Како оди шипингот на beautybay? Free e? Немам нарачувано досега од таму, па не сум запознаена како им оди тоа со шипингот.
Фала ти , се снајдов и јас, чачкав таму низ опциите. @lovemme те царинеа нешто тебе кога нарача цел сет продукти од The Ordinary? Мојава нарачка е околу 27€, се прашувам да не ми опнат некој данок.
Не . Еве и денес ми стигна уште една нарачка од beauty bay Со палета од abh , азилична киселина и масло од The Ordinery ,2 моливчиња wet'n'wild и хајлајтер wet'n'wild и пак ништо не платив. Предобро ги пакуваат производите во помали кутии. Без гајле нема да имаш дополнителен трошок.
Производите на Makeup Revolution наскоро ќе бидат достапни и на Beauty Bay Не знам сега колку е шипингот на страната на MUR, но кога нарачував пред некој месец беше 4 фунти. Башка што палетата ми беше спакувана во bubble wrap и ми стигна направена сол. Па ми враќаа пари и триста тракатаници.... Бјути Беј уредно ги пакуваат нарачките во кутии, така што дефинитивно ќе си порачам нешто кога производите ќе бидат достапни на сајтот.
Па ако стриктно само на Револушн производи се во прашање, ваљда поисплатливо е од нивната страна директно да се нарачува.
Кој има порачувано од lookfantastic, да ми каже дали има ограничено од која цена е бесплатна достава и околу данокот од која сума се плаќа, Ако некоја порачува од странициве онлајн нека ми пише да делиме пратка
Нема ограничување за бесплатна достава, и едно евро да ти е нарачката за фри ќе ти го пратат Над 22 евра се плаќаше 10 или 18% и мислам над 45 евра плус царина, ама ако е нешто помало може нема ни да го приметат и да ти го царинат.
Уште ми ја нема нарачката од beautybay. Пишува дека е испратена уште тогаш, ама ни трага ни глас од пакетов. Колку време обично чекате да ви стигнат нарачките? Не знам кој да тагнам, @lovemme знам дека е редовна на beautybay.
@Mishela Извини ако се мешам во муабет, имам многу пати порачано од бјутибеј и обично стигнале за околу 20 дена. Еднаш само закасна месец, оти нешто празници се фатија тогаш. Ќе ти стигне, без гајле.
Без гајле, слободно пишете. Секоја информација е добредојдена. Јас и заборавив дека имам нарачка, до толку. Бришев некои мејлови, го видов нивниот и ми текна па си реков да прашам. Значи ништо од деливери-то за 5-7 работни дена. Кај и да е ќе стасаат значи. Баш ќе пишам. Фала ти многу.
@Mishela пиши им на Фејсбук, мене една нарачка неколку дена ми стоеше како received, a не despatched и им пишав, ми се извинија и ми креираа discount code од 10% кој требаше да го искористам во рок од 3 месеци. Без гајле, ќе ти стигне нарачката. Ако не ќе ти ги вратат парите бидејќи customer service-от им е топ.
За 20 работни денови стигнуваат кај мене. Два пати се случи само да каснат ден два... Ако се поминати 20 дена слободно пиши им email одма враќаат. Во случај да не стигне ти испраќаат на email документ кој треба да го ископираш и потполниш и истиот да го скенираш и да го испратиш на email во рок од 7 дена. Не прават проблем никаков. Мене ми се случи пред 2 год да не стигне за 1 месец и ми врати ја парите но после тоа па стигна.
Стигна картончето од пошта денеска, живи радости сум. Ако успеам да го земам пакетов денес, ќе биде супер.