На нарачка од colourpop во вредност од 10$, за подигнување сакаат да ми наплатат 216 ден.? Некој да не знае по кој основ тоа?
A ti stigna nesto vo posta deka treba da go podignes ili ne ,me interesira zosto ceka nesto sto naracav a vremeto koe sto trebase da se dostavi pomina
Јас порачав сенки од beautybay летоска. Точно пратката доцнеше (не се сеќавам колку) ама сепак не беше драстична разлика. На крај ги добив добро запакувани. И да од време на време цените им се менуваат не значително ама сепак добра понуда имаат.
Мене ми стигнаа. после повеќе од 1 месец. Само не верувам дека би порачала уште еднаш, промената на цената за 2 минути не е нормална, а и не ми смета толку тоа што пакетот закасни, туку тоа што нивниот customer service воопшто не одговараше. што според мене е тотално непрофесионално. Генерално повеќето од работите кои ги има на нивната страна можам да ги купам тука (јас не живеам во Македонија).
Феминките што подолго време го пратат look fantastic дали да очекувам дека ќе има поголем попуст. Т.е код за попуст од 15%?
Ајде да пишам мое искуство со feelfantastic, производот што го нарачав ми стигна за 20тина дена. И покрај тоа што надминав неколку евра над износот од 22евра за ддв, не ми наплатија. Рокот на траење на производот е ок.
мислиш на look fantastic? одлични работи има ама не се исплати да порачувам нешто што го има во МК. Ми ја ставивте чивијата...се мислам и ја да пробам
Вчера ми стигна првата порачка од lookfantastic.com, по 18 дена. Убаво беше спакувано и заштитено, плус подарок ваучер од 25 фунти за порачка од некоја онлајн продавница за храна, штета голема што важи само за uk residents Ама и да важеше за кај нас секако на се ќе му помине рок додека стигне. И така, мислам дека уште ќе порачувам задоволна сум
@mila89 во која вредност ти беше нарачката? Дали плати нешто екстра? Дали тоа што стигна од пошта го подигна? Јас вчера нарачав,ама пишува за МК може екстра нешто ќе доплатам....па се мислам да не испадне скапо многу.