Прв пат пробувам да нарачам од lookfantastic но откако ќе го внесам поштенскиот код ми ја дава оваа порака: Дали некој имал сличен проблем?
Мислам дека над 75€ е бесплатна достава ама за царина нема да е мала сума. Еднаш имав онлајн нарачано нешто пред некоја година што кошташе околу 120€ и царина платив 1500ден мислам, исто и палети од morphe во вредност од 52€ и царина над 1000ка платив. Види ако имаш некој во странство да ти донесе пошто вака мн ќе платиш царина.
Од каде порачувате CeraVe ? Имам видено на инста доста страни ама цените мислам дека се дупло поголеми.
На инста страните ги билдаат цените на производиве , едноставно немам коментар.. а и не вредат воопшто за тие цени што ги ставаат, да бидам искрена. Најевтини се по околните земји, во Грција ако те носи патот по секоја аптека ги има
Да не има некој од овде порачувано, или истава од друга страна? Olena Beley многу ја препорачува и ја меркам веќе дооолго време и сакам да си ја земам. https://janeiredale.com/products/purepressed-base-mineral-foundation-spf-20-15
Женски здраво, не видов ниту една тема слична тема за да се обратам. Сакам да започнам свој бизнис за изработка на сијаи за усни или мелем за усни. Ми треба некој што ќе ми објасни кои материјали ги користи и од каде набавува материјали.
Морам да ги пофалам torba.mk.Не само што се брзи,туку и редовно праќаат подароци или тестерчиња. Од Zara порано пробував нешто да порачам,ама само си изгубив време и потрошив нерви.Де од нешто ако е на попуст нема на залиха или бројче,а кажува како да има.Не фала,повеќе не се трудам.
Да не надминува 90 евра, и да не надминува 1.8кг тежина пратката. Има и димензии мислам, ама не сум сигурна кои се.
Над 22 евра се плаќа ДДВ, над 90 се плаќа царина + ДДВ. Секако над 22 евра ако ти ја задржат имаш и други трошоци како усна царинска декларација, лежарина евентуално, ако си преку DHL ти се губи правото на достава до врата, него треба сама да одиш до Илинден по документи па до аеродром/пошта по царини, има заебанции доста. Но ако имаш среќа и пратка од 50€ ќе ти стигне без никакви трошоци, тоа е така бидејќи не ги контролираат системски, туку рачно и буквално е како ќе ти се погоди цариникот кој ги прегледува. Димензии и килажа не играат никаква улога за ДДВ и царина.
Јас редовно нарачував/м пратки од iherb над 50, 60, 70 евра, во мали пакетчиња, не тежат многу, обично е козметика или витамини. Никогаш не сум платила ддв или царина, дури се случило 2-3 пакети да ми стигнат во исто време. Е сега можеби имам среќа што сум од внатрешноста. Само еднаш се случило да ми царинат пакет, околу 100 евра беше, но беше голем. После тоа имав 90 и не ми беше царинет.
Затоа викам, буквално е како ќе ти се погоди цариникот. Во Скопје се менуваат многу се па зависи кој е на смена, во помалите градови/места може да е еден ист па ако не се замара да се утепаш од нарачување и денар да не доплатиш. Ќе се смени и тоа еден ден, ама сега е како што е. Инаку еве на овој линк се детално си пишува: https://customs.gov.mk/index.php/mk/patnici/mali-pratki-mk/224-carinarenje-na-postenski-pratki Големината/тежината на пакетите иако официјално не игра никаква улога за царинење или плаќање ДДВ, кај поголеми/потешки пакети поголеми се шансите цариникот да стане сомнителен и да прегледа подетално за што се работи.....мали лесни пакетчиња проаѓаат скоро како ништо да не е.
Ve molam preporacajte mi online strana za naracka na sminki poeftini zosto vnuka mi gi zema moite pa da i zemam poeftini da ne gi koristi moive
Имам зборено со царинската служба на железничка, кога не разбирав зашо имам давачки, ми објаснија дека ако надминува димензии и тежина, обавезно отвараат за проверка. И од тука после следува ДДВ (над 22 евра ако е), лежарина, 102 денари дека се помачиле да ја отворат и сл. После тоа почнав да ги групирам нарачките да се во мали пакети, а цената и до 70 евра стигала, и веќе ништо не сум платила од тогаш. Не ми ни ги отвараат. Си имаат они непишани правила. Ако не се раскараш таму со сите, никад нема да знаеш зашо шо и како.
Од која онлајн страна порачувате козметички продукти и колкава е царината? Дали од lookfantastic се плаќа царина?