И што ако е нејзин избор да се слика гола? Да не ви дава тоа повеќе право да ја навредувате? Без разлика дали е некој избор во животот или игра на судбината, никогаш не треба да осудуваме зошто не знаеме како е да бидеш во чевлите на тој другиот.
Тоа ми дава право да имам сопствено мислење. Или треба се што постои на планетава, за да не се најде некој навреден да го поддржуваме. Не ја осудив неа лично, туку ги осудувам постапките на целокупната младина за да дојде до пари на таков начин. Не пробувај да внесеш емоција за овој тип на заработка, те молам. Каква сака судбина нека е во прашање, телото никогаш не треба да си го продаваш.
А чекај, тоа неа треба да ја засега? Таа нуди услуги во вид на експл. фотографии, за определена сума пари. Се надвор од тоа, ама воопшто не треба да ја засега. Ни дали имаат жена/маж, ни дали им готви дома, ни дали се во добри или лоши односи… и сл.
Моја ќерка или син да почне да си го продава телото за пари, или фотографии од својот полов орган, вината ќе ја барам во мене. Каде јас сум згрешила при нивното воспитување. Сега немам деца, дај Боже еден ден ќе имам. Не, не сакам моите деца да имаат врска со ова. Има многу други професии кои можат да ги одберат, а ова јас не го гледам како професија, туку како лесно да дојдете до пари. Девојката во видеото вели јас сум паметна бидејќи заработувам лесно. Точно, заработува лесно. Ќе се избања, ќе се избриче, ќе се слика 5-6 пати и ете ја дневницата од 50€. Пример ова, на некои не им иде така лесно. Него, некој што влезил во овие води почнало прво со слики полуголи, па целосно голи. Ама не завршува овде. Штом не и е "проблем" да се слика гола, нема да и е проблем да смима и порно за некои 1000€ (демек некој толку ќе и даде како што кажува ми нудат илјадници евра) и замислете што!!!!! Таа ќе има + 800€ на својата девизна сметка уау. Океј минат 10 години, таа почнува да снима порно, едно друго трето пето, стануваат 20 порна, 30, па 40... нејзините родители нема да бидат вечно живо, а тешко дека ќе си најде животен сопатник со таква професија. можеби сум заостаната за ова тема, ама никогаш не би менувала љубов, семејство, дом за да имам пари и утре да бидам сама без никој и единствена занимација да ми е да ме плескаат за да имам пари. Големото чудо се плеснала за пари што нема ни со кој да ги сподели утре.
Како не сфаќате дека тука станува збор за МЛАДИ девојки, кои уште се во тек на развој и созревање...Една грешка може цел живот да им го уништи. Да не зборуваме за психолошкиот ефект.. ризиците, ниска безбедност.Млади девојки кои до вчера деца биле и можеби сеуште не знаат точни одлукаи да донесат. Божем има 18 години полнолетна е што сака ќе прави а да имаше 16,17 ќе кукавте како педофилија се шири...
Експерти сте за извртување муабети и читање и пишување на она што ви одговара. Никој не пропагира тука дека секој за заработка треба да отвори експлицитен Onlyfans профил. Никој не пропагира родителите да им купат Ајфони на децата за да снимаат на оваа платформа. Никој не пропагира дека единствената кариера што треба да ја има некој, треба да е изградена на оваа платформа. Некој го осудува овој начин за заработка. Некој не го осудува овој начин за заработка. Нормално е да имате поделени мислења. Ама не значи дека ако не го осудува дека, тој/таа ќе отвори профил и ќе снима/слика, не значи дека ќе сугерира на сопствено дете да отвори профил, не значи дека ќе пропагира отварање на профили. Едноставно остава индивидуата да си одлучува сама за себе, бидејќи секој си одговара за своите постапки и одлуки во животот. Нема потреби од наверди и претпоставки ни за луѓето што се занимаваат со ова, ниту за нивните семејства. Без разлика какво е вашето мислење за Onlyfans, платформата постои и е реалност. Родителите треба да бидат запознаени со ова и да ги едуцираат децата, затоа што профил може да се отвори на 18 години, а дете на 18 години ќе гледа видеа од вакви интервјуа и ќе мисли се е розово и супер начин за заработка. Бидејќи факт е дека повеќе негативни страни има од позитивни. И за крај sex workers постоеле, постојат и ќе постојат. Оваа професија никогаш нема да биде искоренета.
Јас не внесувам, и јас не би го правела истото и да немам за леб ама види има секакви случаи и не сите исто размислуваат. Имав другарка која одеше по слични патишта од некои причини и знам дека не и беше нити лесно нити сакаше свесно да го прави тоа. Затоа викам “секоја планина со својата тежина“, повеќе едукација на младите и помалку навредување макар и на јавен форум каде никој не ве знае.
Аха мисли си ти дека ќе ги поддржат, остај муабетите тука, форумот и реалниот живот се две различни нешта. Инаку секоја работа си има предности и недостатоци, добивка и ризик, повеќе и помалку ценети професии, така било така и ќе биде.
Исто така ако наполнила 18 не значи дека сите клетки во мозокот и се на место. Не оди тоа еј 18 сум и одма созрева. Многу се споредуваме со Америка а може само да ја сонуваме. 1. Младите во Америка имаат парт тајм џоб уште од 14 години, нормално имаат пари да си купат работи што се во тренд од она ТикТок глупостите. Е кај нас не е така, ама сакаме и ние да сме во тренд а за тоа требаат пари. Нај лесно е да се сликаме или да се плесниме? 2. Овој тренд во Америка ако е развиен, кај нас нема да се развие ни за 30 години. Зошто? Во Америка никој на никој не му е гајле, роднини меѓусебно не си живеат, комшии врата до врата здраво не си викаат. Тука еден Х цел град те знае, да не зборам за село. Каква иднина има оваа девојка во Македонија после оваа одбрана "професија"?
+ уште една работа. Дали сакате утре вашиот син да донесе дома девојка (снаа), а да знаете дека вашиот маж, сите роднини, и сите гости на свадбата ја имаат видено гола на слики и видеа како се ебе со други?
1 Не знам колку е законски регулирано во мк да се работи од 14. Од 16 можеби. Во кафич веројатно или флаери делење ќе најдат работа. Мене и на факс родителите не ме пуштаа да работам ( ми велеа : учи, ние ќе ти даваме пари) не дека имав време тогаш од книгите и целодневни предавања и вежби, ама ај. Единствени студенти што ги знаев што работат беа некои влезени во невладини каде се переа многу пари ( војната беше тогаш). Некои оставаа факс за да работат во Браун и Рут за 1-2-3 илјади долари што во тоа време беше пара. 2. Америка е широк поим. На порно и онли фанс звездите им одговара да ги знаат а не да не ги знаат.
Подобро ќе се закопам отколку да си дозволам цел Твитер, Инстаграм и Фејсбук да го видат моето тело, каде што профил имаат и мајка ми и татко ми, дедовците, бабите, сите вујковци, стрини, тетки, чичковци и братучеди. и Ким се плесна скришум демек, ама сеа на сите сајтови ја има за без пари. Гола слика на дечко не би пратила, не па на непознати дедиња
Ама чекај сега. Слики во бикини важат така? Слики од голи деца важат? 90% ги ставаат на профилна и кавер пиштол голи децава од плажа. Ама ова е проблем.
Не зборувам за бикини, зборувам за порнографија. Девојката сама кажа дека сликите од ОФ каде е скрос гола и ги објавиле, исто видеото од порно во доги и го објавиле на твитер.
Тие што се претплатени ги препраќаат сликите, на твитер има и видеа и слики од неа што ги имаат објавено. Или прашај некој од помладите сигурно ги имаат. Сите ја имаат видено. Ја не би седела на маса да ручам со татко ми и дедо ми што ми ја виделе дундата на ФБ некој што ми ја објавил.
На твитер може nudes, но на другиве мрежи забрането е. Ете јас кога го гуглам нејзиното име нема никакви голи слики.