони, дизајнот им беше разместен, а едниот дуксер имаше тотално различен дизајн. Им пишав дека не сум задоволна и дека добив нешто сосема друго, ништо не ми вратија. Катастрофа.