Што ти е со прашањево. Како не треба да ми биде гајле, ако ќерка ми се соблекува пред куп непознати луѓе. Јас што сум, мајка, другарка, или обичен познаник.
Ама не е твоја работа. Ако има 18, немаш никакво право да носиш одлуки место нејзе. И јас не би сакала, ама никогаш не би и' рекла: Дури си под мој кров, ќе правиш јас како што ќе ти речам Опишав погоре што сметам за правилен пристап.
Не знам што толку се фативте. Девојкава се одлучила на оваа работа, свесна влегла во тоа, ги знае и добрите и лошите страни. Нејзин живот е. Во однос на изразувањето, не гледам толкава драма, сепак кажа сама прво интервју и е, млада, неискусна, а и на вакви прашања не знам каков вокабулар очекувате. Зборувањето на дијалект само можеше малку да го изменаџира, но сепак ништо страшно. Сметам дека многу подобри прашања можеше да разработи Лазаров, тој повеќе на посељачки прашања се осврна и тупеше. Знаеме за што е интервјуто, ама пак некои прашања не мораа да бидат поставени.
Не е никаква позитивна работа на полнолетство првото нешто што ќе го нсправиш е да отвориш оф. Ама за тоа не е криво секое девојче што е дел од системот, туку системот и пропагандата. 18 год. не е ништо поразлично од 17, не е дека магично се будиш и си способен/а да носиш рационални одлуки. Иако оваа дискусија може да ја правиме кога ќе се поместиме од точката на вмешување на сопствените чувства, фрустрации и дефиниции за морал. Со оглед на ограниченоста не е баш време.
Па да, под мој кров не сакам во другата соба да се соблекува и имам право целосно да забранам порно материјал во својот дом. Тоа ако тебе ти е нормален пристап, супер, спроведи го. Јас би имала друг пристап, за кој ти немаш право да го спориш, т.е имаш, ама ќе ми биде целосно небитен.
Очигледно не се разбираме. Треба прво да ти се разјасни дека детето е засебен ентитет, па после ќе прајме муабет. немам ни време, ни желба да те едуцирам на форум
Мене ми е многу интересно како тоа на некои се нешто им смета како луѓето си го тераат животот. Остај тоа, наместо нешто корисно да кажат тие се служат со навреди, во отсуство на солидни аргументи. Инаку onlyfans да немаше побарувачка, а и понуда немаше да опстои(изгледа многу "глупаци" има на планетава). На сајтов има и мажи и жени шо искористиле прилика да заработат и мило ми е шо не се срамат.
Не претерувајте луѓе, една мајка треба да го советува своето дете, за неговото најголемо добро. Фатална грешка е ако некое девојче мисли дека е амбиција кога ќе наполниш 18 години да снимаш за ОФ само заради тоа што си видела некој тикток дека е лесно да заработуваш така. Не значи дека ако ќерката веќе направи грешка родителот нема да биде тука за неа и да и помогне во таква ситуација. Ова ваше „нејзино тело, нејзин избор“ и „кога ќе има 18 години ќе прави што сака“ е тоа што се обидувам да ви кажам дека е многу опасно за млади девојки. Знаете дека јас немам понижувачки ставови кон секс и порно работнички, за продавање на тело и такви глупости. Ама некој да си има амбиции за кариерата, таа да се врти околу напалени мажи? Опасно е.
Не се замарај, секој што е воспитан од родителите со љубов и внимание нема да забега по вакви патишта, и после 18 години ќе размислува на кој факултет да се едуцира и како ке ја гради својата иднина, а нема да ја гради на вакви одвратни сајтови Значи сега да сакам сега би отворила онли фанс, ич никој не ми забранува, но нема да си дозволам таков срам, тоа е на крај памет
Разбирам дека не сакаш твое дете да се занимава со Onlyfans. Но, општо во животот со вакви ставови, забрани и уцени кон детето се добива најчесто контраефект. Многу работи децата ќе кријат од вас, затоа што ако ви кажат ќе знаат што следува. Па така (пример давам), детето може на 18 да отвори onlyfans и воопшто родителот да не знае дека отворил. Под ист покрив ќе се и нема да знае родителот вооптшо. По одредено време ќе дозане родителот, пепел ќе се направат, детето со заработката ќе се исели, ќе нуди поексплицитна содржина за да опстане и ќе забега уште повеќе во тој правец. Далеку од тоа дека секој по 18 години треба да отвори профил и да продава експлицитна содржина. Поддржувам дека на децата им е потребна едукација и запознавање со работите околу светот и со тие што се модерни и популарни. Но се тоа да се доближи со разговор, а не со забрани.
Мислам дека имате малце нереална слика за OF , не секоја девојка прави толку пари колку што мислите , девојката се согласила на интервјуто за да си го промовира профилот и да заработи повеќе , паметен потег од неа . Пореално е дека , ако не сте некоја позната личност со големо присуство на социјалните мрежи би имале многу мала заработка , во најлош случај блиски луѓе на вас би платиле за тие слики и засекогаш ке ги чуваат тие слики.
@Alexandrite сите сме најјаки додека не стигнеме до одредена ситуација. Пред се, ако знае дека не прифаќаш некои работи, нема ни да ти каже. На 18 год. може да отвори. И еве отворила, ти дознаваш...и? Ќе ја избркаш од дома? Ќе ја тепаш? Нема потреба да се силиме на шта би било ситуација. Но свесно, како мајка и, јас не би поддржала. Пред се ради последиците кои ќе дојдат понатаму, за кои она уште не е свесна
Им се смеете дека за соблекувале за 4$ а не размислувате пошироко дека сега се 4,понатаму ќе бидат повеќе,ќе заплива во други води,модна индустрија пример,сега со интернетот и сите платформи многу е полесно да се пробиеш. Секој со своите одлуки,нивно тело,нивна работа.
Ако детето расте во здрава средина, нема прв избор да му биде да се соблака за пари. Не треба јас да ги санирам последиците, туку да превенирам вакви идеи. Никој не ме едуцирал на оваа тема, па не ми текнало да отворам акаунт за да заработувам. Не е воопшто наивно она што го поддржувате.
Тебе сеедно би ти било? Ќе го стимулираш нејзиното однесување, бидејќи ете има 18 години и многу е голема да прави правилни одлуки?
Па, не баш. Кога имаш 18 години навистина не си доволно зрел за вакви работи и лесно можеш да бидеш убеден. Порнографската индустрија, зборам за милионерски компании како pornhub, баш искористуваат млади девојки кои не гледаат друг излез и се наоѓаат во предизвикувачки животни ситуации, некогаш тоа не е ни регулирано дали се легални или не, а во мозокот не се многу менува дали имаш 17, 18 или 19 години. За ОФ јас мислам дека повеќе е проблем што жените забораваат на сите лоши страни на ваквата работа и го сметаат за empowerment ако ти самата одлучиш да го сексуализираш своето тело за мажи (ќе зборам вака пошто факт е кои се најчестите купувачи и што бараат), а уствари треба да се работи на тоа дека не треба да биде ни опција некој да ни го купи телото. Ако веќе постои здрава врска меѓу родител и дете, треба да се едуцира детето за ова, а не да се поддржува. Навистина не треба многу да се очекува од луѓето на 18 години, еве јас се сочувствувам со Теодора, која сигурно не се родила со идеја да се слика за ОФ, туку пораснала, дошла до мислење дека е нормално да работиш на ОФ и дека е синоним за напредно размислување.
Абе која модна индустрија збориш ти таа треба телохранител да си обезбеди за заштита од манијаци, со што би се занимавала после ова жити се?? Имаше една девојка од Охрид по потекло од Ресен снима порно на порнхуб, распрашај се каде е сега и што прави Вие ептен сте биле заминати со паметите, во кој свет живеете
Јас те прашав што ќе правиш ти во конкретна ситуација? Не ми одговори, туку ме прашуваш нешто за кое во истото мислење се изјаснив дали би поддржала или не, што ме прашуваш истото по 2 пати? Ама не ме сфаќаш. Ти можеш до утре да думаш дали е ок или не ама одлуката дали она ќе го работи тоа е само нејзина.
Не знам што ќе правам. Ниту пак хипотетички да ти одговорам. Прво нема да дозволам да дојде до тоа. Ќе и биде доволно убаво објаснето, дека може добро да заработува и без да мора да се соблака и да си го губи достоинството. Знам што не сакам, ама не знам во иднина што би правела. Ако дојде до тоа, ќе ти кажам.