Има проверени страни кои се дистрибутери на оригиналните козметички марки и лешинари кои продаваат на интернет фејк производи за да заработат на туѓа мака. Прв знак е цената, не може Naked палета да биде 1900 денари ако оригиналот чини 60 евра. Втор знак е дистрибуерот на производот, односно кој го продава производот. Ниту една позната козметичка марка не продава преку ФБ и инстаграм. Сите имаат официјални веб страни со физички локации и customer service. Трето, амбалажата на производот значително се разликува, а фејк страниве дури продаваат производи кои воопшто не постојат и не може да се купат од оригиналниот бренд. На YouTube има многу видеа како да се направи разлика меѓу оригинален и фејк производ. Ние купуваме од проверени страни, сите си пишуваме сопствено искуство после секоја нарачка.
За четки и сунѓери ич не се грижам можам и од тезга да си купам дека тоа се мие сепак .. За креми и пудри ДЕКОГАШ или купувам од продавница(Дм , Шатци, Зегин...) или ич. Имам коментирано дека имам порачувано од таму ,и дека сум задоволна , дадов оценка 7/10 за козметиката ..
Некој има ли порачувано од feelunique.com или cultbeauty.co.uk ? исуства ве молам ми треба поголема количина ...
Здраво. Би сакала да прашам дали некој порачувал од сајтот sestosakam.mk. Би сакала да порачам од кокосовото масло и шеа путерот, но не сум сигурна дали се исправни производи. Поздрав
Немам нарачувано, продаваат фејк козметика. Не им се високи цените, но за тие пари на пазаров можеш да најдеш оригинал, проверена козметика од некои брендови која е со сосем пристоен квалитет *** @sorbet дали ти имаше нарачувано од TamBeauty или нешто грешно сум запамтила? Гледам имаат големи попусти на божиќните гифт сетови од Makeup Revolution, за £30 (околу 2000 ден.) има огромен сет со 12 парчиња што баш се исплати - инаку кај нас една палета само е околу 800 ден., па се мислам да го порачам ама не сум нарачувала од странава досега, не знам како е со испораката.
@MagsDestiny да, нарачав пред некоја недела но пратката не мрда од место. Customer service-от им е профи, буквално во секунда враќаат на мејл ако имаш некој проблем. Сто пати ми се извинија и чекаат одговор од courier service, a jaс воопшто немам трпение за праткава. Јас ти викам да нарачаш. Многу девојки имаат позитивно искуство со Tam Beauty, пролистај некоја страна наназад.
Jas imam naracuvano bizuterija prethodno A vcera BA's naracav senki bas koga ke stignat ke ti pisam kakvi se Oovie GI naracav e Sega ne se skapi I ne ocekuvam premnogu ama ke vidime.Plus NAD 300 den dostavata e besplatna
Pogledni go I videoto so demonstracija na proizvodite moze ke ti bidi polesno da se odlucis https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=913076812188485&id=788298521332982
И мене ме интересира како ќе бидеш задоволна со сенкиве кога ќе ти стигнат. Баш интересен избор имаат за евтини пари, па да знам дали ги бива
@MagsDestiny јас имам позитивно искуство со Tam Beauty, поефтино ми е од страната да купам плус почесто имаат намалувања а и во нашиве Голден Роуз продавници го немаат целиот нивни асортиман..
Порачав пред 10 дена од tambeauty, пратката вчерс стигна во Македонија. Но, потоа пишува Customs Retention: unspecified reason. Што значи ова? Разбирам дека ми е задржана, но зошто и дали на некој му се има случено ова?
Во локалната пошта во мојот град ми стаса извештај дека треба во царина во Скопје да однесам фактура нешто како доказ веројатно за плаќање на нарачката. Му стигнало ли вака на некој и кои документи сте ги носеле?
Уф не знам колку би ти наплатиле, најдобро најди контакт, јави се кажи број на пратка и види што ќе ти кажат.