Не знам дали е некоја брегзит новина, ама сите балкански држави кои не се во ЕУ се со фунти како опција.
Приметив, ама океј е. Очигледно мора да се фунти по ново Последно ја нарачав АБХ Софт Глам за 47,50 евра, во фунти е 35,50. Според Гугл конверзија, вака ни испаѓа поефтино?
Па не е воопшто поефтино. Еве при онлајн плаќање НЛБ Банка еврото го смета 61,8 а фунта 73,28. Маслото што сакам да го нарачам е 3€ = 185.4ден или 2.60£ = 190.5 ден. И така со сите производи што ми се во кошничка. Бонус, сега минимум за бесплатен шипинг е 25£ = 1832, за разлика од 25€ = 1545.
Нешто мене пак не ми е јасно. Ако АБХ е 47,50 евра, 61.8 (продажен, НЛБ) 61.8х47.50=2.935,5 Ако АБХ е 35,50 фунти, 73,28х35,50=2.601,24 Што пропуштам? Проверив според денешен курс...
Очигледно е различно за различни производи. Моето е за The Ordinary 100% hemi-squalane oil. Може разликата од 5/10/денари не е голема ама кога ќе додадеш поголемата вредност и за шипингот, не е воопшто како порано. Би нарачувала пак ама ваквата промена без известување ми е крајно несериозна.
Што знам, јас секако нарачувам докај 45-50 евра па не ми игра улога шипингот. Они општо ги смениле цените, ставив Хрватска чисто да ми конвертира во евра, и види Прво во евра ги поскапеле за 1 евро, а второ не знам дали е грешка или што е, ама 48.50 евра се 2997 денари, а 35.50 фунти се 2601 денар. Од друга страна 3.25 евра се 201 денар, а 2.60 фунти се 192 денари. Дефинитивно во моментов е поефтино во фунти, се водам според курсот на НЛБ. Не знам дали ББ имаат некоја грешка или што е финтава.
Јас имам апликација на телефон. И логото до пред некој ден им беше бело и апликацијата не функционираше убаво. Ги имаше тие проблеми кои ги опишавте погоре. Кога го апдејтирав се смени логото во розе и се врати во нормала.
Ах, апликацијата не ја користам, ама ја имам. Исто си е како на онлајн страната. Не можеш да мењаш валути. Ако си уште во Малта, затоа ти се евра
Во Мк сум. Баш сега гледав дека стојат фунтите. Оф, леле Исто и за Црна Гора има фунти. Навистина, не разбирам.
Нешто чудно се случува со валутите на Beaty bay, јас минатиот месец направив нарачка која уште не ми е стигната а беше во евра и на меилот за порачка пишуваше 21евро, денес проверувам на сајтот во стари нарачки истата пишува дека била 21 фунта, наплатена според денешен курс на фунтата, и сега скроз сум збунета
За нарачка од пред месец дена платена 27€ - повлечени точно толку од сметката, ми го дава истото кога отварам да видам минати нарачки -наплатени 27£ по моменталниот курс на фунтата. Нат најс бјути беј, нат најc. EDIT: Палетава ја нарачав минатиот месец по истата цена во евра, сега е 75ден поскапа за нас.
И мене ми ги дава старите нарачки во фунти, последно Софт Глам ја платив 47.50 евра, и сега си стои 47.50 фунти. Тоа не ме чуди, ок е. Со новиве не ми е јасно, зошто е во фунти поефтино него во евра Околу конверзииве може некој економист да ни помогне, @Lilit можеби Јас сакав да ја порачам Subculture и дефинитивно беше 47.50 евра, но сега 35.50 фунти дефинитивно ми испаѓа 300 денари поефтина. Дефинитивно мењале цени. Палетава беше 19 евра, односно 1.174 денари, а сега е 13 фунти, односно 959 денари. Кога ќе одберам Хрватска, излегува 17 евра, што значи секако е сега 2 евра поефтина, но 13 фунти се 15.25 евра. После, сите фан сајзд на Вајолет Вос беа 18 евра, во фунти сега се 19.85, односно 1.464 денари, кога ставам Хрватска се се' уште 18 евра, односно 1.112 денари. После, оваа палета и претходно беше 45 евра, односно 2.781 денар, сега е пак 45 евра, но 47.41 фунти, односно 3.498 денари. Некои работи се очигледно поефтини во фунти, некои очигледно поскапи. Им пишав, ми одговорија. Не ми е појасно мене.
Јас им пишав на Бјути Беј и ми кажаа дека не може да се смени валутата бидејќи испорачуваат во Македонија. Видов поназад дека за различна држава има различна валута. Исто така се покачи и минимумот за фри шипинг, место 25 евра сега чини 30 евра или 25 фунти како што е на страната.