Има ли некој порачувано од "poracki.online "? На инстаграм ги следам имаат нереално добра шминка и цените не се лоши. За квалитет знам дека не се оригинал туку дали се стига како ке порачаш? Имаа топ сетови Mac Chanel Real Tech..?
Се' ти е поефтино на Али, од каде што и купуваат, со тоа што ако купуваш шминка на Али имаш листа на состојки. Фејк шминка не ти препорачувам, а четки имаш екстра ефтини на Али. Патем, имам четки од Али, копии на RT супер се
Не им се од Али, од Турција се познаничка моја држи исто онлине страница со шминки Патем на Али ниеден од производиве не најдов. Искрено мене сега омилени ми се производи на Револушн ем со супер цена ем супер квалитет. Од интернет само еднаш одамна порачав исто четки и сет кармини и солидни беа )
А зошто не купуваш шминка од дрогериски брендови кои имаат пристапни цени за сечиј џеб, солиден квалитет и проверени состојки? Чисто информативно, ова не е нереално добра шминка како што си пишала самата, туку овие копии на Huda, Kylie, Anastasia и други high-end брендови не се проверени, состојките кои ги наведуваат на опаковките се копирани од оригиналната козметика а што навистина е ставено во нив не се знае (пред извесно време беа откриени траги од измет во лажна Kylie палета). Искрено, најдобронамерен совет: не ти се исплати да си ја ризикуваш кожата само за да поседуваш лажна шминка спакована како нешто high-end. А за четки, наместо на овие препродавачки сајтови да им ги плаќаш тродупло, другите членки пред мене убаво ти кажале: нарачај си ги за многу поефтино од AliExpress или eBay
Апла копииве може, на Али не смее буквална копија со буквално лого да продаваат Сакав да кажам дека шминката на Али е со точни состојки напишана, за разлика од копииве кои препишуваат а секако не се точни информациите. Лично од Али не би купувала шминка, има супер drugstore шминки со прифатливи цени, Револушн, Есенс, Катрис, Аура, Тренд ит ап, Голден Роуз итн... Инаку на Али (и надвор од Али) брендот Фокалуре е круелти фри
Еднаш ги прашав какви копии се и од каде ги набавуваат чисто информативно добив некултурен одговор и блок. Иначе за овие пари женски мој совет е да отидете и голден роуз на револушн или аура катрис есенс некои поевтини барем знаете дека се бренд.
Дали од beautybay за нарачка од околу 27 евра ќе треба да платам некои дополнителни трошоци данок/царина или не?
Јас меркав една сенка долго време,само не ми се даваше пари за 1 сенка за поштарина плус. Ова ми дојде како џекпот,се надевам нема да ми ја одбијат порачката.
Не, нема да има потреба. Мојата последна нарачка од таму беше 30-тина евра, немав дополнителни трошоци.
Девојки, си нарачав неколку работи од интернет страната на Револушн Порачувала некоја од вас од нив? Едвај чекам да стигнат па ме интересира дали идат добро спакувани, и за колку време отприлика? Ич неќам да ми дојде скршен хајлајтерот шо со денови го мислам