И мене ми се случи еднаш исто, со нарачка од strawberrynet (исто како на @Sexybaby86 ). Mислам ми порасна косата дури дочекав, околу два месеци ме фати. Наредниот пат си беше сè регуларно, ама еднаш треба за вака да те наелектризира некоја пратка и да ти одмили и нарачка и сè. Ќе биде сè во ред, ќе видиш, ама ќе се изначекаш, па чувај си ги нервите за нешто друго.
Не губи надеж бидејќи има доста случаеви со закаснети пратки, дури и по отворен диспјут се случило пратката да стаса. Почекај но оди и до пошта колку што те служи времето, на крај краева за твои пари се работи. @wannaBeMomma
Како не, ни кај поштарите ни кај цариниците. Без тракинг број тешко било наоѓањето. Татко ми го пратив, оставил броеви ама тешка работа. Не знам дал да чекам, од бб ми дадоа 7 дена да пратам назад дека не ми е стигнато да ја бараат.
@wannaBeMomma пиши им таму нека ти вратат пари и нека не го тупат, месец ипол ја нема. Овие од Strawberrynet беа безобразни за мојата нарачка и нејќеа да вратат, среќа стигна, иако многу каснеше. Ама Beautybay враќаат пари, не се некои тупаџии...
Божем да добиев нарачката, нели користевме сите попустот тогаш Затоа и не барав парите до сеа руку да ја најдат каде е.
@wannaBeMomma Ако нема тракинг, џабе е, ќе мора на крај да ти вратат пари ако си упорна дека ти ја нема. Напни ги, па ако сака нека стигне после, што ти е гајле И Асос немаат тракинг, па се случило да ми вратат пари без проблем, откако ми дале првично некој рок екстра да почекам. Кај овие и рок и се e поминато
@wannaBeMomma баш ми е жал... Мене ми дадоа број, на мејл ми стаса. За тоа ли зборувате? Не сум баш упатена на бјути беј како оди.
Да број, ама со сејвер деливери не добиваш тракинг и не може нигде да се следи. Тоа е, прво па машко. А од колорпоп стигнаа одамна. Ден, два по твојата
И мојот прв пат со Бјутибеј беше како твојот, никогаш не ми стигна нарачката. После тоа со години ги избегнував, па решив да им дадам втора шанса. Оттогаш си стигнувале секогаш уредно за 2 недели горе доле, освен таа првата што никогаш не стигна и за која ми вратија пари. Не се разочарувај де, верувај не е до нив. Или е залутана, или овие нашиве неажурниве ја чуваат сеуште во некој куп што допрва чека да биде испорачан
Јас ќе чекам до први, втори фебруари па здравје ако не стаса ќе нарачам со тракинг над 20евра што беше бесплатен шипинг.
Заради вакви ситуации на листата на многу онлајн продавници ја нема Македонија. Не се зезајте, бидете коректни. Во вакви ситуации треба да се пријави дека производот е примен. Нормално, доколку сакате и понатаму да има достава до Македонија. Ако сакате да бидеме изолирани продолжете да барате рефунд и немојте да пријавувате доколку производот е примен по примениот рефунд.
Абе аман, само барате за нешто да се закачите Шала беше инаку, ама не чувствувам потреба да се објаснувам
Tи можеби се зезаше , но за жал ова е практика кај нас. Токму поради овие причини некои страници престанаа да нудат бесплатен шипинг т.е сумата над која се нуди бесплатен шипинг е драстично зголемена. Некои од нив се: 1. Feel Unique https://feelunique.com/ ( до пред 1 год нудеа бесплатен шипинг за нарачки над 15 фунти, сега над 75 фунти) 2. FragranceX (овде има најголеми попусти на оригинални парфеми, од 3-4 усд шипингот го качија на 350 усд т.е невозможно да нарачаш) 3.Dorothy Perkins ја тргна Македонија од листата 4. Escentual https://www.escentual.com ( од 1,99 фунти го качи шипингот на 7,95 фунти) Има уште многу други продавници кои во последниве година-две го сторија истото.
Многу добра информација. Но дали некогаш открија зошто всушност не стасуваат пратките? Исто така сакам да ги замолам членките што нарачале со платена поштарина дали им стасувале пратките ? И @wannaBeMomma да не извести што направи со пратката.
Мојата е платена. Бесплатна е над 25е. Кога им го сликав потполнет фпрмуларпт ми вратија веднаш дека постапка за рефундирање е во тек. Да ги очекувам парите за 3 до 5 раб дена. Картончево стаса денес, па попладне или утре попладне ќе одам до пошта па ќе пишам. Пишува дека работи до 20ч, вистина? Значи "истрага"за праткиве нема, тукѕ едноставно изгубени во национална пошта се водат. Ваљда дека без тракинг се.