Имам нарачка и сега Федекс сакаат да ми ја царинат. Дали доколку не вратам на пораките ќе ја вратат пратката? Дали може да ми дојде некоја казна?
Здраво, дали некој пред брзо има нарачано од lookfantastic? дали доставуваат преку обична пошта или ДХЛ/Федекс?
Јас сум презадоволна од онлајн продавницата за корејска козметика Ksisters За жал во Мк не испорачуваат, испорачуваат во др држави низ ЕУ Доаѓа се убаво спакувано и ми имаат ставено и подароци фул сајз крема за лице со фактор и една лист маска. Плус ставаат доста тестери. Продавницата е во Словачка
одамна не сум нарачувала од Iherb. како иде нарачката, преку што доставуваат, царина? и за колку време пристигнува
Обично избегавам да нарачувам козметика онлајн, поготово од рандом профили на инстаграм. Ама, ме интересираат искуства со странава. Оригинал ли им се производиве? Наводно работат со преднарачки од Сефора. Продаваат брендови што воопшто не се достапни кај нас, на пример Sol De Janeiro, Rhode, Ordinary, Elf и слични. Сакам да си го нарачам сетот со спреј за тело, гел за туширање и лосион. Такви сетови има на фри шоп и во Сефора, на сликите не делува фејк ама сепак сум скептична. Искуства?
И мене ми излегуваат на инста, очи ми се отворија од козметиката и парфемите ама не знам дали се реални и јас како тебе се двоумам за нарачка, ќе почекаме да каже некој дали вреди да се нарача
Не знам што да мислам, вака цените не им се нереално и сомнително пониски. Ама сепак, ни тоа не е некоја гаранција дека ќе добиеме оригинал. Јас нарачувам свашта онлајн, и облека и ташни, па и обувки ама само од проверени и официјални страни што имаат и физички продавници и можност за замена и рефундација. Добро, сум нарачувала облека и од рандом инста страни и некогаш се погодувале, некогаш сум се зезнала не дека не, ама сепак за козметика е друго. А баш примамливо делува странава.
@Panda00 Имаат и сајт Но, не знам колку им се цените пониски, бидејќи пред некој ден членка бараше Sol de Janeiro, И кога и пратив линкови, гледам на Gloshop беше 1800, а таму 3200 Побарав и јас мислења тука дали има, ама не наидов на никакви. Но, според Chatgpt, сајтот е релативно нов затоа low traffic, но изгледал легално според доменот, па не знам
Леле во право си, мене сега ми текна дека на фри шоп беа пониски цениве за Sol De Janeiro. Па и во Лили и Сефора како да не беа толку. Ауу.. не беше најголемото шише 30€ а сетот со лосион и гел околу 25€ или грешно памтам?
@Panda00 Сега баш гледам, малите шишенца се по $25, најголемото $34-39, а сетовите $34. Има и сет со 4 мали шишенца, $36. За другите прозводи на Shineskin немам проверено цени, да споредам како се, баш ќе видам
Сега гледав и јас на грчкиот фри шоп, шишето од 90мл им е 20.90€ а најголемото од 240мл е 32.40€. Кремата за тело од 75мл им е 17.50€, 39.20€ таа од 240мл. Во Лили редовна цена им е 3269 динари, а моментално на акција за 2599 што во денари би му дошло од прилика околу 1300. Значи дефинитивно на фри шоп се најокеј цените, штета што не може да се нарача од таму. Странава што ја коментираме претерала малку. А другата страна што ја спомна која е? Не можам да ја најдам. Имаш од таму нарачувано или?
@Panda00 https://gloshop.mk Имам порачано 2 пати досега, доставата е 150 ден и отприлика за неколку дена ми стасувало секогаш. Таму само бргу снемува на залиха, денес го гледаш, утре не, е работата
Гледам и цениве им се океј, за разлика од Shine skin. Значи немаат многу на залиха.. Ама вака битно задоволна си од производите, мислам оригинали се така? Тенкјуу.
@Panda00 Прочитав на форумот дека ја обновуваат залихата, ама многу брзо се распродава, па треба да си следиш ако имаш конкретен производ што баш го сакаш. Инаку да, оригинал си беа и дека стасува за брзо време (3-4 дена) ми е ептен голем плус, не да ги чекам по 1 месец Нема на што
@Polyincognito Да те прашам, на странава GloShop продаваат ли парфеми? Како само на Kayali да ги видов.
@Panda00 Да, само тие ги има, барем досега јас што имам видено. Во одделот на Fragrance ги само дава нив + Sol de Janeiro и Nuxe маслата. Ќе бидеме благословени да почнат и парфеми кои ќе се стварно оригинал
Штета, јас го сакам новиот на Армани а немам трпение да го земам од странство, па си се понадевав дека на странава ќе го начекам по океј цена ама шта да кажем, немам среће у животу. А со Fragrance.mk имаш искуство? Имаат сајт и број, можност да се плати со картичка или на рати, па и цените им се горе доле како на фри шоп, да речам. Членкиве ги читам дека се задоволни, ама што знам. Ни они го немаат новиот Армани, уствари сите парфеми што ги сакам ги немаат на залиха. Пробав да ставам во кошничка ама нема.
@Panda00 Е баш, никако среќа за парфеми тука За Fragrance инаку, немам искуство, sadly Ги читав и јас членките тука, дека се задоволни, некој дури рече дека може да им се провери автентичноста по беч кодот. Ама, баш и не знам. Јас сакав лани да си земам еден, на сајтот читам некоја девојка оставила рецензија дека го купила и не бил траен - а го имам од Франција и е супер траен. Еден друг, на сликата на нивниот сајт изгледаше зелен, а треба да е сина течноста Испаѓа баш како што некој имаше напишано на Редит, дека единствен доказ дека парфемот е оригинален е само местото од каде си го зел - т.е со кој брендот официјално си склучил договор за дистрибуција. Сè друго е apparently гола вода Тука на пример во Космо бев последен пат, сите парфеми исто ми мирисаа - на благо средство за чистење