Таман сакав Morphe палета да си земам ги тргнале од продажба. Може од некоја друга страна да се нарача или од официјалната мора само?
Имаат страна за Европа Morphe EU. Јас си направив акаунт но сеуште не сум си нарачала нешто. Функционираат discount codes на Patric Starrr, Manny MUA и останатите и имаш 10% попуст на нарачката. Над 35 евра е бесплатен шипингот.
https://www.instagram.com/sminki.online/ Здраво на сите. Оваа инстаграм страница е моја за продажба на online шминки. Квалитетни, одлично пигментирани, по поволни и достапни цени за сите. Повелете разгледајте
Знам затоа што и самата ги користам. Не мора се да биде оргинал и маркирано за да биде добро. Познавам многу луѓе кои и самите тие користат вакви сенки и се презадоволни и ништо им се нема случено
Јас не користам производи на Urban Decay, ABH, Kat Von D.... итн. затоа што по мое мислење не вреди толку пари да платам. Но не значи дека треба да се купува фејк козметика. Има доволно и повеќе од доволно drugstore производи, кои се оргинал секако. Вие си знаете, но мој совет и понатаму е да не ставате на кожа, посебно очи, козметика со непознато потекло.
Јас си нарачав палета од morphe сајтот и со стандард шипинг ми излезе 26 евра. Е сеа од кога ми ја пратија видов дека всушност праќаат по дхл, а имам слушнато лоши работи за нив. Дали има некој искуство да ми каже како одат работите?
Го имам хајлајтерот во две бои, купен ми е од маалска продавничка и воопшто не е добар. Сега си го користам како сенка. Види на пазар сигурно ги има и тоа поевтини.
Нема потреба да купувате копии, навистина има огромен и одличен избор на drugstore шминка, реално Голден Роуз, Револушн, Катрис, Есенсе итн... еден куп други имаат фантастична шминка по ниски цени.
Дали на iherb е сменето нешо во врска со шипингот? Многу скапо ми излегува околу 10 евра. Евентуално некоја друга страна за онлајн купување со поевтин шипинг? Дали ибеј и амазон праќаат кај нас?
I herb 2 години ако не и повеќе цената на доставата е во зависност од тежината, не како порано 4 $. Ако треба да нарачуваш повеќе избери delivery by local post plus достава над 40 $ ти е бесплатна, само пази да не надминеш износ од 44 евра ке треба и царина да плаќаш.
Имам порачувано но во америка, баш денес ми стигна палетата нејкед од урбан дикеј која е намалена за 50% и моментално кошта само $27. за во мкд неможам да кажам