@kim.k Да , праќаат и во Македонија и во Германија , за цела Европа поштарината е 5.95 евра ако порачката е под 60 евра , а ако порачуваш над 60 евра е бесплатна
За нарачка што не вредеше ни 10€ од lookfantastic, во пошта ми наплатија дополнителни 110ден. Моментално си калкулирам во глава и сфаќам дека севкупно сум платила повеќе од што треба. Башка, она што ми стигна не беше во оригиналното кутивче, жива среќа што не беше наменето како подарок за некој. Дали и вие сте имале вакво искуство конкретно од оваа онлајн продавница? За мене ова може да биде huge deal breaker. Следно што сакам да пробам е асос. Ако и тие се подебаваат вака со луѓето, предупредете ме.
И мене за нарачка од околу 15$, ми наплатија ДДВ 180. И кај Асос би требало да ги царинат , посебно ако се работи за облека. Јас имав чизми, околу 10$ и платив ДДВ.
@DzingrlakaDzikica @cooll Јас имам порачувано и поскапи работи, околу 40-50 долари, и ми немаат царинето ништо, ниту имам платено ДДВ.
Јас имав од бјутибеј нарачано кармин од 20 евра и не платив ништо. Буни се друг пат, данок се плаќа ако се надмине таа сума, а не како што ќе им текне.
Здраво. На 3 Април нарачав Morphe палета од beauty bay, и таму ми пишуваше дека ќе стигне за 5-7 дена ама еве ни трага ни глас... искрено малку загрижена сум пошто ги нарачав за матура да ми стигнат ќе ми требаат. Какво искуство имате вие со странава?
И јас нарачав палета morphe на 5 април и ја нема уште . Те молам пиши ми кога ќе ти стигне... Иначе не ми е прв пат од странава да нарачувам. Предходниот пат за 15 дена ми стигна но беше мала нарачка од 14 евра беше па немав трошоци со царина. На 5 април пласирав нарачка од 40 евра мислам дека ќе имам трошоци со царина овој пат , ако стигне се како што си платив . Иначе сум ја закашкала работава пред да ја пуштам нарачката (последнава) сум се логирала на beauty bay со email кој непостои . Сабајлево го креирав и сега незнам кои работи биле достапни и дали сите што ги нарачав ќе стигнат. Пошо првиот пат кога пуштив нарачка на email ми стигна порака кои работи се испратени тогаш една сенка од morphe ја платив и не стигна т.е не била достапна па ми се вратија парите после тоа. Сте имале ваква случка како мојава ? И налетав на едни српски блогерки кои велат дека фејк производи биле , што мислите? Јас лично нон стоп порачувам производи од нет нема страна од која немам порачано и сум задоволна. Од beautybay нарачав ситници првиот пат ( моливи, коректори , моно сенки, трепки) одличен квалитет се ... Пред 2 год од cheryculture нарачав се и сешто за 40 евра и ништо не платив на царина и се ми стигна. Од lookfantastic исто сум задоволна , се ми стигнува на време па дури ми испратија и некои промоции , купони но незнав како да ги искористам.
Ти стигна? Јас чекав што чекав ама не можев повеќе поминаа и тие 15 дена и ми пратија една ко листа рачно да ја пополнам и да им ја пратам скенирана за да ми ги вратат парите, треба до следен вторник да им се прати, а ја потсвесно се надевам дека ќе стигне палетава у меѓувреме...
Не ми е стигната сеуште ... Јас им пишав 4 пораки и замисли не ми вратија . Вчера конечно онлајн ги начекав и се им кажав. Ми кажаа да почекам и да ја посетам поштата . И да рачунам без сабота и недела . Би требало да стигне до крај на оваа недела мене страв ме фаќа кај толку пари дадов ...
И јас го имам истиот проблем со палетата на Морфи, до денес точно 2 недели, ама гледам пишувате после 2 недели стигале, па ајде ќе почекаме уште малце.
Периодов имаше и празник, нели нашиот и католицкиот Велигден беа заедно па имаше неработни денови. Можеби и заради тоа касни.