Им пишав баш на Инстаграм, гледам на 25ти сум пишала повратен одговор нема, ниту па ја прочитале пораката. Баш штета, СПФ стикчето на Скин1004 таму најефтино беше, да знаев залихи ќе направев последно кога нарачував.
И јас ги прашував нешто пред некое време, не добив одговор. Веројатно и затоа била големата распродажба лани на Блек Фрајдеј, ги снема од тогаш.
Јас последно крајот на мај нарачка направив. А, имаш нарачувано сега скоро од YesStyle дали преку обична пошта или ДХЛ праќаат?
Се мислев пред скоро, но на крај сепак не се осмелив да нарачам од Yesstyle. Ми се чини дека преку ДХЛ праќаат, немам некој околу мене со некое потазе искуство.
Од кога ова за yesstyle преку ДХЛ? Јас нарачав за блек фрајдеј, преку обична пошта стигна. Не верувам да се спуштени на тоа ниво преку ДХЛ да праќаат.
Јас редовно порачувам од yesstyle, по обична пошта праќаат. Само што сега со царинскиве процедури знаат да досадуваат. Имам и код за екстра попуст на се, ако на некој му треба,нека пиши,ќе го споделам.
@Panda00 Little update, дека прашуваше еднаш за Shineskin, порачав од сајтот и ми стаса за 2 дена, доставата е 150 ден и производот си е оригинален
Фала ти многу што се сети. Ако дадат некој попуст ќе ги имам во план. Уз пат, сакав да прашам и за perfecthair.mk некој дали има искуство? Моментално имаат акција два Ревлон спреја за 1650 денари. Ваљда им се оригинал. Имаат и сајт, ама моментално не функционира.