Леле и јас вчера направив порачка, немаше аууу значи никаде нема да може да нарачуваме фри - на асос, lookfantastic сега и beautybay зошто???
Не знам зошто се чудите, луѓево едвај чекаат 1 ден да им задоцни пратката за да бараат рефунд. Подоцна дури и да стигне пратката не пријавуваат. Па ниту една компанија во светот нема да дозволи такво нешто. Баш проверив, за Србија шипингот е непроменет, а за Македонија 9,95 фунти (само со тракинг).
Скроз си во право! Поради истата причина, со рефундирањето, неколку страни или не доставуваат повеќе до Македонија или ја имаат поскапено доставата. Пр. Од страната fragrancex (за парферми) доставата за МК и Србија им кошташе 14$, после некое време, за МК се поскапи на околу 300$, а за Србија остана исто.
До пред една недела беше достапен standard shpping- околу 4£, не знам зошто баш сега им текна да го скратат... од lookfantastic и др, го прекинаа стандардниот шипинг уште на почетокот на ситуацијата. Од ДХЛ бегам како од ѓаволот! Мин. 3000 ден доплата имаат ради царини, лежарина и шо уште не! Не знам од каде си ги измислуваат овие бројќи но, доста често испаѓа давачките за ДХЛ да се повисоки од цената на нарачката.
Па зависи од тежината. Да, скапо е ама пратката е приоритетна и сигурно ќе ти стаса. Заштедуваш нервози и грижи.
Индивидуално е тоа. На татко ми пријател плати 500 евра за машина преку Дхл и му ја донесоа за пет дена. Во таа цена имашо вклучено царина. Зависи од тежината на пратката и се води како приоритетна. Напишав и дека е скапо,ама барем сигурност имаш. Никој не ве тера преку дхл да идете,дебатираме само.
Епа и јас би платила за нешто повредно и поскапо. Не би сакала да се нервирам дали ќе стигне или не. Но за облека и козметика не би.
Тоа е твое. Јас веќе кога давам 50 евра за облека и козметика ќе дадам уште толку за сигурна поштарина.
Толку високи давачки има само во претставништвото на ДХЛ во Македонија. Сум нарачувал преку ДХЛ во Грција и Бугарија, ниту цент плус не сум доплаќал при подигање на пратката, единствено тоа шо ќе го платев на страната од која сум нарачувал како шипинг, а не во МК ем шипинг, ем царини и лежарина. Зборувам за пратки од едвај 1кг, не за машини или огромни пакети. Да беа трошоците релевантни ќе ги платев, ама овде кај нас аздисуваат оти им е дозволено.
За бјути беј прочитав негде по инстаграм дека заради ситуацијава го смениле шипингот и као штом ќе можат ќе го вратат стариот шипинг. Колку ќе го вратат ќе видиме.
Сега гледам дека ми пратиле мејл дека пратката од Deciem се очекува да стаса на 9ти Јули што реално е најбрза пратка до сега.