И јас ја почнав, сѐ уште сум на прва сезона. Интересна е , онака лабавка серија, без да го замараш мозокот. Едино што ми смета е тоа што нема баш некој така смешни моменти, а пишува дека е комедија со драма помешано. Повеќе би рекла дека е чиста драма ама сепак држи внимание.
И сега, третата сезона да ја очекуваме догодина, така? Се плашам шаблонов да не стане досаден, иако не е нели копи-пејст на истото во секоја сезона, ама пак. Ме изненади вторава - не можам да се одлучам дали поинтересна ми беше првата или втората сезона. И двете имаа многу добри позадински приказни, иако сторибилдингот во првата сезона многу повеќе ми се допадна. Кастот ми е одличен, како ги споиле ликовиве, секоја чест. Многу забавно трио се Мејбел, Чарлс и Оливер. Оливер е хумор сам по себе. Се надевам ќе биде добра и следнава сезона, па останува да се чека.
Moi Топ серија за тепање време. Многу ми се интересни тројцата, не мислев дека ќе успеат да склопат вакво серииче, имајќи предвид дека Селена не е нешто талентирана за глума, ама покрај Стив Мартин и Мартин Шорт е баш ок. Скептична бев поради високата оценка на IMDB, ама искрено, требаше нешто вакво да се направи. Досадни ми станаа грото психо трилери, хорори и насилни серии и филмови.
Стварно се мајстори на занатот Стив Мартин и Марти Шорт! Многу лабава серија, таман мозокот да се одмори, а да не е со нешто досадно. Мене ми треба серија за да здивнам малку. Ова ми се погоди топ.
Серијава ја бинџнав претходниот месец и то мислам во минимално време. Генијално осмислена. Имат и формула шо функционира и доста имат динамика и новитети за да не е досадно. Преинтересно е како сами адресираа лупхолс од претходни сезони.