Стефан Лазаров не е никаков професионалец, само снима видеа за Youtube. Нема што посебно да се очекува од него.
Во видеото девојката се однесува супер океј, движењата нема да ги коментирам, претпоставувам дека доаѓа со територијата. Поима немам која е, не судам воопшто. Но Лазаров, половина македонска "естрада" и уана би блогери и инфлуенсери, со своите содржини и однесување се очајни и за критика, само не и некој што е свесен за себе и нејното место во целата сторија. Направила избор и живее со него. Правилен или грешен може само таа да каже за неа, затоа што никој друг не го засега.
Се препоти братов во интервјуто, овој ако не платил до сега на повеќе девојки еве на. Сирота женска му со ваков лик.
Оти многу бил поштен, а таа била курва. Буквално, така испадна муабетот. Јас имам очекувања од оние кои ме информираат. Затоа не гледам такви како него.
Ама мене сериозно не ми е јасно шо ви смета оваа.Ако не ви се допаѓа игнор. Зошто мора секој поединечно да си ги проектира сопствените фрустрации и незадоволства во секој аргумент?!
Поентата е дека на никому не му смета оваа(што би рекла ти) глупа е како да ти кажам катастрофа и е и речник и понашање и врвот е дека имала шугар деди и со такви и коментари капираш? Таа е глупа што зема пари со голи слики од дедовци дркаџии што плаќаат за тоа колку тажното Можеш и ти да си отвориш профил нема ни против тебе ништо да имаме само е многу глупо за 4$
Не би дозволила сопствената ќерка да прикачува експлицитни слики од себе било каде. Не се чувствувам воопшто уназадено, туку згрозено од она што се пробува во денешницата да се протне како нормално. Не е нормално гола да се сликаш и некој непознат, стар, на тебе да се задоволува. Уште помалку да разменуваш сексуална содржина со непознати лица. Не би ни да се восхитувам на храброста. Има куп работни места и разни кариери во кои може да се пронајдеш, а и да заработуваш солидно. Или пак полесно е да работиш еден саат во два дена, да се сликаш експлицитно, за стари мажи да можат да се задоволат. Зарем веќе се заборави што е поимот достоинство. Не ја кривам девојката, толку знае за свои години, каде се родителите да и дадат насока во животот. Браво за мајката што се гордее со порно сликите од ќерка и.
Нејзино тело, нејзино право. Што ни значи мене и тебе вокабулар, граматика или колкава самодоверба има? Зошто то смета тоа што според тебе е глупа и тн.? Инаку за Лазаров. Не знам зошто ви смета што ја прашал за секстинг. Она вели мене ова ми е работа, тоа е работа како и секоја друга. О а дошла да зборува за тоа. Значи прашањето да му објасни за секстинг е исто како да прашаш фризерка како се шиша степен. Друго ќе беше да викнал рандом девојка што е пеачка, глумица, продавачка и да ја праша за пва
Мене видеото ми беше само смешно после трагично и толку, нека се занимава со што сака што ми е галје мене и онака за нејзината професија нема потреба од богат речник Јас лично никогаш не би се сликала гола за 4$ и тоа е тоа затоа и ја сметам за глупа, бар да е некоја цена
Ако живее под мој кров, ќе ме праша. Родителската улога не завршува кога детето ќе ти наполни 18 години. Многу зрели на тие години, па одлуките што ги носат, се се правилни. Да и дадам храброст да снима и слика порно материјал, ја губам веќе улогата на мајка.
Твоево звучи ко: “Те родив, ќе те убијам“ Ќе се иссели од кај тебе и пак ќе го прави тоа што сака. Не можите да сфатите дека децата не ви се своина. Не се објекти. Засебни личности се. Се обидуваме да ги спремиме најдобро што умееме, па ги праќаме во светот. Тоа што ќе направиш додека е дете, толку. Ќе те праша, колку ти шо ја прашваше мајка ти, на кој да му се соблечиш гола. Е толку.
Пред некое време коментарите на темата 'Секс со женет' беа - некои жени ги интересирало само кеш и со ништо друго не се замарале и тоа беше прикажано ко нешто за фалење. На тема за ОФ - не било поштено да заработуваш од сексуални слики/видеа. Разликата да ми ја објасни некој? Или е поштено или не е, договорете се. Родители што вака размислуваат, да знаат какви работи им кријат децата во несвест ќе паднат. Ќе се исели и нема да те праша, и? Доверба не се гради со уцени.
Не, не звучи така. Можеби тебе ти звучи за да дадеш тежина на самата реченица. Ако детето не те прашува за мислење за одлуки во животот, може треба да се размислиш каков однос кроиш. Најдоброто сигурно за детето не е да биде гледано како сексуален објект. Не си воопшто напредна со тоа размислување, повеќе е загрижувачки што ти би прифатила за своето дете. Не споредувај соблекување од љубов према некој, со соблекување за пари пред цел свет.
И онака малолетници не можат да направат OФ, ако е 18+ може да отвори акаунт. И ако е возрасна и самостална личност 18+, не можете повеќе вие родителите да одлучувате за било што во нивниот живот.
И во порно, и во ОФ, и по улица, само жените се гледаат како секс објекти кои треба да ги задоволат желбите на мажите кои се спремни да платат/нападнат/изневерат за да видат цицка. *да не речите во ист кош, не сите. Уште не знам која страна да ја заземам освен тоа дека треба да се учат од мали и едните и другите.
Соблекување е соблекување. Ако ја пали, шо ти е тебе гајле пред кој се соблекува? И јас мислам дека треба да се учат од мали на сите ризици со кои можат да се сретнат. Не дерење, не карање, не закани, туку разговор. “Мамо, јас вака одлучив“ “Во ред ќерко, ама размисли убаво со какви се ризици може да се соочиш, прочитај искуства од вработени во таа бранша, па после одлучи„ “Дури живеј под мој кров, ќе прај ко шо ќе му кажам“ - е ко да е предмет, без мозок да размислува за себе