Некој сајт за порачување козметика (не толку шминка) од Бугарија, Германија, и било која друга од овие земји со која имаме овозможено достава периодов? Не можам од Ebay или регуларните сајтови да порачам зошто не знам кога и дали воопшто ќе стигнат.
Дали некоја од вас има нарачувано од странава? ми искача на Фб цело време, а и цените ми се океј. Дали им се кавлитетни производите или слабо?Да не се стари шминки или кинески па без очи да останам. И четките дали се океј? Ми требаат четки и палета сенки
Шминкиве се фејк и јас не би купила вакви. Општо ваквите онлајн продавници продаваат кинески и фејк производи, со ретки искличоци. Четкиве може да се ок, иако ценава е превисока. Истиве можеш да го најдеш на алиекспрес за пола цена. Види на sminka.mk таму имаш добри палети со пристапна цена.
Да, проверени се. Исто за повеќето имаш рецензии на јутуб ако го пишеш само името на палетата, па можеш поубаво да ги видиш.
Јас лично можам да ти ги препорачам палетите на Revolution. Дома имам една, подоле ќе споделам линк од која поточно и сум презадоволна. Иако не ми е купена од sminka.mk туку од Германија, сепак верувам дека се оригинални и квалитетот е ист. https://www.sminka.mk/make-up/eyes/eyeshadow-palette/eyeshadow-16 А четки нарачај си од Алиекспрес. Јас си нарачав за мене па после и за другарките откако сфатија дека се супер за тие пари. Ако не грешам моите беа околу 150 денари за 16 четки (кои не ни знам да ги употребувам како што треба, ама нека стојат). Не можам да го најдам линкот само
Ми стигна меил дека порачката од beautybay e dispatched. Тоа значи дека е тргната? За колку време да ја очекувам?
Да тоа значи дека ти ја пратиле.. е сега генерално се чека многу од нив, месец сигурно јас исто нарачав во понеделник, ке пишам кога ке ми стигне, ама генерално околу месец
Just to let you know денес ми стигна пратката од бјутибеј од 16 мај.. скоро 15 дена откако ја порачав што е брзо за бјутибеј go go
Ми стигна и мене порачката од Beauty Bay, прв пат нарачувам од таму и сум многу задоволна! Нарачана 17ти мај, стигна во петокот. Ептен слатки skincare работи си земав, се надевам имаат добар ефект
Девојки сакам да прашам дали некоја нарачувала од yesstyle, барав некои производи ама нашата земја никаде ја нема.