Ако некоја возрасна самостална личност е цврсто решена да го направи тоа што планира, ќе го направи без разлика дали е поддржано нештото или не. А кога сме кај децата, не ги окривувајте нив што мислат дека е гордост да се сликаш гол/а за пари и да имаш ОФ акаунт. Грешката е во родителите што не ги едуцираат децата и ваквите теми ги ставаат под тепих. Затоа продолжуваме да имаме неедуцирани генерации. Доколку им се објасни се како што треба и соодветно за нивната возраст, ќе бидат свесни за последиците што доаѓаат од тоа, па потоа да размислат што ќе прават понатаму.
Една Ким Кардашијан се покаја за порно снимката затоа што сега е сериозна жена и мајка. Друго е размислувањето на 20 години и уште се лута со паметот тогаш. Ама дефинитивно тој пат не е исправен како сакате кажете ама не е! Се согласувам со тебе. Се е од дома. Какви се родителите-такви се и децата и децата од нив учат!
Ти гарантирам дека со правилно воспитување нема да дојде до тој чекор. Нема потреба експлицитно да објаснуваш што треба. Вистината е дека, и да сака да ја слика, после 18 не можеш ништо да направиш. Се покаја откако сите од фамилијата станаа милионерки а најмладата билионер.
Никој не вели дека ќе се радува ако детето му одбере да се занимава со таква професија. Нема да ми е сеедно, затоа што знам колку е опасно. Не оти е 'курва', 'гнаса', 'одвратна', туку оти има ризици кои животот можат да и' го загрозат. Ама, ако и покрај се', ќерка ми одлучи да го прави тоа, не би ја напуштила, не би се откажала од нејзе, не би ја навредувала, не би се гадела од нејзе. Пошто имаш моќ само врз своите постапки. Туѓите, не се во наш домен. Треба да сме свесни колку ни е моќта.
Заработуваат, пример девојкава оди на карта евтино, повеќе би платиле 4$, отколку да и е 20$. Сега заработува толку, кажа дека дополнително заработува ако пишуваат со неа, им праќа дополнителни слики. И се тоа со тек на време ќе се зголемува, како што ќе расте популарноста. Како и за се друго во животот, заработката доаѓа со времето постепено. Детето нема да расте во здрава средина ако постојано живее со забрани и уцени. Идеи ќе превенираш со разговор, кога ќе објаснеш на свое дете за сите последици од нешто, кога ќе се потрудиш да му доловиш на дете најпластично. Не се превенира ништо со забрана, најчесто пак ќе кажам контраефект се добива. Тебе не те едуцирале конкретно за onlyfans, дека тогаш тоа не било достапно, немало потреба, но сепак те едуцирале за други работи кои биле поактулени во тоа време во кое ти си била дете. Различни генерации, различни проблеми.
Не знам што да ти одговорам и на сличните ко тебе што го пишуваат ова. Дрога, проституција и ете по ново, соблакање за пари на интернет се нештата што не би ги дозволила за мое дете. Ако тоа ме прави лош родител, нека бидам и најлошиот во твои очи. Не те разбирам какво е тоа постојано живеење под уцени и забрани. Реков такво нешто?
Wow , прво ме изненадивте викам многу либерални нашиве девојки , после тотално забегавте . И се пуштивте на жената како да е скоро невозможно да одгледа дете кое нема да има ОФ . Време ако се вложи во детето , да се насочува ,заштити како што треба и како се заработуваат пари , никогаш нема да помисли дека единствена можност да заработи пари и е ОФ или слично . Извинете ама ако вашето дете на 18 год мисли дека само ако отвори ОФ се заработуваат пари сте неуспешни како родители , да НЕУСПЕШНИ , total failure.
Како успевате зборовите на членките кои многу јасно гласат дека закани и уцени водат до поголем бунт, да ги испревртите во омг вие ќе им дадете на вашите деца да бидат проститутки?
Најголеми стравови на денешните родители, ако е женско да не се слика гола за пари, ако е машко да не е педер. Цитираните мислења за мене се опис за како нема да го воспитувам моето дете.
Не те прави лош родител тоа што не сакаш таква иднина за твоето дете, туку што се расфрлаш со закани.
Па “Моја куќа, мои правила“ е закана. Пишав и поназад. Би седнала и би разговарала со нејзе. Не би ја уценувала.
И што сфати ти од таа реченица? Реков ќе ја тепам? Прочита нешто такво? Реков дека ќе ја затворам дома и нема бел ден да види? Прочита нешто такво? Не сакам да се замарам да ти објаснувам и на секој посебно што мислев со таа реченица, затоа што и онака ќе си читате како што ви одговара.
Факт е дека децата на 18 години не се доволно зрели. Пример ќе го гледаат интервјуто, во него се е розово и со тоа наоѓаат лесен начин за заработка. Конкретно во интревјуво се направи промоција на onlyfans, а не се објасна детално што и како е нависитна, кои се лошите страни и последиците и до каде се може да дојде. А требаше тој поглед повеќе да се разбработи, дека сепак млада публика го гледа. Зашто не секое дете има здрава врска со родителот за да разговара, а и не секој родител е запознат со деншниве „трендови“. Но сепак, на крајот се сведува дека ако некој одлучи тоа да го работи, потполно свесно тоа да го прави, не сме ние останатие кои треба да судиме. Секој си има свој живот и свои одлуки. Не реков никаде дека те прави лош родител ако се потрудиш тоа твое дете да не го прави. Напротив неколкупати кажав дека треба родителите да разговараат со децата на вакви теми и да се едуцираат. И пак ќе кажам да разговараат. Јас само го осудувам твојот начин со реторика од типот во моја куќа, додека си под мој кров, јас ќе кажам што и како ќе правиш. И ова не е само за темава, туку општо за сите животни прашања.
Убаво што се трудите да си ги воспитате ќерките да не забегаат во порно индустрија или проституција, ама учете си ги и синовите да не бидат манијаци. Го занемарувате тоа што девојката исто така кажа дека со денови манијаци и спиеле пред куќа. За мене ова е многу полошо и поненормално.
Решава да снима порно материјал во соседната соба. Таа соба е дел од мојата куќа. Онаа што јас со пот ја имам заработено, а не со својот полов орган. И јас зборувам само на темава, а не за сите животни прашања. Не, нема да дозволам ќерка ми да се слика гола во мојот дом. Не реков дека ќе ја тепам, не реков дека ќе ја избркам, не реков дека ќе ја казнам доживотно. Ама сигурно нема Ајфон да и купам за да ја стимулирам и сигурно нема да и дадам пристап до акаунт. И доста беше. Не ме замарајте со едното те исто.
Мене поќе ми смета то шо девојкава се рекламира на медиум кај шо грото се деца него тоа шо се слика. После манијаци и седеле пред куќа .. епа изгледа на то ги учиме ние од мала возраст и машки и женски. Иначе како шо сака нека се слика, нејзино тело, нејзини одлуки. Од аспект на родителите ќе кажам само дека настрана сите тие морални вредности (ако сака некој се придржува ако нејќе океј) од безбедносни причини требало да ја советуваат девојкава зошто секој родител сака да си го заштити чедото а збориме за многу опасна работа. Али океј секој воспитува онака како што мисли дека е најдобро.
Добро ти мислиш ке бара дозвола од тебе? Ке ти најави мамо ке се сликам гола за онли фанс? Или ке те викне да ја гледаш како се слика? Како ке забраниш? Заинтересирана сум како ке го изведеш тоа? И како ке ја казниш? Смешно ке е да кажам што се правеа моја генерација кои имаа такви родители кои велеа моја куќа мои правила.