Не знаев дека има ваква тема, многу се израдував за нарачката од бјути, ми стигна за 15 дена. Штета што производите следно што сакав да ги нарачам ептен брзо се распродаваат, па ќе чекам следна прилика.
Кога станува збор за продукти за лице, без разлика дали припаѓа во категорија на шминка или нега на лице, никогаш не би купила од неофицијална страна што не ми дава никаква гаранција дека се оригинал. Поубаво би нарачала од испробана интернет страна и би почекала некоја недела плус, отколку да си го упропастам лицето за цел живот. Посебно во денешницава што на секој оригинал продукт има копија на алиекспрес за само неверојатни 0.50 евричи.
Оригинал се, од странство ги носи. Јас два парфеми имам земено. А има уште една девојка glamcosmeticksmk и нејзе оригинали и се.
Дали знаете од прилика, после колку време, продуктите од Beauty Bay повторно се достапни за купување, откако ќе се потрошат(out of stock)?
Hello, на kosmetik4less.de има голем избор нa catrice работи. Имам нарачано преку нив, ок се и имаат и многу други марки. До Македонија мислам 5 евра се плаќа достава.
Имате нарачувано скоро од look fantastic? Како се со деливери со тоа што затворен е аеродромот.. beauty bay читам дека доставува. На стоп ми се сите порачки пошо ништо што иам нарачано од Азија од фервуар навака не е стигнато
Мислам дека од lookfantastic привремено е стопирано доставувањето до МК, а од Beauty Bay доставуваат, за од прилика 10-15 дена стигаат нарачките.
Доставуваат lookfantastic, но независно од износот на нарачката, шипингот е околу 17 евра, бидејќи има опција само за express delivery и нарачката стига за неколку дена.
Секојдневно става на стори од тоа што има на залиха. Ако те интересира некој друг производ ќе си ја прашаш во порака а дали може да и се порача нешто по своја желба не знам.