Болдот - колку само погрешно размислување. Ете жив пример ти е девојкава, здрава средина ама се слика. Со забрани и уцени ништо не правиш,сега не разбираш ама во подоцнежните години ќе ти стане јасно. Уште повеќе ќе и расте андреналинот и ќе крие од тебе и тоа ќе доведе до бурни конфликти. Наместо да добие подршка како што кажа @WildMk да може сама да процени и да научи одредени лекции кои во животот понатака ќе и послужат за полесно справување со предизвиците. Исто така, може да расте во нездрава средина и да не се слика затоа нема правило. Ако ги чувате во стаклено звоно и ги раните со златна лажичка 50% од децата завршуваат на погрешна патека.
Немам онли фанс, не плаќам за нечиј онли фанс, не сакам ќерка ми да има онли фанс, и ако веќе има порадо би да е за фитнес. Ама и од најфини родители, излегле деца што ги разочарале. Онли фанс не е најголемата катастрофа и доказ дека не си бил добар родител. Можеби просечен си бил. Не се сите тепани, силувани како деца , игнорирани, па отишле во порно индустрија...или станале шугар бејбиС.
Оваа слободно ќе може да се пензионира за некоја година, или да вложи во некој бизнис. Сигурно прави 5 цифри месечно, во евра.
Го гледав видеово, девојкава е сталожена, комплетно знае што прави и свесна е за ризикот, Лазаров е сељак, мене ми изгледа дека дури е и доста интелигентна девојка, а професијата која ја одбрала, нејзин избор, можела вакви слики да става и на други социјални мрежи и да не бидат платени, а зашто, кога можат да бидат платени? Ако на некого му се гледа, нека си отвори онли фанс, нека си плати и нека си гледа.. Воопшто нема потреба од навреди и омаловажување затоа што се решила да биде онлајн сексуална работничка, сепак, девојката си нашла начин за да прави пари..
Нема да уценувам, според приложеното, да биде попрецизно, начинот на воспитување, сфатив дека треба и реквизити да купам, да не биде барем аматер. Од родител, може и менаџер ќе станам, па и јас некој процент да земам. Само детето да си го следи сонот, да е среќно и исполнето во порнографските води. Ај уште два три пати нека напише некој работи вон контекст, па ќе најдам сходност и јас да напишам уште нешто што би се извадило од уште поголем контекст, да дадам материјал да се исполни денот. Ако се чита, нека се чита како што е напишано. Во спротивно, не очекувај да вратам нешто конструктивно за да задоволам нечии желби за истакнување. Поздрав и секое добро.
Е ова е веќе друго што го пишуваш. Кога го напиша првичното мој дом, мои правила, јас, а како што гледам и останатите те сфативме дека, ќе ја тепаш, ќе ја избркаш од дома. Општо кога и да ја слушам оваа реченица во кој било контекст, за која било тема на дискусија, ја сфаќам дека ако не се почитува, следуваат казни. Никаде не се напиша купи и Ајфон, направи и акаунт. Напротив кажавме во неколку наврати дека треба едукација на децата. Девојката во видеото кажа мајка и и купила телефон и и рекла отвори Onlyfans, тука никој не искоментира околу тоа, е сега дали тоа е вистина или не може да нагаѓаме. Дека сепак јавно интервју е, сигурно нема да каже она што многумина сакаат да слушнат, ме избркаа од дома. Која и да е вистината, таа ќе каже имам поддршка, а со Ајфонов исфилува уште толку.
Децата си се засебни индивидуи и не може да мислат како нас, ама ако детето си го воспиташ правилно, нема да му текне да одбере некој погрешен пат. Сосема добро ја разбирам @Alexandrite. Под мој покрив мои правила, не значи воопшто закани, уцени или заплашување, туку воспитување. Правила и методи на воспитување. Децата го следат примерот на родителите. И додека ние се бориме да не бидеме гледани како сексуални објекти, Теодора и други како неа самите се сексуализираат. Епа, за жал, тоа е новата реалност, дека жените се за секс задоволство. Добредојдовте. После тепајте се во теми зошто брадавиците ви се оцртувале под блуза.
Кога би биле малку реални и објективно да ја гледаме работата, па ние жените мора да си признаеме дека сакаме мажите да не гледаат како сексуален привлечен објект..затоа носиме миничи, длабоко деколте, танги манги, пуш муш ап, силикони у цицки, у дупе, у усни, па вештачки трепки, цртани веѓи, па ....итд итд. Разликата е што некои женски сакаат само да бидат гледани и да слушаат воздишки, додека другите сакаат да бидат и " опипани".
Почитувам јас убави облини, убаво тело и да биде тоа истакнато ок, зошто да не, ама јас барем на тоа гледам како естетика, а не нешто сексуално. Тоа е правилен начин да гледаш на нечие тело ама ете дојде време да не се гледа така туку одма да мислат што би и' правеле.
Абе така е душо, но вистина е дека и тоа е нормално ..знаеш она, кога гледаш некој убаво декориран колач, па го вртиш од сите страни, горе доле, како е направен...и..и потоа ти доаѓа желба да го пробаш, да го загризеш...
Не ја подржувам, ама уште помалце и судам, и тоа само заради глупи општествени норми на Македонците од Балканот. Тоа што место да оди да бачка за 18К и да мизарува, нашла друг начин ни малку безбеден за средината во која живее, и е свесна и се носи со последиците, не ми е за восхит, но најмалкју што можам е да не ја омаловажувам и да покажам респект. Јер има куп смртници што растураат животи на безброј начини, ама тие работат од 9 до 5, чесна работа, па прстено нека им е. Ама тоа ти и маж ти, и другите ваши деца јер така ќе ги воспитате. Други нема да се. Теодора јавно кажа дека нејните не ја осудуваат и хејтаат за тоа што го прави. И тоа е правилниот начин. Со сигурност не твојот. Јер може и да не си океј, ама ако место поддржка почнеш со рефератни монолози и се наложиш, гес уат? Не ја решаваш ситуацијата. Се разбираме сега кој што кажува, без да инволвирање на незнајни асампшани а на пишаното тука? П.С. На редактираните мислења, може да стои оти е редактирано?
Јас би направила се за мојата ќерка да не работи вакво нешто. И ќе направам се за да не дојде до ситуација каде што ќе мисли дека нема да има друг излез освен тоа. Сметам дека ничие тело не треба да биде продукт на пазарот, не треба така да функционира светот. Тоа дека е нивна одлука е илузија. Не може да гледаш иднина во индустрија која е направена од мажи за мажи, без никаков бенефит за една жена. Ако како возрасна индивидуа, ќерка ми не го сфаќа ова, не сака да послуша совет, јебига. Не верувам дека ни јас ни членката која се расправа за ова би си го понижувале детето ако веќе се случи тоа. Ама потценувате колку влијае домашно воспитување на детето, и не мислам на забрани, казни како што вие сфативте затоа што така дете не се воспитува. Мислам на темелни уверувања и погледи на животот кои се вградуваат од првата секунда кога ќе се роди бебето.
Многу сте оф-топик. Прочитајте го воведов на темава, не се однесува на родители и деца и нивниот однос, ама воопшто. Ќе ве бришам и ќе се навратам да избришам што е оф-топик. Отворете нова тема, можеби нешто за контролата на родителите над децата, нешто во таа насока, ама овде дефинитивно не е местото за тоа.
Либералност без контрола и граница е еднакво на стриктна конзервативност...и двете не се во ред. Особено што зборуваме за млади индивидуи по 18 години, кои до вчера биле деца (а повеќето уште се во тие години). Настрана фактот дека ги губиме моралните вредности, елеганција, достоинство, не сакате sexualizing а од друга страна тоа го нудите..како лесно го замерувате психолошкиот фактор за тоа како се оваа индустрија може да влијае врз лицето, особено толку младо... И не само за оваа тема воглавно се помалку мозокот се користи а се повеќе телото..жално е да се гледа каде цели човекот..
Ќе се фокусирам на цитатот. Не е илузија. Се е продукт на направени избори и дејствиа спрема тој избор. И конкретно за втората реченица, не зборуваме за порно индустрија, а за продавање експлицитни материјали. Тука тој што продава далеку е од тоа да нема бенефити, најмалку финансии како највежен бенефит. Друго што може и да има? Нема директен контакт, (не)задоволството е лично и субјективно. Хејт и осуди се фиидбек кој го добиваш така или инаку, ама тоа секаде го има, соу...
Да знам, малце повеќе зборам за проститутки и порнографија, ама сметам дека ОФ произлегува од тоа и спаѓа тука и не можам да ги одделам кога зборувам, затоа што корените се тие, се знае кој има бенефит и кому штети, така да се држам на тоа.
Затоа адресирам, затоа што иако Онли фенс е во таа сфера, има разлика. И за мене таа ралика ја прави платформата океј. Јер сега ние тука на интернет губиме време со полемики, во темата "Со кој би имале секс?" се лепат секакви слики кои се по нетов за без пари, и сите сме големи моралисти. Ама ако некој користи платфрома и ги наплаќа тие слики, и го дрви таму и реално го уновчува тоа- пффф, каков безсрамник/чка.
Ама БАШ така функционира. Или продаваш тело или мозок за да заработиш. Некогаш и двете. Еве на Адријана Лима телото и е средство за правење пари. Па била невина до 27 ( бар така тврдеше во интервјуа) Малава од околу кажа дека за вистинска сума би направила и повеќе од фотка. Нејзино си е . Јас ли ќе ја мислам и плукам? Можеби дека живеам во земја со легална проституција, либерте сум за ова, и не , не мислам дека родителите се секогаш криви. Некогаш само.
Многу сум против заработување пари со продавање на своето тело, без разлика со слики или давање сексуални услуги. Најгнасни во цела приказна ми се тие што плаќаат за вакви работи и поради кои опстојуваат вакви "типови на бизнис". Да ги немаше тие манијаци, немаше ни да има ваков проблем. Како идна мајка на ќерка исплашена сум многу од вакво нешто. Не би ми било сеедно ќерка ми да работи нешто вакво, ни би ја поддржала. Се надевам дека со правилно воспитување од мала нема да имам ваков проблем. Општеството станува се поопасно, воопшто не ми се допаѓа овој нов начин на модерен живот, воздигнување на вакви професии и ставање на неморалот на пиедестал.