Зошто???? Едит: не знам што да ви кажам, бев на работ на разочарување ама пробав со amazon pay, it saved my life.
Мене ми стигна нарачката од бјути беј откако помина цел месец и откако ми вратија пари. Не знам што да правам зашто веќе истите производи ги нарачав од Децием, па ако им пишам меил на бјути ми е страв дека ќе ми повлечат пари. (Не планирав дупло да потрошам) А не знам колку ќе ме кошта да им го вратам пакетот. Слични искуства?
Зошто ми стигнала порака, а јас сега ја гледам дека порачката на makeuprevolution ми е cancelled, кога знам, убаво пишуваше, трансакцијата е извршена. Им пишав значи, ќе видам што ќе ми вратат, да не ви се има вас случено вака? И ID за следење порачка добив. Не знам зошто вака.
Не знам какво искуство сте имале со вашите порачки, ама после 'инцидентов' никогаш повеќе не би се осудила да порачам. Имено, ми требаа палети од make up revolution, си ставив 2000ка и сеа си реков и да дојде поштарина нешто, ќе платам. Тазе отворена дебитна картичка, стриктно за порачка преку нет, и тоа не било каква - палети што очајно ми требаат. Се двоумев од каде да порачам и реков ајде од нивната официјална страна(тогаш им беше роденден и гратис палета даваа). Ајде, порачав, нешто имаше проблем со картичката, ми ја одбиваше транскацијата и конечно амазон ми ја прифати. Ми стигна и ORDER ID и порака во која следи дека ќе ми стигне потврда дека порачката е пратена. Ми стигна таа порака, мислам имам нешто скриншат(фала богу), не знам колку ќе помогне... За подоцна да ми пишат дека порачката е откажана, ни зошто, ни како, одговор нема. И не ја знаев целата работа, се напнав пишувајќи и мислев дека амазон се лошите момци, а уствари денес добив повратен(опширен!) одговор од амазон дека само преку нив е направена трансакцијата - не можат да направат refund, мора страницата преку која сум порачала, а цело време револушн ми кажуваа како треба амазон да ги исконтактирам. Ужас. Не ми се губат 2к реално, мора да се реши ова, инаку би ги тужела, појма немам како оди чудово, ама стварно класична измама е ова. Некоја од вас има слично искуство?
Zenski sakam da ja naracam na ELF pudrata acne fighting,no nemaat dostava na oficijalniot sajt.Dali postoi voopsto negde vo blizina da se kupi ili od nekoj sajt da se naraca? Vi blagodaram odnapred <3
Ти се има случено тебе, ќе помогне? Им се заканив дека ќе ги тужам, дур да сфатив што е работата, после 15 дена, ама небитно, битно сфатив. Мора да ги вратат парите.
Ми се има случено но не со нив, за друга работс беше ова. Се закнував со големи букви мејлови пишував, горе у Subject им пишував дека е ургентно и ствари све тоа
Требаше да им се јавиш во банката од таму да ја сторнираат сумата на твое барање. Јас затоа и не баратам со paypayl бидејќи е комплицирано. За тие пари ќе си нарачаше од бјути беј по 4фунти пигментирани сенки.
Мислам дека средив. Ми пишаа порака дека амазон ја стопирале исплатата и дека треба повторно да порачам онлајн вечер, ама пред тоа се изнапишував, цел бес го извадив, ама добро е што се исплати. Се надевам дека нема да ме зезнат.
Патем, јас да прашам дали некоја сака да делиме поштарина за бјути беј. Една палета ми е па не ми се исплати да платам поштарина за една палета...
^^ Ми пишаа демек ги вратиле ама обавезно било да направам пак порачка. Е, сега имам мака со 3D secure и ради тоа не ми ја примаа порачката, па затоа тогаш кога порачував - посегнав по амазон. И тие паметни ја откажале. И сеа нема друг начин, ќе одам во банка да ми одобрат или како и да е, зашто сама не можам. А, тоа дека имам пасворд пред да ја земам картичката, имам...ама нема кај да го пишам, освен тие опции, нема други. Така да, ќе пробам од самата банка да го средат ова, па се надевам овој пат ќе успее со порачката.
Истото ми се има случено со бјути беј 3 пати! Нарачките каснеа повеке од месец дена, бев убедена дека се изгубени некаде по пат,зашто обично ми стигаа за максимум 3 недели, еден период ми стигаа за точно 14дена. Им пишав маил, ми вратија пари , не пројдоа неколку дена си стасаа