Две до три недели отприлика. Они имаат и бројче за следење така што ќе знаеш до каде е. Само имај во предвид дека ако одиш на free shipping треба износ од над 75 фунти и мене ме царинеа. Мене повеќе ми се исплаќа да ги цепкам нарачките и да плаќам испорака (најчесто чекам попусти) отколку на куп со царина.
Здраво.На бјутибеј кога идам checkout во адреса не ја пишува државата само градот и адресата.Дали и кај вас е така??
Ми стигна два производи истечени во пакет ги порачав од lookfantastic . Дали знаете како можам да направам рекламација и да си ги побарам парите назад ?
Прати им слика или видео (доколку имаш) додека го отвараш пакетот на customer service. Сигурно има мејл, ако не пиши им на фејсбук (би требало да имаат фан страна). Мене ми стигна искршена палета од Там Бјути. Ја сликав и им пишав мејл, одма ми ги вратија парите.
https://www.xtras.co.uk/ Имаат ли достава до Македонија? Порачувал некој? Се плаќа шипинг? @Artemission Гледам по темите дека порачуваш редовно козметика, можеби знаеш нешто за оваа страна?
девојки сакам да нарачам од beautybay i lookfantastic па да прашам дали ќе треба да платам царина имам порачувано облека од многу различни онлајн продавници и некои ми ги царинат а некои не...дали знаете како одбираат кои пратки ќе ги царинат дали е по тежина и слично..последно порачав фустан од асос на царина пратката беше заглавена 3 недели и платив 2700 денари не сум од ск инаку
@SaNJaAaaAaa не можам да ти пишам лп, сакав да те прашам колку те кошташе се' бидејќи читам дека си направила порачка од Colourpop над 50 долари. Јас сакам да направам над 50 долари ама не знам колку ќе ме фати царина и данок, да не испаднат таксиве повисоки од самата нарачка.
@sorbet гледај нарачката да ти биде баш 50$ колку за да добиеш бесплатна испорака и нема да те царинат. Веќе неколку пати нарачувам така и не ми наплатиле ништо.
@Artemission баш рамно 50$? Имам 49$, се мислам уште нешто да земам. Имам и discount code од 5 долари за прва нарачка, нека се угоде.
@sorbet па земи нешто за 6-7$ и таман со попустот ќе ти дојде нешто над 50$. Јас првиот пат се зезнав и купив 4 палети што беа со код за 30% попуст ама на фактурата ми го ставиле целиот износ без пресметаниот попуст и финалната цена што ја платив, па за нив ме царинеа околу 1500 денари. Од тогаш навака ислучиво гледам да биде околу 50$ за да не ми биде џабе попустот.
Епа со другарка се склопивме и нарачкава ќе биде 55$ со попустот. Да и речам нешто да не зима или да ја направам порачкава?
@sorbet сметај дека многу веројатно е дека на фактурата ќе ви стои износ од 60$. Ваљда нема да ве царинат, зависи и во чива рака на царина ќе падне пратката.