http://www.elfcosmetics.com/ Дали некој нарачувал Елф козметика од оваа страна или друга? Дали може со обична дебитна картица и дали има шипинг? Гледам производите им се многу ефтини, а и некои се доста фалени на јутуб.
Девојки дали сте нарачувале од Make up Geek официјалната страна? Сенките за очи им се сон! Ако некој имал искуство нека пише pls
Сега порачав една палета сенки од xtras. Free delivery има. Си направив PayPal. Ама сепак долго се мислев и се возбудив малце оти прв пат порачвам било шо преку интернет и малце ми беше/е страв. За колку ќе стигнат од прилика?
Фала ти највеќе! Гледам и дека shipping-от е free над 20е, што ми одговара. Дали си порачувала од сајтов? Искуство некој?
Имаше на фејзбук една група " Продажба на козметика" , продаваа демек Мак, Есте Лаудер Мф декоратива и знаев дека нема шанси да е оригинал ама мерак ај им пишав 3 пати, ме убедуваа оригинал е демек и океј порачав и тоа не воопшто ефтино.Леле кога ми стигна, тоа пудрата Мак мешана со нешто смрди тоа кармините ужас.. И нормално несакаа да ми ги вратат. Никако од нив да не сте се зезнале да порачате. Жалосно на каков се начин луѓето заработуваат .
Уште ми нема стигнато палетата од xtras. Десет работни дена поминаа. На 22ри мај ја порачав... И тука видов дека за една недела стигаат, и на страницата така пишува. Малер човек јас.
Му пишав ми рекоја после 20 работни дена ако не стигни да барам refund. Ама би преферирала да стигни хаха.
Еднаш порачував од интернет од Австралија пред 2 години, ама сега е затворена страницата и се викаше Brokysh wake and make. Нарачката беше сенки, ми се свиѓаа нијансите и беа 100 на број за само 420 денари, па реков ајде зашто да не. Добро шипинг земаа само два долари и среќна што ми дојде порачката за недела дена, иииии што да видиш, 44 сенки скршени над другата половина пошто на отварање беа. Од тогаш еднаш и никогаш више нарачки преку интернет.
Стигнајаааа Изненадена сум од квалитетот, нема ни една скршена сенка, баш како на сликата се. Сенките се многу пигментирани.
http://www.rosegal.com/beauty-79/?lkid=49137 Женски дали има некоја нешто порачано од тука? Мислење ме интересира ?
Женски ајде малку помош....од која продавница онлине можам да најдам самооштречко моливче за усни? Некако тешко можам да најдам и општо, има само едни од авон ама некако боите не ми се бендисваат.