Па ич не би ме чудело да ти кажам, ама сега шубе ми е да си нарачувам што и да е оти очигледно си работат на принципот "како им се сони".
Документ нешто ако не и дале... и да има таков закон треба да е објавен у службен весник, не може они туку така да си наплаќаат. И да, у принцип така му доаѓа, како ќе им текне у моментот. Некогаш наплаќаат некогаш не.
Нарачката од бјутибеј не стигна. Во четврток ќе одам до пошта па ако ја нема ќе им пишам пак. Знае некој што може да е проблемот? На 28.11 беше пратена
Па им пишав еднаш ми рекоа да почекам и да видам со поштата. Не знам што повеќе, не ми се случило вака до сега. Затоа и прашувам
Мислев да не ми ја држат у пошта ради ддв што на некои им го наплаќаат. Ама немам можност никакп да отидам. Поим неам
Јави се на телефон и прашај. Побарај ги на фиксен. Јас не би чекала ни ден повеќе од предвидените денови за испорака,а не пак толку време. Ако имаш за плаќање ддв плус ќе ти се јавеле на тел што го имаш наведено. Дали го провери тракинг бројчето на следење пратки на страната на пошта?
2 дена не креваат на телефон, на нет не дава ништо по број на нарачка. Тек утре ако успеам да отидам. Едит: се јавија и рече обична пратка не следеле таквиж да сум отишла во поштата кај што живеам, 2м ќе сум требала да чекам за обична пратка. Како не!
Ако ја задржале во пошта пратката, мислам досега ќе те контактирал некој од таму за да те известат да одиш да си платиш. А не ме чуди и да заборавиле...мене ми се јавија за да ми кажат дека имам пратка од Алиекспрес, да сум знаела за да си ја соберам, а не ми се јавија за пакетот од Бјутибеј од 30е. Битно ме известија дека пратката од $1.38 стигнала. Немој некој ќе ми ги земе сунѓерите од Али. Ама па ќе стигнело картонче дека е тука (иако и тоа не ми носат со секоја пратка). Ова гарант се изгубило, ќе ти стаса за некоја недела кога ќе стивнат празниците, ама ете ти отвориле работа за да се нервираш. Што викаат од Бјутибеј? Можеш да одиш во дирекцијата што им е кај Железничка ако не ти е далеку, таму да видиш што ќе ти кажат. Бар по тој серискиот број (што го пуштаат на мејл) ако е тука ќе ја најдат пратката. Ај пиши што ќе направиш, се надевам ќе се појави од некаде праткава.
Абе више се пренапнав. Ќе отидам утре веројатно. Ради збркава со вакцини со двете деца сум сама дома и затоа не сум отишла. Еве што пишаа во маилот
Штом е пратена 100% е некаде заглавена и ќе ти стаса со кујзнае колку доцнење по празнициве. Белким ќе се најде решение некое, ама и јас се изнервирав.
@wannaBeMomma мене вчера ми стигна нарачка од Strawberrynet која ја чекав повеќе од месец ипол, море скоро два се сторија. Се откажав, и мејлови им пишував, викаа само да чекам и ништо повеќе, а не сакаа ни пари да ми вратат. Си се опростив и од пари и од се, кога ете ја вчера на врата. Околу Нова Година се хаос македонски пошти, не знаат кај тераат. Нарачката ми беше од средина на ноември и бев и во пошта двапати да ја барам. Сигурна сум дека била стигната уште одамна тука, ама нашиве додека ги распределат... Има надеж, ќе ти стигне со доцнење