Немам позитивно мислење за популарноста на ОФ, ама многу ми е интересен феноменов на македонската јавност првпат што првпат се сретнува со девојка што одлучила да го прави тоа, притоа да зборува јавно и отворено, и бидејќи не може да ја прифати нејзината самодоверба ќе наоѓа милион бесмислени причини само за да ја извреѓа. Всушност за никој од овие што ја оцрнуваат не е проблем голотијата, проблем е кога жените не се однесуваат онака како што им е зацртано дека треба. Во ред е да купуваш, но да немаш почит кон оние што ти продаваат.
Јас ја имам слушнато Теодора како зборува неколку пати, интервјуа, тикток итн. и паметно размислува и убаво се изразува девојчето. Што се однесува до ОФ, сум пишувала како се осеќам за било кои гранки на сексуалната и порно индустријата и ми е криво што се промовира како empowerment, особено на млади девојки, на пример Теодора започнала многу млада, одма после 18 или нешто така, а контентот се сигурно продава на многу постари мажи. Не е она крива за тоа, ама како и порното што прави со barely legal категориите, се нормализира тоа, им се дава таква содржина на чичковци и е одвратно и опасно.
Слушајте ваму, Кој-шо сака ќе си работи. А да шерувате видеа во кои отворено се шири сексизам, ич не чини. Зошто да му го дигам рејтингот на шовинистичката свиња? Молим те, ја праша: “Како изгледа секстинг?“ Шо очекуваше? Да му го надрви пред камера? Ебате манијакот, да ти ебам! Па уште и глуми чедност, а ваму: “Сакам да ги видам, ама Марта ќе ме убие“ ... а сигурна сум дека и' се плеска зад грб. Сигурна сум дека сака да ја опни девојкава. Простак!
Добро направи девојката што не одговори детално на некои од прашањата. Непријатно и напнато беше. Прво деца го следат. Второ, секој знае како изгледа секстинг.
А што мислеше дека ке ја праша? За факултет? За што мислење има за променава на името? За економскиот развој на државава? Самата си кажува со што се занимава и за тоа е прашува, за областа на нејзината струка, таа сама си се одлучила И на двајцата однесувањето им е "испод части" пример какво не треба да се однесува човек
Абе ајде... Шо ти менва дали некоја се соблекувала за пари, или не? То не ти дава право да ја третираш ко да е подолу од тебе. А тој, баш тоа го правеше. Па и вие кои се согласувате со него. На ќерка ми нема да и' предложам да направи профил на Онли Фанс, ама ако сака да направи, нема да ја иссмевам и омаловажувам.
Ама она се одлучила да се занимава со тоа. Не гледам ништо лошо во прашања поврзани со јавната работата. Јас ако сум доктор да речеме, не треба да ме навредува прашање “Како изгледа операција” .. Ти ја гледаш како подолу очигледно, не ја третира он. Она свесно се бави со тоа, и свесно дошла на интервју да зборува за тоа. Пеачките зборат за песни, настапи, политичарите за политика, она нормално е да биде прашана за работата. Не навлагам дали е морално, паметно, добро, ама дефинитивно не можеш да се бавиш со нешто такво, ама кога ќе те прашаат да си као омг како може вакво нешто да ме праша.. Да не треба да ја жалиме?
Ај прочитај ја последната реченица од мојот пост За работата си ја прашуваше, нели опенд мајдент била, сама си кажува а инаку ти реков да ја прочиташ последната реченица дека двајцата се испод части никаде не напишав дека сум се согласила со него Знам дека испревртувате мислења за да сте во право али еве имаш син земи си ја за снајка немам ништо против
Начинот на кои беа поставени прашањата беа очигледен обид за омаловажување. Ја мразеше и ја посакуваше во исто време.
Ама она се бави со тоа, она дошла кај него во емисија за самопромоција. Овој ми изгледа на тежок кретен, тоа не го коментирам. Муабетот ми е, што би требало да ја праша, што има лошо во прашањето како се одвива секстинг, ако веќе се бави со тоа? Ако она е толку либерална, и “паметна” што заработува и скроз океј со тоа што го прави, треба гордо да збори за тоа. Очигледно беше дека и е срам целото интервју.
Мене срам ме изеде во текот на цело интервју. Буквално. До каде стигна светот? Да е горда оти се слика гола и им го дрви таму на кој стигне за помочани 20 долари. Па при крај кога зборуваа за цената, во смисла сеа на попуст си, колку кошташ, таква брука ме јаде, се наежив. Ко за парче гардероба да се зборува, не за живо суштество. Намали си ја цената, се жалат фановите. Ао мајко. За вакви една мотика и на нива да копа на плус 40 степени, само така.
Туѓ срам ме изеде додека ја слушав, а Лазаров ја праша баш прашања за какви е и дојдена тука, плус и ја испромовира гратис.
Исто мислење Без разлика со што се занимава можеше бар покултурно да е нивото, тие дно дна На почетокот е смешно после не е
Никој не спори дека тоа го работи. Проблемот е во начинот на кој се води интервјуто. Апсолутно непрофесионално е. Нека учат малку новинарство право, па после нека интервјуираат луѓе за медиум. Цела основа беше поставена на сексизам, потценување, иссмевање и сексуално вознемирување. Шо муабет е то: “Опиши ни како си сликана?“ 'Експлицитни' е одговор, сам по себе. Ама типот не беше 'задоволен' со тој одговор, па инсистираше да му објаснела. Демек не знајме шо значи експлицитна слика, демек тој нема порно гледано и дркано ко мајмун?! Одвратно.
Е, ова. Девојката одговараше културно, без навреди и вулгарност, како што треба да биде интервјуто. Ама како што кажа, тој очекуваше детални сексуални описи пред камера. И тоа со цените и попустот не му требаше воопшто па макар и на шала без лоша намера да било.
Сигурно не очекувал опис, дечкото се бори за гледаност и си ја постигна целта. Да беше ок и културно видеото немаше сега да пишуваме тука и да го отворат луѓе од љубопитност да видат што тоа се зборувало
Е како не очекуваше опис кога ја праша како изгледа секстинг и експлицитни слики? Кажа голотија, се е јасно, што треба да каже подетално, дека го слика анусот? И има еден куп начини да се добие гледаност, само треба креативност и памет. Ова не е тоа.