Доколку нарачувате од сериозна компанија како на пр. Asos или IHerb нема шанси проблемот да е во нив. На овој начин ги процесуираат пратките: Мал дел од пратките може да се загубат при меѓународниот транспорт, но најчесто проблемот е во нашата пошта - кога нема тракинг изгледа дека на некои поштари им фаќа рачето. Кога сум имала тракинг бројче секогаш сум ја добивала пратката, кога пратката е без тракинг се десило истата никогаш да не стаса. Инаку не паничете ако пратката ви касни. Поради празници и кај странциве и кај нас, а и поради немарност на нашава пошта се случува пратките да каснат. Мене пратката од АСОС ми каснеше повеќе од 1 месец, таман ми одобрија рефунд добив картонче да ја превземем пратката. Им пријавив дека пратката е стигната и го стопираа процесот на рефундирање.
@Heart of Steel и кога има тракинг им фаќа рачето. И во мала пошта, кај што буквално сите се знаат, почна пратките да ги пишува доставени, а тие никогаш не стигнати. Отидовме во пошта, картончињата потпишани дека баба ми ги примила. Таа вика ништо не примала. Додека да се вратам јас дома од поштата, сите пакети стигнале. Ја информирале поштарката дека сум си ги барала пакетите и магично ги доставила. Да не сум си ги побарала толку брзо, ќе си ги отпатувала и кому му е гајле?
За жал таа ни е "културата". Кога имаш тракинг код на некој начин си сигурна, затоа што по правило при прием на пратката треба да ти побараат лична карта (пратката може да се подигне само лично). Доколку ти кажат дека вујна, стрина...ја подигнала пратката можеш слободно да ги пријавиш. Госпоѓата од поштата била свесна за ова затоа магично ти ја доставила пратката. Доколку немаш тракинг код немаш основа за да бркаш "правда". Се останува на добрата волја на компанијата од која си нарачала да ти ги рефундира средствата. За жал менталитетот ни е никаков. Се краде во пошта, па и луѓето кои ги добиваат пратките си користат рефунд опција...затоа голем број на компании почнаа да ја банираат нашата земја или да го покачуваат шипингот.
По правило, секоја пратка што стигне во Македонија добива тракинг код. Ова мислам само во Македонија е, и тоа не од секогаш. Е сега, ако ти немаш тракинг ни во земјата на праќање и не ти дале тракинг бројче, не знам која корист ти е тоа што имаш во Македонија. Можат ли да пребараат дали има пратка за тебе оние на броевите за контакт? Можеби може, ама ќе сакаат ли воопшто?
Доколку немаш тракинг код не можеш да знаеш дали пратката влегла во МК. Кога ќе отидеш да бараш одредена пратка првото прашање кое ќе го добиеш во пошта е дали имаш тракинг код, ако им кажеш дека немаш тие повеќе не се замараат со тебе. Единствен коментар кој ќе го добиеш е " Продавачот треба да ви даде тракинг код за да можеме да видиме каде е пратката".
Не. Ти реков дека заради многу крадење воведоа да не мора тракинг код и сите пратки да се следат. Линк: https://www.posta.com.mk/следење-на-обичните-пратки-од-интерне/ По бројот на нарачката можеш, кога влезе во мк на сите пратки се става тракинг код.
@DAngel Не сум баш запозната со ова, но колку што можев да забележам за тракирање треба да се внесе Бар Код-от. Претпоставувам дека бар код-от можеш да го дознаеш доколку го исконтактираш продавачот?
Проверував историја на нарачки на повеќе страници, секаде стои Order Number. Ако истиот го впишуваат на пратката би требало да функционира .
Да ти кажам често нарачувам од алиекспрес и сега од кога ќе нарачаш ти дава тракинг намбер и со тој број си ги следам пратките. Истиот тој број ми ја има прикажано пратката на страната на пошта.
Леле, осеќав дека така ќе испадне на крај. Ништо, битно стасало. Ќе им пишеш па ќе средите се, без гајле. Па после целава оваа голгота, белким ќе се погодат тие за лице. Ќе пишеш.
Дали некоја од вас порачувала од оваа страна? Оригинал се? Прашував за некои за цена некако скапи ми се видоа а незнам дали се оригинал
Оригинал се, тие порачуваат за тебе или пак имаат веднаш нешто достапно. Океј се, нормално е да се поскапи..
Пишуваа членките за некои далавери околу царината,но колку е веродостојно не знам. Не се плаќа поштарина за над 25 евра порачка, а се што е испод 25 евра се плаќа 3.95 евра. Јас порачав и чекам пратка.
Dali bese nekoj vo Cosmo Lisaa denes? Tocno li e deka ima akcija na parfemite 1+1 gratis? Za site li vazi?
Не е важно од каде нарачуваш. Ако пратката заедно со испораката (шипингот) не надминува 22 евра не се плаќа ништо. Од 22-45 еур се плаќа само 18% ддв + помеѓу 100-200 ден за отварање (проверка) на пратката. Над 45 еур 18% ддв + царина (која стапка ќе се примени зависи од типот на производот) + отварање на пратка + лежарина. Често се случува вкупната сума која треба да се плати да изнесува над 40% од вредноста на пратката. Повеќе детали: http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/patnici/mali-pratki-mk/224-carinarenje-na-postenski-pratki