Има некој искуство со оваа страна? Многу често ми искачаат на инстаграм ама ми личи ко фејк да се пошо истиве производи ги имам среќавано на алиекспрес само за дупло пониска цена
Од Крива Паланка се овие. Јас еднаш прашував нешто и ме убедуваше дека и се од Usa. Исто има и една од Велес што продава MAC фејк ко да е оригинал.
и што е најтрагично има луѓе им веруваат дека се оригинал и купуваат.. баш имам видено ако на пример некоја палета е од алиекспрес 5$ они ја продаваат минимум 10$ цццц
Ако е евтино - е копија, ако е скапо - можеби е оригинал, ама пак постои шанса да е копија. Не ти се исплати да купуваш од ибеј, не знаеш што ќе добиеш, можеш да платиш колку оригинал, а пак да добиеш копија.
Сакав вакво да си купам го видов на ebay различни цени се негде е 14$ негде 50$ ама не сум сигурна дали е оригинал. Знае некој каде можам да ги купам а да се оригинал?
Девојки дали некоја порачувала од https://www.kosmetik4less.de/en, ме интересира дали нарачките уредно ви стигнале, и што е поважно - дали е безбедна за порачување? Не користам PayPal па би платила со обична Visa која ја користам секојдневно, и поради тоа имам сомнежи, да не се работи за некоја преварантска страна па не дај Боже да ми ги соберат сите пари... @koritsaki те тагнав тебе, зошто видов доста твои коментари за други страни, па да не имаш и со оваа искуство
Здраво Би сакала да ве прашам од кој сајт порачувате шминка, дали имате искуство со feelunique.com и некои слични сајтови. Само да не е алиекспрес и ибеј бидејќи за нив веќе знам Од прилика за колку време стасуваат производите, плаќањето како е и дали сте задоволни пред се
Некој да не сака да си нарачаме нешто заедно од colourpop? Очајно ја сакам новата палета сенки која чини 16$ али не ми се дава уште 10 за шипинг.
@duffi @s1a1n1d1r1a1 Девојки само вас две ве прочитав овде дека сте порачувале од xtras, колкави пратки сте направиле и дали сте плаќале нешто царина? Мојата некаде е околу 35е, па да ве консултирам пред да ја пуштам нарачката. Пишува и дека има 20% на првата нарачка, за тоа ќе ми стигне некој код на мејл?