1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Online продавници за козметика

Дискусија во 'Лице' започната од Marija9, 23 април 2012.

  1. Heart of Steel

    Heart of Steel Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Доколку нарачувате од сериозна компанија како на пр. Asos или IHerb нема шанси проблемот да е во нив.

    На овој начин ги процесуираат пратките:



    Мал дел од пратките може да се загубат при меѓународниот транспорт, но најчесто проблемот е во нашата пошта - кога нема тракинг изгледа дека на некои поштари им фаќа рачето.

    Кога сум имала тракинг бројче секогаш сум ја добивала пратката, кога пратката е без тракинг се десило истата никогаш да не стаса.

    Инаку не паничете ако пратката ви касни. Поради празници и кај странциве и кај нас, а и поради немарност на нашава пошта се случува пратките да каснат. Мене пратката од АСОС ми каснеше повеќе од 1 месец, таман ми одобрија рефунд добив картонче да ја превземем пратката. Им пријавив дека пратката е стигната и го стопираа процесот на рефундирање.
     
    На leni_794 и Yuefoa им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @Heart of Steel и кога има тракинг им фаќа рачето.
    И во мала пошта, кај што буквално сите се знаат, почна пратките да ги пишува доставени, а тие никогаш не стигнати. Отидовме во пошта, картончињата потпишани дека баба ми ги примила. Таа вика ништо не примала. Додека да се вратам јас дома од поштата, сите пакети стигнале. Ја информирале поштарката дека сум си ги барала пакетите и магично ги доставила. Да не сум си ги побарала толку брзо, ќе си ги отпатувала и кому му е гајле?
     
    На Yuefoa и Animali им се допаѓа ова.
  3. Heart of Steel

    Heart of Steel Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    За жал таа ни е "културата".

    Кога имаш тракинг код на некој начин си сигурна, затоа што по правило при прием на пратката треба да ти побараат лична карта (пратката може да се подигне само лично). Доколку ти кажат дека вујна, стрина...ја подигнала пратката можеш слободно да ги пријавиш.

    Госпоѓата од поштата била свесна за ова затоа магично ти ја доставила пратката.

    Доколку немаш тракинг код немаш основа за да бркаш "правда". Се останува на добрата волја на компанијата од која си нарачала да ти ги рефундира средствата.

    За жал менталитетот ни е никаков. Се краде во пошта, па и луѓето кои ги добиваат пратките си користат рефунд опција...затоа голем број на компании почнаа да ја банираат нашата земја или да го покачуваат шипингот.
     
    На Yuefoa и Animali им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    По правило, секоја пратка што стигне во Македонија добива тракинг код. Ова мислам само во Македонија е, и тоа не од секогаш. Е сега, ако ти немаш тракинг ни во земјата на праќање и не ти дале тракинг бројче, не знам која корист ти е тоа што имаш во Македонија. Можат ли да пребараат дали има пратка за тебе оние на броевите за контакт? Можеби може, ама ќе сакаат ли воопшто?
     
    На Yuefoa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Heart of Steel

    Heart of Steel Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Доколку немаш тракинг код не можеш да знаеш дали пратката влегла во МК.

    Кога ќе отидеш да бараш одредена пратка првото прашање кое ќе го добиеш во пошта е дали имаш тракинг код, ако им кажеш дека немаш тие повеќе не се замараат со тебе. Единствен коментар кој ќе го добиеш е " Продавачот треба да ви даде тракинг код за да можеме да видиме каде е пратката".
     
  6. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Да да картонче донесе поштарот :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не. Ти реков дека заради многу крадење воведоа да не мора тракинг код и сите пратки да се следат.
    Линк:
    https://www.posta.com.mk/следење-на-обичните-пратки-од-интерне/
    По бројот на нарачката можеш, кога влезе во мк на сите пратки се става тракинг код.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Heart of Steel

    Heart of Steel Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    @DAngel Не сум баш запозната со ова, но колку што можев да забележам за тракирање треба да се внесе Бар Код-от.

    [​IMG]

    Претпоставувам дека бар код-от можеш да го дознаеш доколку го исконтактираш продавачот?
     
    На Yuefoa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Има уште една слика за тракинг намбер.
    Инаку, на прашањето мислам дека е така.
     
    На Yuefoa и Animali им се допаѓа ова.
  10. Heart of Steel

    Heart of Steel Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Проверував историја на нарачки на повеќе страници, секаде стои Order Number. Ако истиот го впишуваат на пратката би требало да функционира :).
     
    Последна измена: 15 јануари 2019
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам често нарачувам од алиекспрес и сега од кога ќе нарачаш ти дава тракинг намбер и со тој број си ги следам пратките. Истиот тој број ми ја има прикажано пратката на страната на пошта.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Леле, осеќав дека така ќе испадне на крај. :tmi:
    Ништо, битно стасало. Ќе им пишеш па ќе средите се, без гајле.

    Па после целава оваа голгота, белким ќе се погодат тие за лице. Ќе пишеш. :)
     
  13. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    И замисли да не ми се ок ич :rofl:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Да не ме мислите и полесно да спиете, ги земав од пошта :rofl:
     
    На sorbet и buba4e89 им се допаѓа ова.
  15. Lostinparadise

    Lostinparadise Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    2.030
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас порачувала од оваа страна? Оригинал се? Прашував за некои за цена некако скапи ми се видоа а незнам дали се оригинал :?: 90CCD5B1-4850-4689-9B20-80DF8B848331.png
     
    На Yuefoa и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  16. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    892
    Оригинал се, тие порачуваат за тебе или пак имаат веднаш нешто достапно. Океј се, нормално е да се поскапи..
     
    На Yuefoa, Animali и Lostinparadise им се допаѓа ова.
  17. BlairLevine

    BlairLevine Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki. Dali treba da se plati nesto plus (carina i sl) ako naracam od beautybay?
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Пишуваа членките за некои далавери околу царината,но колку е веродостојно не знам.
    Не се плаќа поштарина за над 25 евра порачка, а се што е испод 25 евра се плаќа 3.95 евра.
    Јас порачав и чекам пратка.
     
    На Yuefoa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    30
    Dali bese nekoj vo Cosmo Lisaa denes? Tocno li e deka ima akcija na parfemite 1+1 gratis? Za site li vazi?
     
  20. Heart of Steel

    Heart of Steel Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Не е важно од каде нарачуваш.
    • Ако пратката заедно со испораката (шипингот) не надминува 22 евра не се плаќа ништо.

    • Од 22-45 еур се плаќа само 18% ддв + помеѓу 100-200 ден за отварање (проверка) на пратката.

    • Над 45 еур 18% ддв + царина (која стапка ќе се примени зависи од типот на производот) + отварање на пратка + лежарина. Често се случува вкупната сума која треба да се плати да изнесува над 40% од вредноста на пратката.
    Повеќе детали: http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/patnici/mali-pratki-mk/224-carinarenje-na-postenski-pratki
     
    На Ana-Marija24, Animali, BlairLevine и 1 друга личност им се допаѓа ова.