Сакам да направам нарачка од lookfantastic и не е проблем 13 фунти ќе платам, ама дали покрај тие 13, и кај нас ќе треба да доплаќам нешто?
Ако е преку ДХЛ се доплаќа царина, лежарина... околу 2000ден, преку регуларна пошта не би требало да се доплаќа.
Фала ама не. Ќе си нарачам преку Бјути Беј. А има работи на ЛукФан. што ги нема на БјутиБеј. Баш сакав на Наташа Денона да ја нарачам Санрајс, ама цврц. Да доплатам 50 евра шипинг, не фала.
@marta993 ја нарачав на Тати палетава сабајлево. Кажи ми кај нас те царинеа? Дома ти ја донесоа или од пошта ја подигна?
Па како би плаќал во Грција и Бугарија царина кога се од ЕУ!? Македонија е „трета земја” и секако дека ќе има царински давачки доколку пратката ја надминува пропишаната законска вредност. Истото важи и за други држави вон ЕУ како Турција, Русија, Србија, Албанија, БиХ и сл. Иначе царината благе везе нема со ДХЛ односно со поштата. Сите пратки што пристигнуваат авионски проаѓаат на царински скенер и царинските службеници решаваат дали ќе ја задржат пратката за инспекција и подоцна за царинење или ќе ја пуштат на достава. Немаат тука никалва улога поштите, ниту пак имаат некакви ингеренции околу царината.
Доста добро сум запознаен и со тогашните и со сегашните регулативи на царинење во однос на вредноста на самата пратка. Вредноста на пратката не ја надминуваше границата за царинење. Зошто ја царинеле? Не знам. Едноставно добив одговор дека е царинета(или ќе се царини) со шо изборот беше или јас лично да одам на термималот со шо давачките би биле пониски или ДХЛ да ме застапува при царинењето. Тука сакам да напоменам дека сум имал нарачки, непосредно до оваа и после неа, со слична вредност, кои пристигнале преку пошта и не биле царинети. Како тоа секоја можна пратка, без разлика на вредноста, преку ДХЛ подлежи на царинење?! Баш ме интересира бидејќи, еве не го знам одговорот... можеби е мој личен пропуст. Врз основа на законските регулативи цариниците одлучуваат дали ќе ја царинат пратката или онака како ќе им текне? Втората моја дилема, е во однос на фамозната “лежарина” шо за еден ден изнесува околу 1000ден. Од каде произлегува овој трошок? Од престојувањето на пакетот во нивната дирекција? Во ДХЛ во Грција и Бугарија пратките ги чуваат пред врата, па затоа не се наплаќа?
Независно кој ти се јавил, ако вредноста на пакетот е под лимитот, немаат законски основ за царинска постапка. Мислам дека за пратки над 90€ вредност се наплаќа царина + ДДВ, а над 20-25€ беше само ДДВ. Само не ме држи за збор, не сум сигурна. Сум примила само годинава 4 пратки преку ДХЛ, само 1 подлежеше на царинење. Другите 3 ми ги донесоа на врата. А лежарината по автоматизам се наплаќа доколку се задржи пратката за царинење, независно дали пакетот останал кај нив 1 ден или 15 мин. Во Грција и Бугарија бидејќи не постои царинска постапка за пратки од ЕУ, никогаш нема да се сретнеш со тој трошок. Нарачај нешто од Кина, преку ДХЛ и прими го во Грција па ќе видиш и таму колку е.
Еве мене конкретно ме интересира, пример: Нарачувам козметика во вредност од 25 евра, плаќам шипинг 10 евра, ДХЛ кои трошоци ќе ми ги пресмета? Иначе преку регуларна пошта, обично докај 60 евра ми се нарачките, никогаш ни царина ни ддв не сум платила. Само за една нарачка околу 150 евра платив 1400-1500 денари. Во кој случај не платив ништо за шипинг на страната од која нарачував.
Во случај да ти ја отворат пратката (не ги отвараат сите туку рандом) и да го видат износот по фактура, ќе треба да платиш 18% ДДВ + административна такса. Ај тоа не е ништо посебно како ставка, на 25€ би биле околу 270 ден. + 150 ден. некаде отприлика 420 ден. Проблемот е што поштите како ДХЛ, со самото задржување на пратката, наплаќаат лежарина која не е под 1000 ден. За да немаш никакви дополнителни трошоци и да бидеш сигурна, ќе треба нарачката да ти биде помала од 22€. Во тој случај не се плаќа ниту ДДВ и веднаш ти се доставува. Доста често се погодува да имаш и среќа, па дури и за пратки од 60-70€ да не ги отворат и да ја пуштат на достава без никакви трошоци и процедури. Тоа е....за под 22€ немаш гајле во никој случај, за над тоа треба да имаш и среќа.
Освен што за да биде вкупно 22 е, самиот производ не смее да е повеќе од 12 е, затоа што и шипингот го рачунаат нашиве паметњаковичи. А на производ под 12е, да платам 10е шипинг, и на тоа плус да речеме било каква достава кај нас, нема резон. Не се исплати. Едит: на сите нарачки надвор стои сумата на фактурата, не отвориле ни една до сега, ако сумата е над 22е. Само таа големата ми наплатија, но не беше отварана, според сумата надвор процениле.
За beautybay ова? Пошто на iherb не го пишува шипингот на пратката. Изгледа ќе се збогуваме со нарачување high end козметика онлајн. На iherb се наоѓа по нешто, но нема голем избор.