Дали некој има искуство да не стигне нарачка од lookfantastic ? Ја нарачав на 08 Април и уште не е стигната.
Сакам да нарачам палета од beautybay која чини 48 фунти.. Дали ќе ми ја царинат? Какви се вашите искуства?
Пофалба за страницата ecco-verde.com Гледам немам пишувано за страницава , решив да порачам пред неколку месеца производи за нега на лице и коса , производите ми стигнаа за 7 работни дена. Инаку ги праќаат од Австрија. Има многу избор на козметика , производи за нега на лице , тело и коса , козметика за бебиња и деца и тоа по поволни цени. Со порачката имаш право на избор до три тестери. Инаку станува збор само за органски производи (Dr.Hauschka , Weleda , Logona , Lavera , Burt`s bees и мн други). Завчера порачав по втор пат. Е сега малку проблем е поштарината, за Грција поштарината над 60 евра сметка е бесплатна , затоа не се исплати да купиш 2-3 прозиводи. Јас чекам да ми се соберат повеќе работи за да порачам За Македонија пак воопшто не се исплати бидејќи нема можност за бесплатна поштарина туку оди со кг - до 1 кг тежина се плаќа 15 евра за поштарина.
Девојки, дали некоја од вас може да ми даде информација дали се плаќа царина за шминки во вредност од 50$ од Colourpop? Благодарам
Дали Jeffree Star liquid lipstick на beauty bay бил досега на попуст ? Да знам дали да го купувам сега или вреди да се почека ? Или некој од кармините на ABH ?
Крајот на јули беше спуштен на 13 фунти, поевтин незнам дали бил, и Анастасија исто имаше акција 1+1. Знам за black friday има попусти ама дали би ги намалиле овие незнам.
Дали некој има направено subscription на beauty box месечните пакети од lookfantastic? Гледам доста интересни производи праќаат секој месец, а моментално со попуст една кутија доаѓа 15.30€ за 6 месечна претплата.
Здраво, сакам да нарачам од производите на the ordinary од beauty bay дали може да ми кажете како оди постапката за нарачување и колку e shipping? До сега немам нарачано од интернет страници па би ви била благодарна доколку ми помогнете