Дали шипингот од Beauty Bay останува стандард? Да не ти наплатија нешто дополнително заради ситуацијава? Од Look Fantastic ме зезнаа, поскапеле шипинг за Мкд, односно моментално имаат само експрес и пратката ми стигна со ДХЛ и им ја вратив назад. Претходно беше бесплатно нели над некоја сума, не памтам, а сега, не знам дали е заради Ковид или не, немаат стандард испорака, имаат само експрес и чини 13 фунти. Најголемиот проблем е што ДХЛ имаат дополнителни трошоци за лежарина и ако остане вака само со експрес, нема воопшто да се исплати.
Исто како и секогаш над 25фунти бесплатен шипинг, јас имав 40фунти нарачка ништо дополнително не ми наплатија. Е сега за достава ќе видиме, обично за 10/15 работни дена ми стигаа.
Lookfantastic памтам дека уште пред ова го сменија шипингот така како што имаш пишано. Така да не е до ситуацијава туку поскапеле.
Дали од некои наши страни нарачувате? Само да напоменам, не мислам на страните што продаваат али експрес копии.
Дечки мал feedback, денес ми стигна нарачката од beautybay, за 12 работни дена, значи веќе се нормализира шипингот низ Европа.