Колку чини поштарината на TamBeauty ? @Irreplaceablee знам ти имаш порачувано. До која сума имаш нарачано , дали си платила плус, за колку работни денови стигна? **Иначе прочитав дека на 28 овој месец се пуштаат во продажна нови производи на mur на TamBeauty. Мене во очи ми паднаа коректорот ( велат дека бил блиску до коректорот на tarte ) и стик -пудра која е 5 фунти а е многу покривна и лесна ...
Коректорот е веќе пуштен во продажба а пудрата треба да ја пуштат кај и да е. Треба да има и нови нијанси од коректорот, така прочитав, ама не знам кога точно. Порано беше бесплатен шипинг над 40 евра, сега гледам ставиле над 45евра. Не ме држи за збор ама мислам дека е околу 5евра шипинг ако немаш сметка над 45е. Иначе над 50евра ми биле мене лично нарачките увек, со бесплатен шипинг, но во пошта ми зимаат околу 200ден за царина ако пакетот е над килограм. Мене ми стигале нарачките за недела дена освен последнипт пат за блек фрајдеј беше нешто подолго. Иначе, големите палети со мат сенки топло ви ги препорачувам. Предобра пигментираност, лесно се блендаат и преубави бои имаат. (Оние што се копија на морфи). Ги имам користено конкретно истите 4 палети од морфи и од мур и овие на мур повеќе ми се свиѓаат. Хајлајтерите исто така, предобри. Помадата за веѓи (конкретно плавата) е многу темна и сива. Да не се заебете како мене ако сте планирале да ја нарачате, освен ако сакате таква боја, мада според мене воопшто не одговара на плавуши. Ружевите им се исто супер и моливчињата за уста исто така. Ако ми текне уште нешто ќе дополнам. Малце забегав од прашањето ама сакав да споделам мислење.
На инстаграм прочитав дека на 28 ќе имало производи . Се што ќе те прашував во лп се напиша тука Од хајлајтерите и моливите ме натера да нарачам Напиши уште дали тие големи палети се 13 фунти . Дан зезнам работа Јас од морфи имам две палети и презадоволна сум.
Ви ги прочитав мислењата погоре за там бјути,еднаш пробав да направам порачка но не успеав.Па сега добив желба повторно да се обидам.Па ме интересира од кои производи што сте ги порачале од оваа страна сте задоволни?
Ако порачувате хајлајтери немојте да се зафркнете со тие течните. Јас го купив Unicorn Elixir-па тоа смрди бре на расипан сируп, кај ретко па и мрсна текстура, комбинација за никаде. И помадите што се копија на АБХ ич не им чинат-премногу се тврди и дури грутчести некако.
Еве овие 3 ми се омилени. Првиве 2 се скроз мат, а третава има по некоја светкава нијанса. Имам нарачано уште 2 со светкави нијанси ама не ги коритам нешто многу. Овој течен хајлајтер е предобар, и го дадов на мајка ми и она го става пред пудрата. Ептен природен изглед дава така и многу ми се свиѓа како изгледа на нејзиното лице. Јас го избегавам пошо имам мрсна кожа. Овој е исто врв. Само што нијансава не е како на сликава него е дoста по светла. Ако имате баш бел тен ќе ви одговара, ако не барајте потемна нијанса. Гледам имаат нови моливчиња за уста. Јас имам 2 од старите ми ги имаа пратено во мистери бокс и ептен се добри. Кога ќе ги ставам на уста едино со влажна марамица можам да ги избришам. Јас едвај чекам да искочат и пудрите па да нарачам пак.
Другарка ми има од течниот хајлајтер шампањ нијанса и баш е задоволна. И мене лично ептен ми се свиѓа. Па ќе го нарачам starlight. Според сликава се гледа дека Unicorn Elixir има слаба пигменација. @koritsaki дали од lookfantastic имаш нарачано производ од La roche posay? Јас вчера сакав да нарачам и не прават достава до МК. Кога им пишав на live chat ми кажаа дека самите продавачи ставиле забрана, т.е самите си одределе до кои земји може да се пуштаат. Јас имам пријателка во Гр па баш ќе ми биде од корист информацијата твоја
Od lookfantastic, samo loreal maybelline ili drugstore prakaat za Makedonija, Imam probano se drugo ne mozi. Isto i jas gi kontaktirav i istiot odgovor go dobiv. Iskreno samo sminki probav da naracam neznam za Skin care. Od beautybay se super se mozi i stignuvaat za 2 nedeli.
Не би да попувам ама тоа е се лажна козметика од Алиекспрес и Ибеј изнакупена. Зашто побогу би купила нешто фејк кога можеш да најдеш дјуп и кај нас?
Vo pravo si zenava tvrdi deka prodava original, gledam mnogu zadovolni od proizvodite pa zatoa prasav dali slucajno nekoj ima poracano, dali navistina se original.
Па не секој знае да распознае квалитет или дали нешто е оригинал или не е. Мислам види ги NYX течните хајлајтери и се ќе ти биде јасно.
Iskreno nemam kupuvano nisto od Mac, NYX, Kyile... Zosto mi bile skapi, a fejk ne sakam da kupuvam koga ima pristapna I kvalitetna sminka kako Catrice, Alverde, Loreal I dr. Me zainteresira bidejki gledam mnogu zadovolni si vikam zarem nikoj ne primetuva deka e fejk ili pa navistina e original. Zatoa sakav da prasam tuka bidejki gledam deka gi koristite proizvodite I razlikuvate fejk od orginal.
Девојки дали некоја од вас има прашувано/контактирано со некој од царина? Ми треба некаков контакт за да прашам за пратка. Нарачав производи од colourpop на 25.12 и уште ми ги нема. На 05.01 се тргнати навака од Франфурт и уште ги нема. Единствено логично објаснување ми е да се заглавени на царина, па ако има некој да прашам таму. Ви благодарам